Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Moжеби ама не знам, земаа и се уште земаат играчи што баш имаат што да понудат во Европа и затоа мислам дека Роналдо има каква-таква улога во тоа нивниов проект да земе толкав замав.

Обично ќе отидеа 2-3-4 играчи лакоми по парите ама не знам дали би привлекле и играчи ко СМС, Марез, Броз, Кулибали, Канте.

Е сега во споредба со Кина, овие фрлаат сериозно нереални и поголеми суми така да можно е и ова твоево да држи вода, сепак на никој во Кина не му беше нудено ниту близу како што им се нуди сега.

Па успеаа Оскар од Челзи да го соберат во најдобри години, Тевез, кој иако беше на залез на кариерата ваљда можеше да изигра уште некоја солидна сезона во Италија. Од Атлетико имаше еден и секако Хулк :D Толку памтам од Кинезите.

Aрапиве како шо пиша х10 од парите удираат, па тоа ме тера да верувам дека без разлика на Роналдо, речиси сите овие тралалајки и вака и онака ќе беа таму.
 
Многу јасно, кој будала би споредил Ријад со Мајами.
Никој не ги спореди, и претходно пишав дека Америка е подобар избор од Саудиска од повеќе х причини,ама уживајте дека во пустина живее Роналдо.
Светлосни години заминаа напред Арапите со милијардите кои располагаат.
Можи било пустина некогаш ама сега далеку од то.
Човекот се дави во луксуз вие го опишавте како да мизерва во некоја вукојебина.
 
Па успеаа Оскар од Челзи да го соберат во најдобри години, Тевез, кој иако беше на залез на кариерата ваљда можеше да изигра уште некоја солидна сезона во Италија. Од Атлетико имаше еден и секако Хулк :D Толку памтам од Кинезите.

Aрапиве како шо пиша х10 од парите удираат, па тоа ме тера да верувам дека без разлика на Роналдо, речиси сите овие тралалајки и вака и онака ќе беа таму.
Да бе ама Оскар е далеку од овие, а Тевез прво во Бока се врати ако не се лажам па после праеше некои екскурзии во Кина, на веќе завршена кариера.

Ел Шарави, Хулк и Оскар, тие се тие што отидоа у Кина и горе доле ми ја доловуваат и поентата.
 
Никој не ги спореди, и претходно пишав дека Америка е подобар избор од Саудиска од повеќе х причини,ама уживајте дека во пустина живее Роналдо.
Светлосни години заминаа напред Арапите со милијардите кои располагаат.
Можи било пустина некогаш ама сега далеку од то.
Човекот се дави во луксуз вие го опишавте како да мизерва во некоја вукојебина.
Опиши ни молим те за нас шо не сме биле одамна у Саудиска Арабија до кј стигнале со милијардите.
 
Затоа е препорачливо да се чита цела статија, а не насловот, за да се разбере контекстот на пишаното. Збореше за интезитетот на мечот, и фактот дека им е прва утакмица, додека Арсенал имаат 3-4 меча веќе, и многу кондиција повеќе во нозе.
Како да не, ќе читам статија за Арсенал и Барселона, ме боли кур.:icon_mrgr:
 
Опиши ни молим те за нас шо не сме биле одамна у Саудиска Арабија до кј стигнале со милијардите.
Шо има јас да ти опишам, изгуглај ако толку те интересира
 
Никој не ги спореди, и претходно пишав дека Америка е подобар избор од Саудиска од повеќе х причини,ама уживајте дека во пустина живее Роналдо.
Светлосни години заминаа напред Арапите со милијардите кои располагаат.
Можи било пустина некогаш ама сега далеку од то.
Човекот се дави во луксуз вие го опишавте како да мизерва во некоја вукојебина.
Па и сега е пустина, облакодери и молови во пустина. Да не има некоја знаменитост по што е познат Ријад, или некоја природна убавина? Не
Ќе шеташ во затворени простории зошто е 40+.

Ти кај би одела да живееш? Во некоја светска метропола со еден куп традиција, историја, плажи, забава или во град со факинг молови како најголема атракција?

Абе пред во Фарските острови овци да чувам него ли да се заакам натака. Нормално ако фаричаните (како е жител на Фарски острови бе? o_O ) дадат пари. :D
 
Значи никој не направи споредба со Мајами и Саудиска Арабија не ги мешајте брзините.
Муабетот е дека на тој луксуз не му менува него дали е во Мајами или во Ријад.
Ликот е сместен во кралската палата кај шо Бог знае во каков луксуз живее, на располагање се и свашта.
Платата да не ја споменувам, ам ајде вие ако викате дека лошо му е таму тогаш ок така нека е. :D

Две и пол години ќе биди таму нема да векува
 
Си мислиш правиме муабет за Танче од Гевгелија, а не за светски ѕвезди со стотици милиони.

Сигурно му е многу тешко на Роналдо да тркне со приватниот авион до некоја светска метропола каде се дешава нешто интересно. Мбапе денес го гледаш во Ница игра на гостински терен, утревечер е во ЛА гледа Лејкерс.
 
Moжеби ама не знам, земаа и се уште земаат играчи што баш имаат што да понудат во Европа и затоа мислам дека Роналдо има каква-таква улога во тоа нивниов проект да земе толкав замав.

Обично ќе отидеа 2-3-4 играчи лакоми по парите ама не знам дали би привлекле и играчи ко СМС, Марез, Броз, Кулибали, Канте.

Е сега во споредба со Кина, овие фрлаат сериозно нереални и поголеми суми така да можно е и ова твоево да држи вода, сепак на никој во Кина не му беше нудено ниту близу како што им се нуди сега.

Мислам дека воопшто не им е битно на играчите дали Роналдо е таму или не. Кога ке видиш договор од 100 милиони за 3 сезони, мислам дека и со камили би играле. Види за која разлика збориме.

Чекај сега, нели само ѓупци и Балканци го фаќаат патот натаму, од кај сеа Хендерсон ? :unsure:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom