Првиот е саркастичен коментар.
Што се однесува до моето прашање. Како заклучи дека ми е гајле за цивили? Кога се работеше за црквата, ти беше тој што искоментира, на нечиј коментар дека тоа било од ПВО, како знаел дека е од ПВО, а не од руска ракета и јас тогаш застанав во твоја одбрана. Сега кога ти го направи истото, како членот кој ти го коментираше тогаш, јас те прашувам буквално истото прашање кое го постави ти пред неколку дена. Како знаеш дека е руска ракета а не ПВО? Немој како некои други да пробуваш да мењаш тема со вакви безвезни и ниски коментари демек браво, гајле ви е за цивили, правда, објективност. Ако само по неколку дена ти го направиш истото, за кое со право пиша тогаш, ондак не знам за каква објективност збориш, поише накај лицмерие личи.
Цивилни жртви се за осуда. Точка.
Дали биле руси, украинци, цигани, марсовци, муслимани, будисти, нацисти, комунисти, сатанисти или хипици, цивили се светиња и не смеат да се чепнат. Ако не претставува опасност, нема начин или средства да се брани - тој е цивил и не смее да биде допран. Можеби поддржува една страна или друга, можеби навива за овие или оние, цивил е светиња. Точка.
Истото важи за верски објекти, џамии, цркви, синагоги, ако сака храм на Аполон нека е, верски објект е светиња и не смее да се чепне, ниту да се користи од завојувана страна.
Јас осудив во старт и за црквата, и за Москва и за Суми и се што се деси неделава. Спорев дека теориите за ПВО немаат докази, ама тоа не оправдува што се случило.
За разлика, никој од проруска екипа не осуди цивилни украински жртви, дури бараа кој бил крив, сам себе го убијал сценарија. Е тоа е лицемерие, од петни жили да се мачат да кажат колку СВО е праведна ама цивиливе ќе ги игнорираме. Срамота, жално и подло.
Од почетокот на СВО има повеќе финтици во рускиот наратив кои никако не ми е јасно како така лесно успеаја да прелажат поширока маса.
Ако Украина напредува, наративот вика: РФ војува со НАТО а не со Украина
Ако Украина освојува територија, наративот вика: добра волја, тактичко повлекување за да нема човечки загуби, или омиленото, да освоија ХХ територија ама загубите им се YYY огромни всушност РФ намерно ова го направи
Во случајов и најумоболната е:
Погодените цивилни објекти се кривица на ВСУ бидејќи РФ гаѓа само воени цели, а ПВОто на Украина ги причинува цивилните жртви
Од една страна се отепува руската страна од фалење дека 10:1 имаат надмоќ во артилерија ама од друга страна споро напредувале за да нема цивилни жртви.
Артилерија не разликува кој е цивил а кој не, шрапнелот не бира униформа. Скоро цел пропруски кампус тука страда од еуфорија кога гинат украински цивили и тоа е жива трагедија за нашето општество, вклучувајќи го во ист кош и Цитро кој пак се радува на цивилни жртви руси.
Сметај ме за што сакаш, можеби сум лицемер, ама ако не осудуваш цивилни жртви си шлајм на човештвото, лицемерен шлајм или не - сеедно