На една недела пред почеток на сезоната, ќе се обидам да направам една кратка анализа на тоа како стоиме со играчкиот кадар.
Голман: Гача прв избор несомнено, но замена скоро и да нема. Алтернативите му се без некакво искуство во сениорски фудбал и може да се доведеме во гаден проблем ако има проблеми со картони/повреди;
Десен бек: Брда стартер, а Велковски негова резерва. Тука по мене сме солидно покриени;
Лев бек: Глишиќ се подразбира дека ја има стартната позиција, но повторно се поставува истата дилема како на голман. Да не споменувам дека физичката спрема на Глиш и не е баш на некое сјајно ниво;
Стопери: Нено, Вецески и Алаверда... овие тројца треба да го изнесат најголемиот товар, а ако евентуално притреба, тука е и Папули;
Играчи за врска: Панта, Пато, Блажевски, Нијаз... капитенот ќе го понесе најголемиот товар без дилеми, но каков учинок може да очекуваме од другите. Голем проблем е и отсуството на Нијаз (до септември воопшто не смее да тренира), особено што ни е прв избор за У-21 играч;
Плејмекер: Педрињо, Цветков... Бразилецот иако не воодушевува по мислењето на стручниот штаб, веројатно ќе потпише во недостаток на подобри опции. Ќе имаме многу маки на оваа позиција;
Лево крило: Лемос, Трајкоски... овде не би требало да има недоумици;
Десно крило: Цветаноски, Демир... да речеме дека сме добро пополнети, иако оставам простор за некое поквалитетно име;
Напад: Десниќ, Жоглев... пре би рекол дека и двајцата се играчи за второлигашките ливади. Ризик би било на нив да се потпреме за Прва лига. Ќе мора овде да се размислува барем за избор плус во ротацијата;
Заклучок: Потребни се резерви за голман и лев бек, везната линија да се освежи и уште еден напаѓач, како и опција плус во недостаток на избор на У-21 играч.