Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Член од
12 јануари 2022
Мислења
652
Поени од реакции
1.325
А кој ја плаќа цената за таа енергија од соларните паркови? По пазарна цена е или државата ги субвенционира...
По пазарна с изклјучок на тија што са во дејствие од преди 2008. Пазарната цена летово барем во Бг е многу ниска 70-80€/Мвч. и е неизплатлива. Имам дозвола за 1 Мвч. но се чудим. За да е нормално изплатлива инвестицијата, цената на тока не треба да е под 100€ за Мвч
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
https://off.net.mk/vesti/mislenja/noviot-bog-klimatskite-promeni

Новиот Бог- климатските промени

5 август 2023 - 14:51

Короната веќе не е ин, сега најдоа нова религија. Климатските промени. Нешто толку тривијално и јасно за секое дете. Климата се менува откако постои Земјата. Но сега ние ќе испаднеме паметни ако секој ден нагласуваме дека климата се менува. Имате бонус поени ако „негаторите“ ги обвините дека ги загрозуваат вашите деца или ја повикате владата да забрани туширање или возење кола.



Урагански ветар, каков што не се сеќаваме на нашите простори, ја погоди континентална Хрватска, нанесе голема штета и однесе четири животи. Вистинска природна катастрофа. Ова беше поттик за дежурните паничари во медиумите и политиката повторно да го побараат она што секогаш и постојано го бараат - поголема државна контрола, повеќе јавни трошења и осиромашување на населението.

Многумина тоа го сфатија како можност да ги изразат своите доблести на коронашки начин, а ние знаеме како се прави тоа - ќе измислиш непостоечки непријатели и ќе ги обвиниш за загрозување на животите на вашите најблиски. Овој пат добар пример сигнализираше уредникот на Вечерњи лист.



За каков лик и дело станува збор, доволно е да потсетиме дека тоа е човекот кој во 2020 година ја водеше жестоката кампања на Вечерњи против Шведска и Швеѓаните, кога ги обвини Швеѓаните дека ги убиваат своите стари луѓе со морфиум затоа што штедат на кислород. Шведска уште долго беше во неговиот фокус, па трипати ја објави веста (?!) дека Шведска воведува карантин, иако тоа никогаш не се случи.

Маркас и неговите колеги од Вечерњи лист никогаш не ги корегираа дезинформациите што редовно ги објавуваат, ниту пак почувствуваа потреба јавно да им се извинат на читателите. Тоа значи дека нивното дезинформирање на јавноста не е случајно и ненамерно, тоа е модус операнди.

Човекот тоа го прави за живот. Замислете го вие тоа. Некој да те праша што работиш за живеење, но мораш да одговориш искрено, па мораш да кажеш: „Знаеш, јас сум уредник, платен сум да манипулирам и да лажам“. Добро тогаш, можеби некому правиш услуга. Дали твојата дезинформација е корисна за некого? „Па... да, корисна е за владата - онаа во Брисел и онаа во Загреб. Затоа нè плаќаат, да шириме тегобност и паника. Кога луѓето се во страв и паника, тогаш политичарите можат полесно да проневерат милијарди евра, како што го правеа додека ги плашевме луѓето со корона“.

Значи, човекот им е корисен на Пленковиќ и на Урсула. Не е тоа ништо необично, има уште такви, но навистина е слатко кога ваквите ликови, кои буквално живеат од ширење страв и паника, ќе почнат да обвинуваат некој друг дека им ги загрозува животите на нивните деца.

Не знаеме кои се овие луѓе кои ги негираат климатските промени кои Маркас ги нападна во својот твит. Јас лично не сум наишол на таков човек. И да постојат некаде такви поединци, тие се крајно небитни, како рамноземјашите. На кој начи таков поединец би можел да го загрози животот на децата и на идните внуци на Маркас, тоа би било логично прашање - кога би знаеле дека тој е разумен човек. Но бидејќи знаеме кој е Маркас, што работи и што има објавено досега, ваквите прашања се излишни. Знаеме дека треска глупости и измислува.

Многу полесно би било да се поврзе тој и другите уредници на медиумските портали, кои објавуваат по стотина „вести“ дневно со намера да шират вознемиреност и паника, со илјадници смртни случаи во Хрватска. Дури и во времето на короната, анксиозноста беше на самиот врв на коморбидитети.

Но, ним не им е гајле за тоа. Короната веќе не е ин, сега најдоа нова религија. Климатските промени. Нешто толку тривијално и јасно за секое дете. Климата се менува откако постои Земјата. Но, еј, сега ние ќе испаднеме паметни и добри ако секој ден нагласуваме дека климата се менува. Дополнителни поени добивате ако ги спомнете грозните „негатори“ на климатските промени и ги обвините дека ги загрозуваат вашите деца. Уште дополнителни поени добивате ако ја повикате владата да воведе некои мерки, на пример да им забрани на луѓето да се тушираат или да возат кола, што и да е. А највисоко ниво се секако кампови за непослушните.

Сето тоа веќе го имаме видено. Коронашите продолжуваат со истата реторика и жестокост, само го сменија богот или предметот на нивната квази-религија. Се префрлија од вируси на клима. Не се прославија баш со спречување на вирусот. Баш да видиме како ќе им оди да ја сопрат природата.

Марио Накиќ

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352

...06.08.2016 поплавата во Стајковци која од само еден огромен облак истури вода 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови, околу илјада граѓани биле евакуирани во текот на ноќта, никој не понесе одговорност за петте институции кои затаија во тие моменти.

... и сега наголемо промовирање на нови климатски промени во правец на „глобално затоплување“ на што вакво лето со падови на температура со врнежи?

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.278
проблем е што народов има мозок како златна рипка па можеш да го манипулираш како сакаш и нормални природни процеси да ги претставиш како трагедии. Увек ќе има sheeple за контрола.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
Глобалново „затоплување“ кое по најново го нарекуваат „вриење“...

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Се е исто како со Короната...
Огромна бирократија, а со тоа следи огромна корупција, која целосно ја корумпира науката. Во суштина ако сакаат пари научниците во моментов, единствен начин е да се согласуваат со Климатските промени иако тоа можеби не е научно точно, како што излегло во случајот со научникот Џудит Кари која ги испитувала ураганите.

Scientist admits the ‘overwhelming consensus’ on the climate change crisis is ‘manufactured’
We are told climate change is a crisis, and that there is an “overwhelming scientific consensus.”
“It’s a manufactured consensus,” climate scientist Judith Curry tells me.
She says scientists have an incentive to exaggerate risk to pursue “fame and fortune.”
She knows about that because she once spread alarm about climate change.

Media loved her when she published a study that seemed to show a dramatic increase in hurricane intensity.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Се е исто како со Короната...
Огромна бирократија, а со тоа следи огромна корупција, која целосно ја корумпира науката. Во суштина ако сакаат пари научниците во моментов, единствен начин е да се согласуваат со Климатските промени иако тоа можеби не е научно точно, како што излегло во случајот со научникот Џудит Кари која ги испитувала ураганите.

Scientist admits the ‘overwhelming consensus’ on the climate change crisis is ‘manufactured’
We are told climate change is a crisis, and that there is an “overwhelming scientific consensus.”
“It’s a manufactured consensus,” climate scientist Judith Curry tells me.
She says scientists have an incentive to exaggerate risk to pursue “fame and fortune.”
She knows about that because she once spread alarm about climate change.

Media loved her when she published a study that seemed to show a dramatic increase in hurricane intensity.
Повели на македонски јазик.

https://off.net.mk/vesti/razno/fabrikuvaniot-konsenzus-za-klimata-ja-ubi-debatata

Фабрикуваниот консензус за климата ја уби дебатата

10 август 2023 - 12:18

Климатски научник вели дека фамозниот „консензус околу човековиот учинок за климатските промени“ е фабрициран и дека на многу инволвирани истражувачи им одговара ширење на паниката, и во поглед на медиумската слава и во поглед на финансирањето на проектите. Го знае тоа таа бидејќи и самата била една од нив.



Многупати ни е кажано дека климатските промени се вистинска криза и дека за тоа постои „убедливо широк научен консензус“.

„ Тоа е фабрификуван консензус “, вели климатскиот научник Џудит Кари за Њујорк пост.

Вели дека научниците се мотивирани да го преувеличуваат ризикот заради „слава и богатство“. Таа тоа знае за тоа затоа што едно време и самата беше една од оние што ширеше тревога за климатските промени.

Кари доживеа медиумска слава кога масовно беше цитирана нејзината студија која сугерираше драматично зголемување на интензитетот на ураганите.

„ Откривме дека процентот на ураганите од категорија 4 и 5 е двојно зголемен “, објаснува Кари. „ Ова беше масовно прифатено од медиумите, а климатските алармисти сфатија: „ Ете како се прави тоа: поврзи ги екстремните временски настани со глобалното затоплување! “

„ Значи, хистеријата е и твое дело “, ѝ рекол новинарот. „ Не баш, медиумите тоа секако немаше да го пропуштат “, вели таа.

Групите за екологија и климатски промени почнале да ја третираат како рок ѕвезда, летала насекаде да се среќава со разно-разни политичари, но таа сепак е научник па продолжила да истражува, за да сфати дека некои од критичарите на нејзината студија сепак биле во право.

„ Имаа поента. Дел од податоците беа лоши “ вели таа но потсетува дека други климатски научници не се толку отворени за критика.



Во поддршка на посакуваниот наратив се кријат податоци, се игнорираат законите за достапност на податоци, се врши притисок брз медиумски уредници да откажуваат соработници кои не се вклопуваат во приказната.

Тврди дека производството на консензусот започнало со еко-програмата на ОН односно нивниот Меѓувладин панел за климатски промени по што националните агенции за финансирање ги насочиле парите кајшто треба а истражувачите брзо сфатиле дека најбрзо се доаѓа до финансии ако се работи за алармантни тврдења за „климатски промени предизвикани од човекот“.

Дури и ако некој скептик добил средства, тешко е да добие публицитет бидејќи уредниците на релевантните списанија се алармисти.

„ Времето за дебати заврши “, поразително констатира Кари.



************

Види и:

Култот на климатската апокалипса

Приказна за еко-овчарчето и климатскиот волк
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
...за тоа постои „убедливо широк научен консензус“.
Ова е една до главните алатки за ширење на наратива и убивање на секаков озбилен академски отпор. „Разбудените“ го шиканираат и на лична основа го уништуваат секој научник што јавно ќе изрази несогласување. „Канцелирање“, така го нарекуваат актот. Има безброј примери, научници што јавно кажале нешто против наративата завршиле со уништени кариери.

Вака не е само за агендата окулу климата, туку така е и за сите други контроверзни моменти каде се има интерес за буткање на одредена наратива: ГМО, фракинг, љгбтп ака реафирмација на ментални болести, итн. Итн, итн...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Швеѓаните или нивната влада е дефинитивно една од поразумните на планетава. И со короната и со климатските промени, и со имигрантите, едноставно не туркаат ѕид со глава.

Шведска ќе гради 10 нови нуклеарки.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Швеѓаните или нивната влада е дефинитивно една од поразумните на планетава. И со короната и со климатските промени, и со имигрантите, едноставно не туркаат ѕид со глава.

Шведска ќе гради 10 нови нуклеарки.

Не ги урочувај сега, и расипан часовник покажува точно време два пати во едно деноноќие.

Швеѓаните исто како и буквално секој друг народ на планетава - повели именувај исклучок - боледуваат од бројни болести за кои им треба терапија, почнувајќи од нерегулираната и неконтролираната имиграција, прикривањето и заташкувањето на злосторства извршувани од страна на имигранти, а завршувајќи со нивната илузија дека иднината на човештвото е во безготовинско општество.

Еве една од бројните болести за кои им треба терапија.

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Крајбрежните ветерници ги убиваат китовите...

 
Член од
20 април 2023
Мислења
988
Поени од реакции
2.430
проблем е што народов има мозок како златна рипка па можеш да го манипулираш како сакаш и нормални природни процеси да ги претставиш како трагедии. Увек ќе има sheeple за контрола.
me terash da ti baram niz istorijata na 21k oblozeni_so_glupavost_no_i_malku_intelegencija postovi na tema korona
neli ti e jeza sam da se vregjash
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
me terash da ti baram niz istorijata na 21k oblozeni_so_glupavost_no_i_malku_intelegencija postovi na tema korona
neli ti e jeza sam da se vregjash
Нема ништо лошо во тоа што Ронче целофанче почнува да сфаќа дека системот не јебе како сака и дека лажат за се и сешто.

Дури и ме зачудува што Рон почнува да се сомнева во многу работи, а не членови како Хјуман, Не_сум_јас и сл.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom