Па кој кажа дека ќе експлодира планетата, реков има масовни изуморања, впрочем каде се Диносаурусите? Изумрени...нема никакви докази дека постоела напредна цивилизација овде пред нас. Да стварно се дешавало тоа они би ги користеле ресурсите на планетава, настрана што ние би наоѓале докази за таа цивилизација. Но ништо "напредно" не е ископано, само штитови од ацета и диносауруси откриваат. Тоа не ме асоцира на нешто напредно и вонземјани.
Иначе веруваш и у глобално затоплување, уште еден фејк што нема никаков доказ. Планетава постои милијарди години и имала еден тон циклуси на греење и ладење, и сеа они милијардерите Бил Гејтс и Леонардо Дикаприо ќе го спасуваат човештвото зошто планетата се "загреала" еден степен.
Глобалното Затоплување и поларниот шифт не се предизвикани од човекот, природен циклус се.
Диносаурусите се фосилизирани, тоа значи дека се камења, едино нешто што преживува во природата е каменот, затоа само гигантските мегалити се останати да сведочат од претходните цивилизации.
Технологијата се распаѓа и станува непрепознатлива. Имено силата на полар шифтот, кој предизвикува лизгање на континентите во спротивен правец на ротацијата на земјата поради ликвификација на внатрешната земјина обвивка која моментално е во некоја пластифицирана форма водата и ветерот продолжуваат во ист правец предизвикувајќи масивно цунами од преку 3000 метри и суперсоничен ветер.
Сила еквивалентна на стотици мега нуклеарки детонирани една по друга, ништо од денешната технологија нема да преживее. Поготово што при овој евент доаѓа до неколку пати мешање на земјиштето, избивање и повторно мешање.
На неколку места најдени се археолошки ископи на НЛОа и напредна технологија, поготово каде што имало инстантно замрзнување но нормално тоа е скриено но сега ќе се открие. Инаку и античкиот компјутер што го најдоа во Егејска Море е доказ за технологија која не припаѓа на периодот.
Тајната се стои во тоа што повторно следи таков циклус и затоа глобалната елита го крие феноменот.
Мејнстримот го вика Глобално Затоплување и го криви човекот но реалноста е дека се работи за природен циклус.
Инаку има начин да се преживее, елитата го знае тоа...