Ако не знаете што се финастерид и миноксидил напрајте едно истражување па вратете се на темата.
Или читајате ја темава од старт, се е објаснето.
Ако знаете, тогаш би требало да ги знаете и последиците од нив. Тоа како за вовед.
Е сега, како единствени докажани третмани против ќелавост, докториве за трансплатација nowadays многу умешно прикриваат дека треба да пиете финастерид (за да не ве одвратат поради нус ефектите и да ви ги земат паричките )за да го спречите ДХТ хормонот да го уништи остатокот од вашата природна коса.
На пример, доколку пресадувате напред кај залистоци и hairline, доколку не пиете блокатор на ДХТ хормон, останатиот дел од вашата коса ке продолжи да се повлекува наназад и или ќе остане само пресадената коса, или и таа ке отиде заедно со преостанатата коса.
Во зависност од колку агресивна алопециа имате, може да биде година две, максимум 3-5.
Направете истражување за пресадување без финастерид конкретно и видете ги последиците по некоја година.
Испрашајте ги докторите пред да пресадувате, гледам зема замав пресадувањево на велико ама дечкичиве што се пресадуваат абер немаат што значи финастерид а не пак да пијат.
П.С. Не постои алтернатива на финастерид. За жал.