Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека воопшто не им е битно на играчите дали Роналдо е таму или не. Кога ке видиш договор од 100 милиони за 3 сезони, мислам дека и со камили би играле. Види за која разлика збориме.

Точно, исто многу пари нудеа(за тоа време) и кинезите па големите звезди од овој калибар не се дрзнаа да одат таму него си останаа таму каде што им е местото.

Според мене Роналдо има удел во цела оваа инвазија и проект и мислам дека е фер и коректно да се признае. Тој им служеше како еден вид на гарантција за конкурентноста на лигата и за парите што ќе ги добијат, еден од најдобрите на сите времиња е, нормално е да има удел според мене.

Мада додека се дискутира ова, Брајтон одбива 93м евра за Каиседо и не знам како да го сфатам ова, тотална лудост или едноставно до толку се моќни и знаат дека можат да го продадат за повеќе летово.

Челзи по трет пат понижени, експресно им одбиле, не знам зошто воопшто се уште се во преговори.
 
Нема да го продадат ниту ова, ниту следното лето за повеќе. Ова е максимумот. Не се моќни, едноставно Тони Блум е коцкар и сака да ризикува. Мислам, 10 милиони повеќе врх главе би добил за Каиседо.
Се надевам дека нема да ги добие од Челзи.

А Челзи е во преговори, затоа што спортските директори се неписмени и препотентни. Со некоја глупава тактика, се обидуваа да ги предомислат Брајтон, а овие од Брајтон од самиот старт ја поставија цената.

Рајс им е мерило, а не е споредлив тој случај со овој на Каиседо, од мал милион аспекти.

За 100 милиони, можеа да го земат Лавија и да им понудат токму на Ливерпул некои 40 милиони за Фабињо, поискусна опција. Е сега ќе почнат паниките и преплатување одредени играчи.
 
Грешките од минатото лето ги прават и ова, мене искрено ми е фасцинантно како после толку купување - на Челзи пак му фалат минимум 5 првотимци за да биде конкурент за топ4.

Не велам дека е слаб играч ама сигурно не вреди да изгубиш 3 месеци на него и на крај да не го договориш бидејќи Брајтон бара 100м фунти.

Со тие пари Челзи можеше да напраи 2-3 трансфери, спој на млади играчи и искуство и сега малце поспремни да го дочекаат стартот на ПЛ ама очигледно е дека департментот кој го склопува тимов е пренеискусен и преограничен за тим од овој калибар.
 
Според мене Роналдо има удел во цела оваа инвазија и проект и мислам дека е фер и коректно да се признае. Тој им служеше како еден вид на гарантција за конкурентноста на лигата и за парите што ќе ги добијат, еден од најдобрите на сите времиња е, нормално е да има удел според мене.
Неколку пати го употребуваш зборот гаранција. Дека Кристијано бил гаранција за тој мега-проект.
Појасни за каква гаранција мислиш дека станува збор, не те разбирам.

Мислиш дека на Канте, Зијех, Хендерсон, Бензема, Кулибали, Фирмино, Сергеј и сл. ќе им сменеше нешто дали Кристијано игра во Саудиска Арабија или не, кога ќе добијат понуда за 1-2 сезони да заработат повеќе отколку цела кариера претходно?
 
Па да, според мене им е гаранција, прв потегна за таму уште 6-7 месеци пред нив, докажа дека лигата ќе е сериозна, арапите дека се сериозни и на некој начин им ги отвори вратите и им олесни многу на арапите при регрутирање на сите овие играчи.

Тоа е само мое мислење, не мора да се согласуваш со него.
 
Овие па Ал Етифак од цел свет на Хендедсон најдоа 700к неделно да му дадат, бог да чува и да брани. Најнеатрактивен и тивок играч, на залез на кариера, копач, земале 282828282 милиони му дале.
 
Па да, според мене им е гаранција, прв потегна за таму уште 6-7 месеци пред нив, докажа дека лигата ќе е сериозна, арапите дека се сериозни и на некој начин им ги отвори вратите и им олесни многу на арапите при регрутирање на сите овие играчи.

Тоа е само мое мислење, не мора да се согласуваш со него.
Гаранција дека се сериозни?

Нешто као добиваш понуда од Саудиска Арабија од 100м по сезона и имаш 2 опции:
-Кристијано игра таму: добро е, сериозни се, ќе ја прифатам;
-Кристијано не игра таму: не се сериозни овие, какви 100м, ќе ме заебат само да потпишам и после нема да ми пуштаат плата.
:toe:

Или еве, во претходениот пост имаш пишано гаранција за конкурентноста на лигата. Сериозно мислиш дека саудиската лига е конкурентна? Мислиш дека некој од овие играчите од Европа отиде таму со сериозна намера да игра фудбал во конкурентна лига? No way.
 
Грешките од минатото лето ги прават и ова, мене искрено ми е фасцинантно како после толку купување - на Челзи пак му фалат минимум 5 првотимци за да биде конкурент за топ4.

Не велам дека е слаб играч ама сигурно не вреди да изгубиш 3 месеци на него и на крај да не го договориш бидејќи Брајтон бара 100м фунти.

Со тие пари Челзи можеше да напраи 2-3 трансфери, спој на млади играчи и искуство и сега малце поспремни да го дочекаат стартот на ПЛ ама очигледно е дека департментот кој го склопува тимов е пренеискусен и преограничен за тим од овој калибар.

Во однос на продажба, скоро па перфектно го изработија летово. Воопшто не е лесно ефективно да се отарасиш од играчи на кои не сметаш и тоа за толку краток период. Кредит, апсолутно. Го доведоа Џексон, ќе видиме, засега ветувачки делува, можеби ќе биде топ засилување.

Но, како што си пишал, зошто толку време загубија на него. Тоа е и поентата на критиката, а не дали ќе го доведат во Челзи. После вакви година дена и очајна сезона, времето е луксуз. Брајтон од почеток беше јасен. Ќе видиш, една, две, три, четири седмици, не ја бива, фала многу и пријатно. Наоѓаш други алтернативи. Овие не, ќе променеле стратегија, отсега ќе се фиксирале само на една мета и додека не ја завршеле, не допирале ништо друго.
Арно ама, на скоро две седмици од мечот со Ливерпул, единствени играчи од среден ред на Челзи, сениори, се Галагер и Енцо. А средината е круцијална, години наназад, особено сега.

Не мислам дека четири, малку тоа ми е пренапумпано, но дефинитивно недостасуваат едно две засилувања за прв тим, доколку сакаш да се натпреваруваш сега. За во иднина не се секирам, ќе созреат овие фудбалери, верувам.

Внимавај, Рајс бил продаден за 100+ и Каиседо требало толку. Логиката на Брајтон.
Чекајте пријатели, Рајс не сакаше да избега во јануари од Вест Хем и не поднесуваше трансфер риквест како Каиседо. Рајс, има премиерлигашко педигре и четири добри сезони во ПЛ, на крајот и европска титула. Каиседо има само една сезона. Маркетот е луд, само треба усул да се има.

За 100+ милиони, лежи многу добар пазае и двајца баш добри играчи од средина на терен. Само треба да не си мрзелив и малку да знаеш да ја работиш работата.

Во секој случај, од сагава со Каиседо нема Челзи да излезе победник секако. Лошо го одиграа летово на таа тема, имаат шанса да се поправат до први септември, со голем ризик да биде предоцна.
 
Гаранција дека се сериозни?

Нешто као добиваш понуда од Саудиска Арабија од 100м по сезона и имаш 2 опции:
-Кристијано игра таму: добро е, сериозни се, ќе ја прифатам;
-Кристијано не игра таму: не се сериозни овие, какви 100м, ќе ме заебат само да потпишам и после нема да ми пуштаат плата.
:toe:

Или еве, во претходениот пост имаш пишано гаранција за конкурентноста на лигата. Сериозно мислиш дека саудиската лига е конкурентна? Мислиш дека некој од овие играчите од Европа отиде таму со сериозна намера да игра фудбал во конкурентна лига? No way.
Не е конкурентна лига како ПЛ ама доколку продолжат вака сигурно ќе биде и нема да е до толку боса како што била пред да дојдат сите овие играчи од Европа.

Како што кажав, тоа ми е мислењето за трансферот на Роналдо таму и случувањата после тоа и сосема е во ред ако не се согласуваме.

Неговиот импакт за развивање на таа лига е очигледен(нормално уз лудите пари на арапите) исто како што и импактот на Меси врз фудбалот во Америка ќе биде очигледен за некое време и ќе го крене за минимум еден левел погоре.
 
Каиседо земаше 3000 фунти плата па затоа квичеше за нов договор, според мене скроз оправдано во време на луди плати и нереални суми.
 
Во секој случај, од сагава со Каиседо нема Челзи да излезе победник секако. Лошо го одиграа летово на таа тема, имаат шанса да се поправат до први септември, со голем ризик да биде предоцна.
Веќе е предоцна, поготово за играчи кои што сакаш да ги вметнеш директно во прв тим.
Многу битна работа е предсезона, не само за физичката спремност на екипата туку и за вклопувањето со играчите.

Друго е кога првотимец ќе има предсезона со екипата, ќе се упознае со соиграчите, ќе се навикне на тактиката и тренерот, ќе помине период од 2 месеци на приспособување на нов град, нова средина, нови луѓе, а друго е кога доаѓа во септември и го пуштат од одма во ПЛ дуел против Ливерпул или Сити да кажеме. Нормално е да се изгуби, ќе се изгуби и следните 2-3 натпревари.

Така да, Челзи мораше многу порано да си ги обезбеди трансфер целите.
Свака им част за тоа што брзо и експресно го продадоа ѓубрето од екипата, али они се една од ретките екипи што трансфер периодот го користи првин да продава, па да купува.
 
Дел од проблемот е и Брајтон, со Арсенал во јануари раскрстија соработка за у будуќе пошто Еду и Артета ги отерале во 300 затоа што неколку пати откако вербално го договориле Каиседо, овие менувале износ, истово им се дешавало и со Вајт. Истото се дешаваше и со Сити и Кукуреља и на крај овие паметно си се повлекоа.
Челзи од сето ова, не научи ама баш НИШТО. Брајтон си знае дека откако беа доволно глупави да платат 60м за полу играч како Кукуреља, ќе бидат доволно глупави да платат и 100м+ за Каиседи, посебно кога им гори под нозе. А тоа што самиот Каиседо го издупија на најако во јануари, „потпиши ти нов договор и во лето ќе си одиш за истата понуда како сега, не бери гајле, битно да ја истуркаме сезонава“ и сега му го турија курот пошто дебилов нема потпишано нов договор со откупна клаузула. Се водат по усмен договор дека ако стигнала понуда од 80м ќе го пуштат. Доаѓа лето, Арсенал го зима Рајс за 100м пошто е десет пати бољи играч од Каиседо и сеа идиотиве викаат, не, Рајс е бенчмаркот, ако Арсенал платиле 100м за него, и вие ќе платите.
Се на се, Челзи многу наивно и глупаво влегоа во целава ситуација, посебно зошто знаеја дека Брајтон го прават ова, не е ни прв, ни последен пат а од друга страна Брајтон за брзо време ќе доживее ресет и ќе ми е баш мило зошто живеат од вакви трансфери ама со ова си го губат кредибилитетот и нека им е со среќа со нови играчи дали ќе соберат без да имаат откупна клаузула во договорите, пошто ова што го прават сега, иако се во позиција на моќ, не е професионално.
 
Ќе видиш, една, две, три, четири седмици, не ја бива, фала многу и пријатно. Наоѓаш други алтернативи. Овие не, ќе променеле стратегија, отсега ќе се фиксирале само на една мета и додека не ја завршеле, не допирале ништо друго.

Да не ти кажувам кој работи(ше) по овој терк. Нема да ти биде добро.
 
Веќе е предоцна, поготово за играчи кои што сакаш да ги вметнеш директно во прв тим.
Многу битна работа е предсезона, не само за физичката спремност на екипата туку и за вклопувањето со играчите.

Друго е кога првотимец ќе има предсезона со екипата, ќе се упознае со соиграчите, ќе се навикне на тактиката и тренерот, ќе помине период од 2 месеци на приспособување на нов град, нова средина, нови луѓе, а друго е кога доаѓа во септември и го пуштат од одма во ПЛ дуел против Ливерпул или Сити да кажеме. Нормално е да се изгуби, ќе се изгуби и следните 2-3 натпревари.

Така да, Челзи мораше многу порано да си ги обезбеди трансфер целите.
Свака им част за тоа што брзо и експресно го продадоа ѓубрето од екипата, али они се една од ретките екипи што трансфер периодот го користи првин да продава, па да купува.

Еех, ама кому да кажеш дека мораше тој дел од теренот да биде сортиран до мечот со Врексам.

Не е можеби предоцна да имаш скоро па склопен ростер, да си консолидирана екипа како Сити, сега Арсенал. Доаѓа, се лепи брзински и тераш. Вака, навистина е доцна. За голман, играч од нападот, не е страшно. За средњак/средњаци, во овој контекст на Челзи, не е сјајно. Тука потфрлија, тотално наивно.

Генерално, ме нервира тоа што екипиве се вртат околу исти играчи. Нема креативност, како да владее некоја мрзеливост. Иднината е во добар скаутинг и следење бројки, покрај голото око. Абе имаш млади луѓе по интернет кои од хоби се занимаваат со скаутинг и анализа, но со користење на валидни параметри и на полноќ да ги разбудиш ќе ти кажат пет алтернативни решенија, ама не, Каиседо за 100 милиони.
 
Ќе го избричат Реал за Мбапе некои добри 230 милиони изгледа.
Од тие пари, некои 150 милиони ќе отидат за ПСЖ, а останатите 80 за Мбапе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom