Какви синџири? Фабриките не постојат, огромен дел се затворени и во 90тите па и работниците се веќе во пензија огромен дел. Америчката морнарица од оваа година поради немање капацитет на пристаништата за поправка, за првпат во својата историја направија промена на закон да смеат да ги поправаат во странство и ќе одат на ремонт во Сингапур и Јужна Кореја.
Немаш фабрики, немаш инжинери, немаш квалификуван работен кадар. Какви логистички синџири какви глупости, во кој момент и поради која причина биле прекината тие митски логистички синџири? Од каде ќе ги влечат работниците кои ќе работат ете во тие нови фабрики? Од индустријата која и така им страда од немање на кадар?
И патем за неможноста да се заборави како се прават некој работи.
How did we lose the technology to go to the Moon? This question was originally answered on Quora by Robert Frost.
www.forbes.com
НАСА ги има изгубено плановите за производство на Сатурн V ракетите ( ракетата која ги однела на месечината) и не се во можност да ги произведуваат повеќе. Рестартирањето на производството според нивните проценки би било еднакво на комплетно повторно развивање на ракетата поради недостаток на премногу дизајни и информации.