Зошто навистина на модерниот возрасен маж би му требала жена?
Готвење дома? Рестораните ја презедоа таа задача а и ергените до толку се извештија во кулинарството што жените нема шанси да ги достигнат тие кулинарски висини.
Миење садови? Машина има за тоа.
Перење алишта? Машина има и за тоа.
Раѓање и чување деца? Денешниве потенцијални родилки одбиваат да раѓаат.
Секс? Едно време беа само за тоа, сега ни за тоа не се, сто девојки од твојот град бркаат исти пет фраери. Шестиот и останатите ќе легнат некоја од нив на сФети НикаТ.
Феминистиците пења на уста фатија со риби и точаци. А другата страна на медалот? Вие на нас женички ама баш за ништо не ни требате.
На прашањето "Зошто на модерен маж му е потребна жена" не се одговара со обавези што таа може да ги превземи. Од поголема важност е дали сака да превземи некои целосно во замена за останатите да не ги извршува 90% од тоа што е потребно (10% за исклучоци и важи за двата партнери истиот размер 90/10).
Бројките се илустративни, тие зависат од самите партнери. Нема точни и грешни.
Партнерот (М/Ж) не е само за обавезите,
и ако нивната поделба е со соодветна важност. Која е помала од тоа што била во минатото поради напредокот во технологијата. За ова ќе зборувам подоцна.
Потребата од партнерот е за животен сопатник. На човекот длабока врска со друг човек, не му штети (кога не е злоупотребена). Таа му го подобрува животот на некој начин.Посебно онаа помеѓу маш и жена. Секоја ваква поврзаност има свој придобивки, но ниедна не е со истите придобивки (се мисли на близок пријател, сестра, брат).
Чуство на прифатеност, подобра безбедност во секоја смисла и намаленост или непостоење на чуството на осаменост се само некои. Да, има и други начини овие чуства да се постигнат, но нема да биде исто.
За мнозинството на луѓе во општеството нужно е да живеат со сопатник (сопатник ако имале среќа). Економските причини за нив се доволни за да живеат заедно, оти животот што можат поединечно не е привлечен(во многу држави во ЕУ има даночни ослободувања за тие што се во брак. што значи тоа за бракот е прашање за на друга тема). И во ЕУ тие со ниски примања неможат да си дозволат пристоен живот (што е тоа ,е за во друга тема).
На маж му е потребна жена (и маж на жена) за да има подобар и исполнет живот(деца или само придобивките од соживотот). Секоја личност сама за себе одлучува како изгледа тој исполнет и добар живот. Затоа не секој ќе се согласи со моево мислење. Тие што имаат алтернатива на моево гледиште нека споделат.
Скратено Маж и жена се меѓусебно потребни не за тоа што можат сами, туку што можат заедно.
За обврските во домот, кој што мислам премногу се драматизира.
Секоја личност мора да е способна да се одржува себеси (готви, пере, чисти).
Личноста што ова го може има развиено рутина за како да си ја олесни работата.
Технологијата тоа го олеснува многу, повеќе од доволно за да се посвети вниманије на нивната поделба.
На тема Феминисти (м и ж) треба да се разговара во одделот Историја на форумов. Затоа што мнозинството имаат повеќе заедничко со Крстоносните војници. Со вистинските феминисти може да се има конструктива дебата, без да добиеш впечаток дека разговараш со фанатик.