Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
Излишно е да се пишува некаде каде постои едноумие. Меѓутоа, како рекле, ќотекот е од рајот излезен, па ќе ви удрам еден вербален “шамар“. Не за друго, ами да ви го прикажам вистинското лице на овие тажачи и смешковци на сите коментари, освен на тие од нивната “врв“ група :ROFLMAO:!

(1) Во време на трендот со ловење на гробарски репрезенти низ Македонија, Лозари беа меѓу првите кои објавија слика од неколку паднати реквизити.Тоа го поддржавте речиси сите, независно дали од Комити, Чкембари или Рибари, чунки, што бара туѓа НГ во град со друга навивачка група. Некој месец подоцна, се дешава бараж во Кавадарци - одземен голем број на реквизити на Комити од Лозари и Чкембари. Инвазија на Кајгана од тажачиве на Комити, како било срамота, објавувале слики, бедно, глупаци биле, земале реквизити на мајки и деца, безброј коментари на едноумие. 27/07/2023, истото што се случи на Кавадарчани, во Скопје се игра натпревар помеѓу најомразените два народи на Македонецот. Почнаа коментари од типот „што имаме ние со нив“, па кога разбраа дека има некој од нивните во акција, сменаа во „ете, комити не спијат“. Тоа што беше срамота за Лозари и Чкембари со 20+ реквизити на Комити, сега не е срамота со 4 (четири!!) реквизити објавени од Комити? А пак ќе пишам, пред некој ден за таа глупост му се смеевме на Рибари. Арно пишал некој член погоре, работите ги извртувате како Артан, или не? Сепак мирот беше загарантиран со 250,000 евра недела пред утакмицата. Политички ботови.

(2) Некој имаше коментирано за вашата трибина. Па сами знаете дека за баражот во Кавадарци требаше Комити да навиваат на источната трибина т.е на трибината на Лозари, и два дена пред утакмицата ве сменаја на таа најстарата трибина, иако источната беше многу по безбедна и спремна за вас. Меѓутоа, зошто за тоа да се замараат Комити кога полесно е да се избројат 250,000 евра од Град Скопје?

(3) Очигледно желбата за најголема бројка за графити за оваа сезона ви беше огромна, па нема ништо да искоментирам, само ќе ставам една слика (претходно од вас објавена овде) од ваш графит, еден од многуте кои е смешно да ги гледаш, без никаков квалитет и поента, само за желба за поголема бројка :ROFLMAO:

Прегледај го приврзокот 385796

Прегледај го приврзокот 385794

Има уште многу да се пиши, меѓутоа залудно е за место каде владее едноумие. Излишно е reply на овој коментар, сите податоци во текстот знаете дека се точни, па на вас остануваат навредите и тажачките на коментарот, навалете со психолошка деориентација на проблемот.:ROFLMAO:


Бидејќи другар ти се заеба, и сега како идиот класичен се обидува да се извади, не се залетувај и ти, чисто како совет!:) Убаво си стои горе мојот коментарот поврзан со оваа тема, без ТОПЛИ додавки од страна на другар ти.

Овие ЦИА моменти со собирање податоци ми се смешни да ги коментирам.

А за графити...страшно е што коментираме за труд на дечки, без разлика од која група се. Во недостиг на сила да се спротивставите на бројките, сега големите уметници ќе ги оценувале дали вредат хахах:)

А кога за вас ќе искоментираат "Неее, тоа се деца, не знаат да цртаат ама се трудат". Ете, пак доаѓаме до истото. Еден пат ви одговара, кога станува збор за вас, другпат не, кога станува збор за нас:)

Овој графит не би го ставил иначе и почит до дечките што се потрудиле да го направат, ама морам чисто да ти покажам дека можам да бидам гад како тебе, ама нема потреба од тоа.

ВОДИМЕ КЛУБ, ПЛАТИ ДАВАМЕ, сета енергија е таму и плус 30 графити за 2 месеца. Врз вас имаме доминација, на секое поле.

Ве спобудалевме, сите се уклучивте на форумов. Леее Горанчо по милијардити пат почнува со "УШТЕ ОВА И НЕ ПИШАМ ПОЈЌЕ":) Е па нема боље!
 

Attachments

  • Screenshot_20230728_161046_Facebook.jpg
    Screenshot_20230728_161046_Facebook.jpg
    171,1 KB · Прегледи: 93
Што е ова левскарите ги откупуваале членовите од полиција?
Збираат кеш како група за да се исплатат казните на уапсените членови. Акција што ја прави секоја нормална група после инциденти.
 
Збираат кеш како група за да се исплатат казните на уапсените членови. Акција што ја прави секоја нормална група после инциденти.
Зборот беше тешко за сите да соберат што читав бројките на уапсени варираат ама во секој случај ги има доста
 
Последно уредено:
Чкембари се оградуват од сите ставови изнесени во ова тема од страна на некои битолски профили кои немат врска со групата. Ставот на групата е да не се коментира на ова тема за било која тема, а најмалку за ситење со настани поврзани со душманите на Македонија. Во иднина сите кои ќе реплицирате на такви профили имајте предвит дека не реплицирате на Чкембари.
 
Излишно е да се пишува некаде каде постои едноумие. Меѓутоа, како рекле, ќотекот е од рајот излезен, па ќе ви удрам еден вербален “шамар“. Не за друго, ами да ви го прикажам вистинското лице на овие тажачи и смешковци на сите коментари, освен на тие од нивната “врв“ група :ROFLMAO:!

(1) Во време на трендот со ловење на гробарски репрезенти низ Македонија, Лозари беа меѓу првите кои објавија слика од неколку паднати реквизити.Тоа го поддржавте речиси сите, независно дали од Комити, Чкембари или Рибари, чунки, што бара туѓа НГ во град со друга навивачка група. Некој месец подоцна, се дешава бараж во Кавадарци - одземен голем број на реквизити на Комити од Лозари и Чкембари. Инвазија на Кајгана од тажачиве на Комити, како било срамота, објавувале слики, бедно, глупаци биле, земале реквизити на мајки и деца, безброј коментари на едноумие. 27/07/2023, истото што се случи на Кавадарчани, во Скопје се игра натпревар помеѓу најомразените два народи на Македонецот. Почнаа коментари од типот „што имаме ние со нив“, па кога разбраа дека има некој од нивните во акција, сменаа во „ете, комити не спијат“. Тоа што беше срамота за Лозари и Чкембари со 20+ реквизити на Комити, сега не е срамота со 4 (четири!!) реквизити објавени од Комити? А пак ќе пишам, пред некој ден за таа глупост му се смеевме на Рибари. Арно пишал некој член погоре, работите ги извртувате како Артан, или не? Сепак мирот беше загарантиран со 250,000 евра недела пред утакмицата. Политички ботови.

(2) Некој имаше коментирано за вашата трибина. Па сами знаете дека за баражот во Кавадарци требаше Комити да навиваат на источната трибина т.е на трибината на Лозари, и два дена пред утакмицата ве сменаја на таа најстарата трибина, иако источната беше многу по безбедна и спремна за вас. Меѓутоа, зошто за тоа да се замараат Комити кога полесно е да се избројат 250,000 евра од Град Скопје?

(3) Очигледно желбата за најголема бројка за графити за оваа сезона ви беше огромна, па нема ништо да искоментирам, само ќе ставам една слика (претходно од вас објавена овде) од ваш графит, еден од многуте кои е смешно да ги гледаш, без никаков квалитет и поента, само за желба за поголема бројка :ROFLMAO:

Прегледај го приврзокот 385796

Прегледај го приврзокот 385794

Има уште многу да се пиши, меѓутоа залудно е за место каде владее едноумие. Излишно е reply на овој коментар, сите податоци во текстот знаете дека се точни, па на вас остануваат навредите и тажачките на коментарот, навалете со психолошка деориентација на проблемот.:ROFLMAO:
Зарем има некоја навичка група во Македонија што признава пораз? Секогаш ке добиеш оправдување деца биле, обични фанови по кафани биле (да обични фанови со реквизити на навивачката група) , нема таков транс копја сте направиле, трансот од деца сте го земеле (како тоа на деца им се остава транс да чуваат?), трансот бил висан во кафана а сосема друга приказна ке чуеш во ситуација кога се чуствуват победници. Поголемо лицимерие амин
 
Еј уште малце сме останати Македонци и навивачи во цела Македонија,читам и се чудам и од двете најголеми Македонски навивачки групи,по мое вака ко ке дојди утакмици ,ривалството настрана ,заедно треба екипи ,и ке му дајме до знаење на сите шо не врегат и шо мислат така ке си поминат во кој било град во Македонија,
Вчера по којзнае кој пат увидовме, колку лесно "Срам да ви е, не го одбранивте градот, македонштината" се претвора во "Треба да се биде човек и да се признае, браво Комити".

Веќе станува смешно и искрено се надевам дека по многу слични утки, вчера конечно ја научивте лекцијата и дека дел од вас повеќе нема да си дозволат да се излетуваат, за после со тешко срце да мораат да честитаат.

Комити вчера го направија своето. И точка!
Тие што биле знаат. Сликите сами говорат. За останатото пред и по натпреварот секако дека нема тука да пишуваме. И не само вчера, туку х пати досега, кога станува збор за Европските летни натпревари.

А сега, кажете каде бевте Вие? Каде беа тие 200 силни Чкембари, кои се сликаа пред недела дена на турнирот во Битола? Што ги спречи да дојдат во Скопје и да ја одбранат македонштината? Каде испаривте една недела подоцна?

Разбирате колку е подло да седиш дома, да не правиш ништо и да плукаш на тие кои на само ДВА ЧАСА од тебе се трудат покрај сите препреки, да направат нешто? Се вадите со квази аргументи "Кога ќе дојдат во Битола, ќе видат тие", а и самите сте свесни дека и на стадион и во сала ви се гостувало, и НИКОГАШ не се случило ништо. Фактот што ја спомнуваме 93та, доволно говори..

Зборите за "Митомани", а цел континуитет ви се потпира на митови, кои за среќа веќе не постојат. Конечно, и последниот за салата пропадна. Сега што е следно? За Грците кои си "уживаа во прекрасната атмосфера" треба ли да збориме? Рибари не беа на гостовање, и во сала и на стадион? Шверцери исто? ФА 30 души во сала? ДАЛИ ИМАВТЕ ОБИД ЗА НАПАД УОПШТЕ? На било кого? Не, затоа доста се бламирате. Едно е тренинг во теретана, друго е искуство на улица.

Најсмешно беше што вие кои го ОКУПИРАВТЕ форумот вчера, пишувавте "Доста седите на форум, одете бранете ја македонштината". Башка што вчера докажавте и дека бојкотот (бојкот на форум, боже господе) постои само во вашите глави. Коментирате секогаш кога имате активност, или Вие или вашите "објективни" профили како што е Македонец 110%, кој мисли дека муабетот "Не сакам да го рушам бојкото, ама морам да ги пофалам Чкембарине" ќе му помине. Факт е дека си коментирате цело време, за се, дури и на страници за Вардар, и доста се бламирате со ова веќе. По 40 години напукале, форум ќе бојкотирале...

Вчерашниот натпревар покажа дека Полицијата доколку сака, може работата многу педантно да си ја заврши. Кои црни собирања на Плоштад, кое црно покажување сила. Сите бугарски екипи си се шетаа со полициски патроли и цивилки, а сите беа стационирани околу стадионот или во непосредна близина, каде што присуството на Полицијата беше големо, како кога гостуваше Папата. И покрај сево ова, дојде до убави ситуации.

"Ви навиваат на ваша трибина, срамота". Е овој коментар на Горанчо беше врв на идиотизмот и слепата омраза кон Комити. Па добро БАНАНАМЕНУ, што требаше да направиме? Да провалиме на запад? Разбирате ли колку веќе омразата која ја имате станува и смешна и бедна...

Се на се, ќе го помнат навивачите на Левски Скопје. Само, ќе остане срамот што сите останати македонски групи си седеа дома, и не се ни обидоа нешто да направат. Бидејќи, како што милуваа многумина да кажат "Вчера не се бранеше Скопје, туку Македонија". Ама па, ова е реалноста. Нема зошто да се лажеме.
Уште малку Македонци и навивачи сме останати мое лично мислење и став ко ке има вакви утакмици треба екипи и од Битола да има ,ривалството настрана ,и заедно против вакви навивачки групи шо не негират и едните и другите вчера ,па мислам дека е ви интерес така ,и многу тешко ке си поминат така,ке сватиме за некоја година ,со глата вцид дека маваме вака шо се јадиме за ништо ,барем вака ко ке дојди во кој било град во Македонија сите заедно против вакви олош групи па ке ја видат нашата сила ,то е то ,можи ке сватиме потаму ама да не биди касно ,поздрав навивачки
 
Овие што беа тепани вчера во Чаир, требало да им се каже дека колите треба да се паркираат баш кај Хамза, не од страната кај Јаја Паша. И дека не се напушта населбата без земено симитче од кај тетка од Фурна...

Невоспитани, затоа ќотек јаделе.
 
Каде е македонското знаме?

Ne ja zemame deka koga praime incidenti, izbodenje so nozi, vie ke vikate eve sakat da ja pravat losha vreva i za nas makedoncite
Da znaat i tie deka albanecot ti dava dobar kjutek kade da odis hahahahah
pozdravvvv do site :ojeaa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom