не знам за математиките, но на војнава изгледа и доаѓа крајот. Толку беше изгледа од помошта, советското оружје изгоре се стопи, западново не сакаат да го уништуваат баш многу пошто ги боли.
Што слушав скоро дека од ЕУ планирале 20 милијарди за наредните 4 години да обезбедат. Што е ништо со оглед дека донираа десетици милијарди овие две години.
Не би рекол дека е само затоа што ги боли, во случајот на авијација е до некаде точно, али во најголем дел е и зошто едноставно немаат капацитет да произведат нeшто ново. Моментално од Англија, Америка, Франција, Италија и Германија единствената држава која може да произведе тенк е Германија. И тоа со полно производство од дури 24 тенка годишно. Последниот Абрамс е произведен во почетокот на 90тите, моторите не се прават уште подолго. Они можат да проправат да надградад али цел тенк од почеток до крај нов не можат да направат, зошто има фалат цели делови од тенковите кои веќе не се во производство и за кој нема фабрики
Бројот на произведени Stormshadows на годишно ниво исто така не верувам дека е нешто многу поголем ако се земе дека во Либија кога Англичаните и Французите сами требаше да ја водат воздушната операција останаа без муниција за 2 месеци, а Американците повеќе не произведуваат Томахавки па така тоа е единствениот избор.
Истото е и за АТАКМ балистичките проектили за Химарс, помеѓу 600 и 2000 имаат Американците вкупно и нови не се произведуваат.
Пилоти за Амерички или Европски авиони и хеликоптери немаат, не е тоа кола па ај за 2 месеци ќе научи. И да имаат пилоти им требаат и механичари за одржување но и нови аеродроми со подолги писти. Но и најважно им требаат и критични бројки, не им требаат на Украинците 10-20 авиона, им требаат 80-100 авиона и им требаат во ист момент. А тука и ризикот по репутацијата почнува да станува доста сериозен во случај да доживеат фиаско.
Патриотите, Бредлијата, ИРИС-Т, Леопард А6 и А8, M777 од аспект на Америка и ЕУ тоа веќе беа оружја со огромна репутација кои они ги пратија ама без никакво двоумење. Овдека Патритотите се истакнуваат, да им беше само репутацијата важна патриотите никогаш немаше да се приближат до Украинската граница.
И за крај последниот проблем, Американските и ЕУ оружјата се доста трудово интензивни за одржување, еве следната година ќе биде трета година војна и веќе целото советско оружје ќе почне да мора да оди на ремонт, посебно артилеријата каде што најверојатно секоја цевка ќе треба да ја сменат. Западното оружје е далеку далеку понежно, ако ја опремат целата Украинска армија само со Америчка и ЕУ оружје, ќе треба сто илјади механичари да спремат во Полска и Словачка за константни поправки.