Анализа на крв - толкување резултати

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.678
Поени од реакции
37.660
Мене ми го препишаа антибиотикот пред крвна слика да направам, само при преглед на грло. После 3 дена земање панцеф, направив крвна слика, долго време немав проверено. Направив и ковид тест, излезе негативен. При читање на крвната слика телефонски, ми беше спомнат само делот со тромбоцитите дека се покачени и дека треба да пијам аспирин месец дена па да правам крвна слика наново. Го побарав резултатот на вибер и тогаш забележав дека PCT се покачени. Добив совет да го допијам цело пакетче панцеф. Ќе и ѕвонам утре на матичната да ми даде упут за брис онда од нос и грло ваљда. А сега те разбрав подобро, мислев антибиотик не се препишува ако има бактериска инфекција, не сум баш запознаен со ова, значи можно е да не делува. А за антибиограм искрено прв пат слушам сега од тебе, гуглам да видам што е. :)
..прва грешка е што ти се дава терапија за последица, а не ти се открива причината и тоа при прв направен лабораториски резултат без уште еднаш да се утврди покачените тромбицити во повторна лабораториска анализа, што ако е грешка како последица од човечки фактор да речеме?

....се сеќавам пред некоја година во пикот на пандемија, најмалку 4 ца пациенти дента едно по друго добиле резултат на д-димери 15 000 и веднаш во болнички услови високи дози на антикоагуланти , за да приметат дека во тек на целиот ден се имало исти резултати со што испаничено се заташкала ситуацијата, иако мене мноооогу ме заинтегрира како е можно при земање на крв во затворен систем на вакуум епрувети ,,да се утне нешто,, ,но приметив дека тие пациенти немале други параметри за испитување и земањето на крв било само во една цитратна епрувета која по грешка била употребена тој ден серија со поминат рок и со тоа се дошло до погрешни резултати тоа е грешка во човечки фактор, така со такво искуство, ретко но не и неможно, не треба само со една анализа т.е резултат да се даде веднаш нов лек со високи дози без да се потврди високата лабораториска вредност на тој параметар со уште еден резултат за што е даден лекот, но уеј но хау за мене!

...инаку биотрансформацијата и елиминацијата на антибиотикот од телото да трае недела, таман работа, единствено антибиотикот azithromycin кој се пие едаш дневно три дена, дополнително во телото после прекин има уште трагови од него до три дена поради природата на самиот азитромицин (да не пишуваме нашироко), па од таму се планира доколку се продолжи со друг антибиотик се чека тие три дена да се елиминира од телото.
ај вака полесно да објасниме
на своја рака земав амоксиклав,
...амоксиклав е всушност антибиотикот amoxycillin (и уште нешто дополнително) кој го пиеше или на 8ч или на 12ч зависи од јачината, па потоа кога ќе помине уште толку точно часа ти пак земаше уште една доза од антибиотикот, а знаеш зошто?

- зошто скоро цел антибиотик се елиминира од твоето тело затоа ја повторуваш дозата што ја пиеш, а не пак недела да го имаш во тебе антибиотикот за да дадеш брис.

... потребно е само малку повеќе од еден час за да се намали дозата на амоксицилин во тело школски кажано „полуживот“ на лекот и е пократок од другите антибиотици и истиот се излачува преку бубрезите и урината.

... во рок од 8 часа од земањето на антибиотикот амоксицилин, 60% од него веќе е изнесено од телото, па по последната доза на амоксицилин, може да го има во тебе максимум 8 часа, а за 12 часа, не останува ништо во тебе од тој антибиотик, е сега кај тие со пореметена функција на бубрези зашто од таму нели се исфрлува, ете ќе додадеме уште 12 ч преку сила и толку од тој амоксицилин во телото, за 24 ч нема ,,а,, од амоксицилин во твојот шлајем или назосекрет кој ќе го дадеш како брис за антибиограм, да се пие 10 дена антибиотик даден така диши не диши не знам колку е паметно, па ти сега сам/а размисли и резонирај.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.158
Поени од реакции
42.893
Не мора ко мене, еве биди ко Нордијците, нели истото го прават, ама тие изгледа се глупи. Даваат антибиотици, само во случај да спречат компликации како септичен шок. Швеѓаните од што се глупи, не воведоа мерки за короната, додека вие ги исмејувате, без да кажете според кои научни студии сметавте ќе е корисно.
И што ако попиеш една кутија антибиотици бафре? Боље поп да те пее него антибиотик? Секакви компликации можат да настанат ако ти пробуваш да ја истераш работата на природен начин.

Имам таков еден познаник, цела зима се утепа кашлајќи и повторувајќи телото требало да се избори. Ќе се бори ама нешто ќе закачиш на плуќа.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.422
Поени од реакции
7.800

Не ја труј темава со твоите глупости. Пиј си слободно и колку сакаш антибиотици, по можност уште пред да почне сезоната на настинки, водејќи се со премисата: боље спречити, него лечити :D.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.158
Поени од реакции
42.893
Не ја труј темава со твоите глупости. Пиј си слободно и колку сакаш антибиотици, по можност уште пред да почне сезоната на настинки, водејќи се со премисата: боље спречити, него лечити :D.
не се секирај бафре, не клават чипој во антибиотиците. Вие телиња многу болести ќе ги вратите ради вашите глупости. Не ги вакцинирај децата зошто предизвикувало аутизам, не давај антибиотици на болни луѓе. Али тоа е фолија еднаш ко ќе ставиш.
 
Член од
2 ноември 2022
Мислења
5
Поени од реакции
3
..прва грешка е што ти се дава терапија за последица, а не ти се открива причината и тоа при прв направен лабораториски резултат без уште еднаш да се утврди покачените тромбицити во повторна лабораториска анализа, што ако е грешка како последица од човечки фактор да речеме?
Па да, затоа ми е чудно некако да пијам аспирин месец, два. Притоа правев крвна анализа во таква состојба, на трет ден додека пиев антибиотик и имав бактериска инфекција. Денес сум супер веќе, не кашлам и немам секрет. Не ми беше потенцирано, а не ни знаев дека тромбоцити можат да се покачат ради инфекцијата, јас мислев дека нешто не е во ред ради други причини, особено откако ми рекоа да пијам месец-два аспирин. А да бидам искрен се немам ни замарано за тромбоцити и крвни слики, ништо не знам. Ми рекоа само дека све е супер ама тромбоцитите ти се покачени, над нормалата, 436 се, до 300 е нормално, ќе пиеш аспирин месец-два па ќе дојдеш нова крвна слика да правиме. Па гуглав да видам кои можат да бидат причините за покачени тромбоцити, 2 дена со тоа се замарав. Се надевам дека се поради ова кое ти ми го потенцираше, покачен PCT. Ќе направам уште еден лабораториски тест за брзо време. А дали аспиринот долго останува во крвта? Колку време откако ќе престанам да го пијам треба да помине за нова крвна слика?
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.413
Поени од реакции
10.345
Не мора ко мене, еве биди ко Нордијците, нели истото го прават, ама тие изгледа се глупи. Даваат антибиотици, само во случај да спречат компликации како септичен шок. Швеѓаните од што се глупи, не воведоа мерки за короната, додека вие ги исмејувате, без да кажете според кои научни студии сметавте ќе е корисно.
Докториве за време на најголемата пандемија кога беше, се отепаа препишувајќи сумамед таблети и тоа не по едно, туку по две кутивчиња...ни ебаа мајката, на сите ни го уништија имунитетот, жив пример сум јас, завршив после тие таблети на кортико терапија.
Антибиотици Да, не сум против, но точно да се знае кој антибиотик треба а не од ракав истресен како што прават нашиве неписмени недоучени доктори.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.057
Поени од реакции
8.795
Не мора ко мене, еве биди ко Нордијците, нели истото го прават, ама тие изгледа се глупи. Даваат антибиотици, само во случај да спречат компликации како септичен шок. Швеѓаните од што се глупи, не воведоа мерки за короната, додека вие ги исмејувате, без да кажете според кои научни студии сметавте ќе е корисно.
Добро Бафра, јас не сум толку шетан по шфеЦки, норвешки, муртино, миравци. Ква
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.171
Поени од реакции
1.052
Дали доколку , имаш повреда на тело или глава , тогаш на резултатите од крвната слика ,,црп-то " ќе биде позитивно?
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.171
Поени од реакции
1.052
Колку е тоа позитивно CRP?
Вака ,прашањето ми беше...
После мала сообркајна незгода , болка во глава со џумка да речам, велат дикторите ,-нема потреба од снимка на глава нема лоши симптоми, нема црп позитивно ,значи се е во ред.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.490
Поени од реакции
11.410
Вака ,прашањето ми беше...
После мала сообркајна незгода , болка во глава со џумка да речам, велат дикторите ,-нема потреба од снимка на глава нема лоши симптоми, нема црп позитивно ,значи се е во ред.
Ако така велат докторите, значи така е... те прегледале.

Али кога е во прашање глава многу е важно и како ти субјективно се чувствуваш. Следи даки имаш некакви промени наредниот период. Ако имаш вртоглавица, повраќање, главоболка, проблеми со видот, трк пак на доктор.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.057
Поени од реакции
8.795
Вака ,прашањето ми беше...
После мала сообркајна незгода , болка во глава со џумка да речам, велат дикторите ,-нема потреба од снимка на глава нема лоши симптоми, нема црп позитивно ,значи се е во ред.
CRP врска нема со сообраќајка. Чак и да има нешто, тоа се качува 24 часа после "инцидентот" така да тоа ти е два денара муабет.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.032
Поени од реакции
1.092
Вака ,прашањето ми беше...
После мала сообркајна незгода , болка во глава со џумка да речам, велат дикторите ,-нема потреба од снимка на глава нема лоши симптоми, нема црп позитивно ,значи се е во ред.
КТМ - Компјутерска томографија се прави за да се потврди дека нема некакви оштетувања во мозокот, особено е важно да се види да не има крварење во мозочните комори или да не е зголемен притисокот на крвта во главата.
Симптоми кои можат да ти се јават се главоболка, вртоглавица, мала несвестица доколку наеднаш станиш или се крениш од легната или седната положба.... Не е страшно до толку чим ти рекле докторките, ама биди внимателен понатаму во возењето оти најголем број од сообраќајките се случуваат токму поради свеста и важно е да бидиш наспијан, одморен, течности секојден внесувај, ако си нешто под стрес земи Б6 или бедоксин или овие одат во комбинација со Дијазепам 2мг кој помага во нервната циркулација и внимавај доста на исхраната да не се прејадуваш да биди полесна колку што можи.
 
Благодарам на исцрпниот одговор.
Мала главоболка заради преуморба, несоница, прегладнетос предходно ,и наслабен имунитет и на килажа.
Па сето тоа рефлектира.
Нема никаква несвестица , малку страв, зедов малку хелекс за смирување на пулсот па одиме на добро.
Умерена физичка активност дури се преброди периодот за да не се западне психички.
 
ivop

Актив
Член од
15 декември 2012
Мислења
74
Поени од реакции
49
Случајно ја видов темава па ај да прашам нешто :)
Бев на систематски и резултатите ми се ОК освен што приметив дека RDW-SD е надвор од границите - 38,2 (Low 38.9, High 49.0).
Исто и шеќерот ми е 6,1
Докторката ми кажа дека ми се ОК резултатите. Дома видов дека 6 е високо ниво за шеќер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom