Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе апсолутно ништо не се знае со човеков, зачудувачки ниту он ниту Реал не потегнаа озбилно за трансфер летово откако ПСЖ официјално соопшти дека Мбапе е ставен на продажба.
Можно е да има вистина во муабетите дека има договор за 2024 иако веќе во апсолутно ништо не верувам кога станува збор за Мбапе и Реал, зашто нема крај нема да ме чуди во текот на сезонава и да го продолжи договорот со ПСЖ.

Трансфер сагава колку и да заврши за летово, драмата со Мбапе мислам дека тек ќе почне.
Сеа ќе има тегнење со судови и глупости, поготово ако ПСЖ одлучи да не го игра цела сезона и да го седи на клупа за кое што имаат потполно право.
Од друга страна до 01.09.2023 смеат да го држат да не тренира со првиот тим, отпосле мора да го вратат да тренира со сите играчи иначе ќе има право да си го раскине договорот без оштетување. Башка што после септември ќе лапне уште еден бонус за лојалност од 60 милиони евра.

Види се сложувам дека не е авторитет и лидер во замислата на тоа како јас и ти гледаме авторитет и лидер кај еден играч.
Не е вокален, не е к'не да гриза, да се кошка, кога ќе примат гол да ги мотивира за пресврт.. ама па, и Бензема не беше таков, Левандовски не е таков карактер али не значи дека не се авторитети и лидери на терен.
Кејн е капитен на репрезентација на Англија, исто и капитен во клубот каде што игра.

3-4 Бундес лиги и не е така лошо за еден професионалн играч, да, се сложувам дека најдобрите години си ги потроши во Тотенхем ама да не потпаѓаме на клубите муабети на англиските пандити од типот на Карагер, Невил и Мика Ричардс дека срушен рекорд во голови во Премиер Лига е побитна работа од освојување на клубски титули.

---

Иначе со голманскава ситуација на Реал, многу попаметно ќе им биде место Де Геа да пробаат да го земат Боно од Севиља или зашто па да не Димитриевски Столе?
Се се знае за Мбапе, и тоа многу убаво се знае. Сака да си игра кур со Реал Мадрид, со Перез, до навивачите и да ги искористи за подобар договор со ПСЖ.

Го одби Реал 2017 откако се беше договорено со Монако за да помогнел на ПСЖ да ја освои првата титула во ЛШ, прав парижанец. Го одби Реал 2021. Лани ги направи обични кловнови Перез и ХАС, предмет на заебанција стана клубот на само неколку денови пред финалето во ЛШ, откако господинот направил усмен договор со двата клуба.

Еве и оваа година решил да се пушти на најјако. Да си ги собере бонусите оваа сезона, па ако не бидне догодина трансферот за без пари здравје таму 2030 ке му се оствари сонот да заигра за Реал.

Сами наивни и слепи уште веруваат дека ова лигле ке облече дрес од Реал. И Перез, пошто не може да преболи дека некој играч ко одбил.
---------
Зошто е попаметно Боно место Де Геа? Да плаќаат пак за трансфер место Де Геа кој е без клуб. Голман кој нема да брани 1 месец заради Афрички куп. Заради неколку компилации на ТикТок и Твитер. Чим така нека се пакува Столе и право во Мадрид.
 
Да ми кажеше некој дека ке има битка меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен за Кепа ...

 
Демек слаб е Де Геа, Боно Вокс од У2 е подобар? Дај приберете се, не се бламирајте.
Абе види, истото прашање можеш да си го поставиш и на самиот себе.
Ако не е слаб Де Геа зашто тогаш Јунајтед не му го продолжи договорот и тргна по нов голман?

Не знам како ги проценуваш играчите, меѓутоа јас не зборам за кој бил подобар голман општо во неговата кариера.
На Де Геа времето му помина, толку е, еве сеа може ќе има шанса поради сплет на околности да брани во врвен клуб, меѓутоа да не беше повредата на Куртоа и на Реал очајно да му треба голман на 2 дена пред почеток на сезона, следна дестинација ќе му беше пензија, Америка или Саудиска Арабија.

Боно во моментов е многу подобар голман од Де Геа, значи пази, зборам за во моментов.
И тоа не е ништо срамно да се каже или признае, Боно имаше одлична сезона, одлично СП и во моментов може многу повеќе да придонесе од Де Геа.

За Кепа не ми се ни коментира, душава ми заигрува и ми се растревожува секој пат кога ќе ги прочитам зборовите Реал Мадрид и Кепа во иста реченица.
 
Тоа што сме 10ти август и Де Геа е се уште без клуб доволно говори за тоа колку го ценат сериозните клубови низ Европа.

А и веројатно има астрономски барања за плата, тотално не вреди да се ризикува со него.
 
Тоа што сме 10ти август и Де Геа е се уште без клуб доволно говори за колку го ценат сериозните клубови низ Европа.

А и веројатно има астрономски барања за плата, тотално не вреди да се ризикува со него.


Само што тргнав тоа да му одговорам на генијалецот.

Доволно индикативно е тоа што Реал Мадрид и Баерн Минхен се подготвени да платат за Кепа, а Де Геа како слободен играч во моментов е без ангажман.

Клубот каде што е легенда безобразно го откачи и плати 50+ милиони за нов голман, ама ние треба да веруваме дека Де Геа е оној од пред 10 години. Сигурно.

Верувам дека сакаат екипите и тренерите кога голманите им се закопани во земја и не знаат да бекнат со нога. Можеби и тука се крие одговорот.
 
Каква кариера би било тоа, најспак трансфер на голман во историјата, Челзи, ЛШ трофеј, па во кралски клуб. Де Шиљо гомна да јаде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom