Целта на специјалнава воена операција, како што ја води Русија, или војна пошто реално е, беа 4-5 наведени точки, не знам од која причина сеамо една, денацификација, чат пат уште една, демилитаризација, спомињате. Тие што не ги спомињате се во суштина побитни од овие што ги форсирате, а ги форсира западната пропаганда, затоа што најлесно се тригира народ на таа тема и налесно е да го изгубат у тој лавиринт од секави информации обичниот човек. Ај вака по ред да ги наброиме по нивното суштинско значење. Прва, ослободување на цела тероторија на ЛНР и ДНР. Второ, неутралност на Украина. Трето, демилитаризација. Четврто, денацификација. Пето, заштита на правата на руското население на територија на Украина. За ова петово не сум сигурен 100% дека беше вака. Ај да тргнеме со ред. Прво, уште не ја имаат под контрола цела територија во ЛНР и ДНР. Што значи не им е исполнета уште таа точка. Како одминуваше време, преговорите пропаднаа, Путин најави дека цената за мир ќе биде се поголема, па на таа нова руска територија ги додадоа Запорожје, Херсон, Харков, најверојатно ќе целат и на Одеса. Одеса е далеку од нивна, од Харков ги вратија рикверц, Запорожје и Херсон ги немаат под целосна контрола, ако ги внесоа во нивна територија официјално, ако не се лажам. За останатите точки исто за сега се несиполнети, ама за разлика од оваа првава точка, која мораат на терен да ја исполнат, односно да ја освојат територијата на воено поле, останативе 3-4 точки, ќе се решаваат на крај, во евентуален мировен договор. Се разбира, во зависност од тоа кој ќе ја добиде војната на терен доле. Неутралност, демилитаризација, денацификација, евентуални права, се точки кои единствено се решаваат на маса, мировни преговори, на крај договори. Значи, за сега ни една точка не им е исполнета, затоа што сите останати точки, зависат од првата и суштински најбитна точка, целосна територија на ЛНР и ДНР, плус областите кои после ги додадоа, што значи добивање на војната на терен доле. Ако ја исполнат првата, ќе ги исполнат и останатите, а за сега делува дека се далеку од таква ситуација.