Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Годишно може да си и во минус, на подолг период и над 10%.
Гледам и не исплаќаат дивиденда, мислам по паметно е да купам нешто од мсе па што биде биде.... [emoji849] ако треба да ме боли глава за во 3 годишен рок да остварам 10 посто..... паметно е да побарам финансиски советник? И дали и каде има таква услуга и колку кошта? Денеска прашав 1 брокер дали би можеле да ме советуваат при избор, се согласија. Ама незнам дали се доволно стручни и дали можам да им верувам?

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
Немам искуство со финансиски советници, а и чисто се сомневам дека има што навистина разбираат/имаат инфо а се расправаат со мали клиенти.
 
Бидејќи су делумно нов во светот на инвестирање, (МСЕ имам ситни инвестиции направено) би сакал да инвестирам во некои од светските компании па ме интересира дали горе цитираното е тоа што е потребно за да можеш сам да купуваш/продаваш акции?Исто така може некој да објасни како да се инвестира во фондови од типот на SP500, и дали нашиве WVP и Generali се сосема во ред за фондовското инвестирање или преку интерактив брокерс е “подобро“, доколу некој одговори, фала му :pijani:
Да, ако отвориш акаунт на Interactive Brokers, имаш опција да тргуваш и индивидуални компании, како и фондови од тип SP500. Конкретно ако сакаш да инвестираш во SP500 преку Interactive Brokers, само најди го во search фондот под име VOO, и купи си удел колку сакаш.

Во врска со македонскиве фондови, јас лично не ги препорачувам заради огромни провизии. Да, најлесно е да се почне со нив, ама имаат огромни влезни и годишни провизии кои ќе ти го јадат ќарот, и кога ќе удриш математика низ повеќе години, огромен процент од добивката им ја даваш во провизии. За разлика од нив, Interactive Brokers ти земаат само $1 од трансакција, и не наплаќаат никаква месечна/годишна провизија за сметката, така да скоро бесплатно искача. Единствен реален трошок ти е Swift провизијата која банката ќе ти ја земе при префрлањето на парите на сметка, ама пак е многу помалку од тоа што македонските фондови ќе ти го наплатат.
 
Нели може само преку европските еквиваленти на овие фондови да купуваме на пример VUAA или VUSA или јас грешно имам разбрано?:unsure:
 
Сакам да купам акции. Како иде постапката и исплатата?
Колку и каде е најсигурно за вложување?
 
Прашањево не е за оваа тема, но сите овде ве сметам за финансиски најписмени.

Што мислите за животно осигурување, класично животно (евентуално со вклучено осигурување на незгоди или тешки болести), без никакви комбинации во фондови итн...?

Кое животно би препорачале?

Фала однапред!
 
Сакам да купам акции. Како иде постапката и исплатата?
Колку и каде е најсигурно за вложување?
Во моментов со најмали брокерски трошоци, преку Интерактив Брокерс. Правиш акаунт на апликацијата, им најавуваш колку пари сакаш да правиш депозит, ти враќаат документ со податоци за банка и тн, одиш во банката во мк и префрлаш. Ако се вратиш наназад низ темата ќе видиш инфо кои документи ги имаме доставувано во различни мк банки при трансакциите.

А ако најдеш каде е најсигурно, пиши на темава, сите до еден ја чекаме таа информација :D

Основното правило на берза е - инвестирај со пари што можеш да ги прежалиш.
 
Сакам да купам акции. Како иде постапката и исплатата?
Колку и каде е најсигурно за вложување?

Погоре ги спомнаа Interactive Brokers, а можеш да ги провериш и Trading212 - прифаќаат регистрација од Македонија, а за разлика од Interactive Brokers имаат можност за отварање сметка во повеќе валути. Тоа ти овозможува на секоја берза да тргуваш во оригиналната валута (на американска во USD, на англиска во GBP и да избегнеш трошоци за конверзии). Trading212 не наплаќаат провизии и функционираат беспрекорно. Средствата со кои тргуваш и акциите што ги имаш се осигурени во Велика Британија (до износ од 80.000 фунти).

Што се однесува до избор на акции и советници за инвестирање, за жал некои од брокерите овде, советуваат во сопствена корист, т.е. за да ти увалат нешто што тие го продаваат. Има странски онлајн советници. Еден што го открив и го користам месецов е

Се претплаќаш за 12 долари месечно или 120 годишно (јас сум на месечно, затоа што сакам прво да ги пробам) и секоја среда објавуваат една препорака (акција) од американската берза, за која мислат дека е добро да се купи во тој момент, со краток опис на фирмата, финансиска состојба, потенцијален ризик итн. Овие неколку недели дознав за компании што не сум ни знаел дека постојат, а имаат огромен потенцијал за раст. Сите знаат за Apple, Nvidia, Alphabet, ама ако сега инвестираш во нив, прпфитот ќе ти биде како на македонска берза, затоа што веќе се преголеми и прескапи. Овие што ги препорачуваат FF се некои од идните големи компании што би требало да ти донесат одличен профит и на краток, а уште повеќе на подолг рок.
 
Имате ли некој уплаќано евра допозит на Interactive Brokers?

Начинов за уплаќање на евра е Bank Transfer/SEPA (не е Bank Wire како за долари). Во НЛБ банка ми рекоа дека Македонија не е дел од SEPA системот и можело Interactive Brokers да ми ги врати парите назад.
 
Имаме, тоа е Bank Transfer во евра. Знае IB дека си од Македонија, кога ќе пријавиш дека ќе направиш депозит од Македонија ќе ти даде инструкции за SWIFT трансфер (дека нема SEPA за нас).
 
За тие што имаат купено удели во ирски ЕТФ што дели дивиденди, дали УЈП ви зема +5% или 0% ?
не ми се баш најјасни договориве за двојно-оданочување во делот најмалку 25% застапеност во фондот, пензиски фонд, блабла.. :D
 
Сакав да споделам искуство со вадење пари од ИБКР. Во НЛБ сум, продадов акции, и повлеков пари. Стигнаа за 3 дена. Неверни Тома, сакав да се уверам дали функционира.
Во банка ми побараа скриншот од најавата на ИБКР, договорот и од transaction history доказ дека ми пуштиле пари. Ги одобрија парите, на сметка се, меѓутоа недостасуваат 6 долари или те 20 %.
НЛБ вика дека они не наплаќаат провизија. ИБКР вика дека ни они не наплаќаат за еднаш во месецот, тогаш најверојатно завршиле кај посредничката банка.
 
Некој да има инвестирано во ураниум, мислења?
Во Јуни ја гледав CCJ, ама искрено не ја познавам толку оваа индустрија и ги прескокнав, ама по се изгледа дека се зезнав, тогаш варираше од 31-32 а сега е отидена над 36. По тоа што читам на интернет се доста оптимисти за оваа индустрија во наредни 3-5 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom