Premier League - 2023/2024

Шампион за 23/24 ќе биде?


  • Вкупно гласачи
    232
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.344
Поени од реакции
5.467




PREMIER LEAGUE 2023/24


Најпрво огромна благодарност до жабарите од Малта, Билимбегово и СинѓелиЌ на форумов што ја водеа биткана и за нас против тиранијата. Ние тука како што сме депремирани од доминацијата на Сити и да ни ја избришеа тотално темата немаше да се побуниме. Во последните сезона две дискусијата на тема ПЛ е падната ама оваа година отвараме тема со надеж на подобро.

Нормално темава треба да се започне со честитки до фановите на минатогодишниот шампион Сити (звук од штурци во позадина), дечките од плавиот дел се надмина себеси и успеа да застанат во друштво со бебињата на САФ како единствени англиски екипи кои освоиле триплете. Како и секогаш битката со нив трае негде до последните два месеца кога противникот пука и не може да му парира на тоа јако темпо. Во минатото тоа беше Ливерпул, лани беше Арсенал. Тука се и момците од источен Лондон, Вест Хем, кои донесоа уште еден европски трофеј (Конферециска лига) на островот и тоа со одличен учинок, без пораз со само едно нерешено. Мики маус заврши во рацете на Тен Хаг и црвените од Манчестер како потик за во иднина.
За жал од лигата ни испадна екипата која ни ги освојуваше срцата нас и ширум светот во последните неколку сезони, Лестер. Лисиците не успеа да ја преживеат турбулентната сезона во која западна во финанскиска криза и решија да не пазарат многу, што резултираше со огромен пад. Со нив испадна уште една стандардна премиерлигашка екипа Саутемтон, како и големиот во минатото Лидс.
Во новата сезона друштво ќе ни прават веќе добри познатите Барнли, Шефилд како и за прв пат во историјата Лутон. Малите од Лутон успеа само од неколку сезони да се изникнат од 5 лига до најсилната лига во светот.

Почнуваме со кој друг ако не со шампионот Сити. Пеп во последните години ги затнува устите на сите критичари, посебно со ланското триплете. Многумина го мразат ама сите се сложни дека е најдобриот тренер во последните 15год. Секоја година со нова новина и секогаш другите пробуваат да го копираат за да можат да го следат нивото кое го наметнува. Лани тоа беше ротацијата во тек на натпревар на Стоунс од стопер во среден играч, ќе видиме годинава што ново ќе биде. Веќе почнаа тренери како Артета и Клоп да ја воведуваат таа новина и во своите редови.
Сити оваа година кон историска четврта титула по ред во ПЛ ќе иде со речиси ист состав. Промена има само во релација Гундоган - Ковачич, како и заминувањето на Марез по печалба. Сите сме свесни за големата улога што ја имаше Гундоган кај Пеп, додуша тоа и му беше и првиот трансфер по доаѓањето во Сити. Но сите знаеме дека ќе го извади максимумот од Ковачич и дека разликата нема да се примети. Ќе видиме до крајот на летото дали ќе се испазари уште нешто, најсеризоно име кое се спомнува е Гвардиол. Но едно е сигурно, Сити повторно е главен фаворит не само за титула.

Во минатогодишната сезона најголемо изненадување беше Арсенал. Послем бламовите што ги имаше Артета во претходните сезони лани докажа зошто во Арсенал му веруваа и дадоа подолго време. Воведе еден стил на игра сличен на неговиот учител Пеп, но со неколку свои детали. Лани го водеа колото скоро до самиот крај, но на крај слабата клупа и неискуството иm пресуди. Годинава очекуваме многу повеќе од нив, нормално и поради самиот факт што е екипа што потроши најмногу на пазарот до сега. Го срушија својот рекорд како и рекордот за најскап англичанец со купувањето Рајс за 116мил. Го донесоа Хавертц од Арсенал и сите очекуваат да видат што ќе прави Артета со него. Како и Тимбер од Ајакс, тој трансфер треба да им е значаен зошто лани баш со повредата на Салиба одбраната им се распадна. Си замина капитенот Џака, со солзи во очите навивачите го испраќаа братот. Арсенал сезонава треба да биде екипа најинтересна за следење и скоро сите навиват да ја бутнат домианцијава на Сити.

Ливерпул послем катастрофалиот есенски дел од сезоната влегува во новата сезона со добра форма од ланскиот пролетен дел.. Ќе видиме дали Клоп успеал да ги мотивира своите играчи послем финалето во ЛШ од пред една сезона и губењето титула во последните 10мин во ПЛ, бидејќи лани тоа им беше најголем проблем заедно со повредите. Заминаа неколку искусни фудбалери како легендите Хендерсон, Милнер и Фирмињо, замина Фабињо како и Кеита на кои повредите не му дадоа шанса. Донесоа брилијтани млади фудбалери и иднина на фудбалот како Мекалистер и Шобослаи. Но повторно клупата е тенка и фали замена за Хендерсон и Фабињо кои го држеа задниот дел од средниот ред. Има време до крајот на трансфер рокот па би требало да се донесе нивна замена. Но знаејќи го Клоп ништо чудно типот и само со Ван Дајк позади да игра. Се чека да видме нешто и од ланското големо засилувањето Дарвин Нунез кој требаше да биде конкуренција на Халанд но лани имаше блам од сезона.

Јунајтед, ах тој Јунајтед. Ќе видиме дали во новата сезона нешто се сменило и ќе продолжат таму каде што застанаа со Тен Хаг или пак повторно ќе има назадување и сталните муабети дека им фалат уште три играчи и ќе биде се океј. Послем децениска работа со Де Геа решија да стават крај на својата соработка. Им требаше промена во начинот на игра на голманот и решија таа промена да ја направат со Онана, да напоменам Онана е црнец. Го донесоа Маунт од Челзи и исто како Хавертц во Арснеал во очекување сме каде ќе биде сместен тој играч. Во очекување сме да се комплетира трансферот на Хојлунд, нова идна ѕвезда на европскиот фудбал. А да ќе заборавев Еванс се врати, реално појачување е тоа во споредба со Мегваер, Линделоф и компанија. Се ослободија од Џонс, Телеш, Еланга, а Сабитзер и големиот Воут Вергхост се вратија назад во своите клубови. Најголем трансфер за нив летово би бил продажбата на Мегваер, ама па Мегваер не се дава лесно. Не се предавај друже со тебе сме.

Челзи, нивната состојба ни самите не би можеле да ја опишат. Од кога им направија денафикација, демилитаризација и го избркаа Роман, најдобро нешто што му се случило на клубот клубот го зема Тод Боели. Тој Боели реши да си игра фудбал менаџер, да си отпушта тренери и да го купува светот. Челзи од конкурент на Сити и Ливерпул, заврши како најслаба екипа од големата седмица по ново. Летово решија да зачистат во своите редови и се ослободија од еден куп играчи, Маунт, Хавертц, Пулишич, Менди, Кулибали, Канте, Лофтус Чик, Азпиликвета, Обемејанг, Феликс и пробуваат негде да го тупнат Лукаку. Донесоа неколку нивни замени како Нкунку, Дисаси, Џексон, Анџело и вој петиот ни од дома не можат да го прочитаат. Тешка сезона го очекува Покетино зошто реално тимот делува многу небалансиран и искрено би било нефер ако му пресудат веднаш. Треба време за овој тим да се среди.

Тотенхем, слободен пад имаат кокошките. Послем финалето во ЛШ и отпуштањето на Покетино тимот ја бара својата игра. Некако успеваа да се тупнат до тоа четврто место, но лани и тоа го изгубија. Го земаа Медисон од Лестер и ги одкупија договорите на Кулушевски и Педро Поро. Но најголем проблем моментално им е состојбата со Кејн, дали тој ќе си замине или не. Кејн е one man show во тимот и без него тимот би гледал кон тешка иднина. Реално во тимот фалат премногу квалитетни играчи и моментално може да се каже дека овој клуб е најслаб од оваа голема 7ца. Имаат нов тренер во името на Постекоглу, анонимен тренер кој дојде од Селтик. Дали би го издржрил притисокот ќе видиме, според мене не верувам.

Њукасл, имаме нов клуб во елитата. Послем купувањето од арапи никој не очекуваше тимот да напредне толку брзо. Еди Хау е тренериште и успеа од екипа за опстанок да направи екипа што ќе игра во ЛШ. Нормално се фрлија многу пари лани, но сепак никој не очекуваше од ваков пробив. Оваа лето се малце потивки, за сега го земаа Тонали од Милан и во прашање е дали овој играч ќе успее тука, знаејќи каква историја имаат италјанци во ПЛ. Во екипата се приклучи и Харви Барнс како замена за Саинт Максиман кој замина на печалба. Екипата ја напушти и копачот Крис Вуд. Сите сакаме да видиме како ќе изгледа Њукасл во новата сезона и дали ќе ја повторат ланската.

Во друштвото ќе ги додадам и Астон Вила. Екипата од Бирмингем со голема историја по доаѓањето на Емири се препороди. Емири им покажува на сите дека е квалитетен тренер и умее да направи од ништо. нешто. Вила направија сосема солиден тим, дојдоа Тилеманс, Диаби и Пау Торес. Ако ги додадеме и играчите што веќе ги имаа они се серизони претенденти да направат изненадување.

Во позадина ќе ги спомнам Брајтон на Де Зерби и Барнли на Компани. Брајтон лани беше најсимпатичната за пратење, нивните уткамица беа милина за гледање. Не очекувам ништо помалце ни оваа година. Компани па од друга страна успеа да го смени начисто стилот на игра кој Барнли го практиува. Од дефанзивниот пристап на Шон Дајч до школата на Сити.


Распоредот може да си го најдете на гугл, а и да го видите сигурен сум дека ќе го заборавите во истата секунда.

И за крај не заборавајте во недела 06/08 се игра community shield. Бранителот Сити ќе ги измери силите со второпласираниот Арсенал и ќе ни покаже слика кој до каде е моментално.
 
Последно уредено:

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.641
Поени од реакции
9.914
Зашто е стсвена mid-table збирштина како Челзи во анкетата и нивните фанови не се толку наивни да гласаат за нив. :D
 
Член од
4 август 2023
Мислења
373
Поени од реакции
940
Јас типувам дека Сити оваа година нема да бидат шампиони. Време е веќе да ги фати синдромот на заситеност. Освен тоа, Ковачич ни оддалеку не е добра замена за Гундоган, го изгубија и Марез а можно е и Бернардо Силва да си замине. Немаат лев бек, немаат ни десен кој знае колку квалитетен. Ќе го донеаст Гаврдиол, кој реално е оверкил во одбраната, каде веќе имаат неколку екста квалитетни фудбалери.

Јунајтед конечно склопи добар тим, покриени се скоро на сите позиции, и ако го доведат и Амрабат ќе имаат квалитетна замена за Касемиро. Сега останува на Тен Хаг да направи нешто со овој тим. Многу ќе зависи и од тоа колку Хојлунд ќе покаже и дали е вистинско решение за најголемиот проблем на Јунајтед во последните години, реализацијата на шансите.

Ливерпул има добра екипа, ќе бидат при врвот, но некако се чини дека е време Клоп да си замине. Ги донесоа Мекалистер и тој Унгарецот, типични трансфери како за Клоп, инаку ништо посебно како фудбалери, онака фубалски амали. После освоената титула како Ливерпул да ја изгуби магијата, и некако се чуствува дека е време за голема промена таму.

Арсенал има одлична екипа, Рајс е топ играч и ќе биде големо засилување, но мислам дека направија една капитална грешка, купувањето на Хаверц. Нула од играч, не постои правилна позиција за него, со никаков став, жив зијан. Наместо парите кои ги лупнаа на Хаверц, можеа да купат вистински квалитетен шпиц. Вака со честите повреди на Жезус, ќе мораат Хаверц да го играат таму, а не го бива. Очекувам нерви да искинат со него.

Тука за вршува списокот на тимови кои можат да се борат за титулата, и кои најверојатно ќе ги поделат првите четири места. Остануваат уште Њукасл и Челзи но не мислам дека оваа сезона можат да се вмешаат во борбата за пласман во ЛШ. Челзи е екипа во изградба, на некои позиции имаат многу играчи, на некои немаат никаков играч, има таму работа за Покетино за уште две сезони да го среди тимот. Њукасл реално беше оверачивер минатат година, имаат солиден тим, ништо посебно, пласман 5-6 место.

А да, го заборавив Тотенхем. Не е ни чудно, екипа за заборав. Чекаат да замине Кејн па да му стават катанец на клубот. Единствено за што вредат се што редовно му прават проблем на Сити.
 
C

confusion

Гостин
Јунајтед есенски, зимски, пролетен и духовен шампион. Конечно се враќа фудбалот дома на најголемите душебрижници за фудбалот. Ред си е, плус најака екипа имаат, страшна 7ца пазарија летово и атомскиот фудбал на Хојлунд доаѓа на островото.
 
Член од
21 јули 2023
Мислења
42
Поени од реакции
74
Јунајтед есенски, зимски, пролетен и духовен шампион. Конечно се враќа фудбалот дома на најголемите душебрижници за фудбалот. Ред си е, плус најака екипа имаат, страшна 7ца пазарија летово и атомскиот фудбал на Хојлунд доаѓа на островото.
На таа седмицата до пред некој месец дркавте цела фан база, the boy who had a dream (to play for Manchester United). :icon_lol:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.746
Поени од реакции
43.918
Инаку сезонава најверојатно и 5то ќе води во ЛШ, чисто да се напомене (ако не е веќе пишано погоре :D)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.575
Поени од реакции
114.914
Инаку сезонава најверојатно и 5то ќе води во ЛШ, чисто да се напомене (ако не е веќе пишано погоре :D)
Добро Мицкоски смири се, НАЈВЕРОЈАТНО ќе води во ЛШ. Кој си бе ти? Или ќе води или нема да води, едноставно е, не може у тек на сезона тоа да се смени.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.641
Поени од реакции
9.914
5то место сигурно ќе води во Лига на Шампиони.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.344
Поени од реакции
5.467
Зошто? Немам до сега сретната таква информација.
 
Член од
17 јуни 2022
Мислења
137
Поени од реакции
456
Зашто е стсвена mid-table збирштина како Челзи во анкетата и нивните фанови не се толку наивни да гласаат за нив. :D
Имате 2 (два) до некаде крстени трофеи во последните 10 години, не ли ти е малку глупо вакви коментари да оставаш? :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.746
Поени од реакции
43.918
Добро Мицкоски смири се, НАЈВЕРОЈАТНО ќе води во ЛШ. Кој си бе ти? Или ќе води или нема да води, едноставно е, не може у тек на сезона тоа да се смени.
Може, зависи од УЕФА коефициентите на првенствата на крај на сезона. Двете најдобро рангирани првенства ќе добијат по едно екстра место.

Е сега ПЛ е убедливо прва, ама не сум сигурен дали теоретски има шанса да падне на трето место. Ама претпоставувам има, ако излезат сите англиски екипи уште во групна фаза на пример, а две од германците/шпанците/италијаните издоминираат

Затоа најверојатно. :P
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.490
Поени од реакции
1.874
Може, зависи од УЕФА коефициентите на првенствата на крај на сезона. Двете најдобро рангирани првенства ќе добијат по едно екстра место.

Е сега ПЛ е убедливо прва, ама не сум сигурен дали теоретски има шанса да падне на трето место. Ама претпоставувам има, ако излезат сите англиски екипи уште во групна фаза на пример, а две од германците/шпанците/италијаните издоминираат

Затоа најверојатно. :P
Нели ова важи од 24/25 со новиот формат на ЛШ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom