Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
E сега „мојот наратив“ како јас да имам агенда и лична корист. Но имам skin in the game како што кажуваат Америте, сите ние имаме (дури и вие што не сте свесни што ви е во интерес) а освен тоа знам и една работа која е скоро секогаш точна: Ако меинстрим медиумите трубат нешто што треба од корен да ги промени работите - тие не го прават тоа за мое/наше добро.
До сега сите примери од нив беа такви, буквално без исклучок.

Инаку ако за другиве работи се разијдуваме, за ова никако немаме ни надеж да се согласиме. Не заради друго, туку многу дијаматрално различни методи/теории се употребуваат за проценување на историски метереолошки/климатски податоци. Не само што очигледно тука уште многу истражувања се потребни без воопшто да се глуми лудило дека може да се донесе заклучок, туку и пак се навраќаме на она дека ако западната олигархија сака да наметне ваква промена на парадигма - тоа никако не е за доброто на нас плебсите. Тоа е добро за нив главушите. Мислам ајде, дури ни ти не си толку наивен... Не си ваљда, а? :unsure:
Премногу лесно лепиш етикети. Некој нешто не се согласува, веднаш е не на спротивната страна, туку во екстремната спротивност. Црно и бело, нема помеѓу.
Меинстрим медиумите не чинат, чекај ќе ги читам само овие што се апсолутно спротивни.

Не вреди да повторувам дека следење медиуми е само безполезно трошење време.
Нема такво нешто како дијаметрално спротивни методи во науката. Има само методи.
Оди, барај по Руската академија на науките, барај кај Кинезите, Индијците, кој и да сакаш институт, или што и да е, државно или приватно и ако најдеш став различен на овој што е во врска со глобалното затоплување, добиваш пиво.

Нема наратив. Има само опортунисти кои користат прилика. Неинформирани луѓе (како ти, бидејќи колку повеќе читаш медиуми, толку си по неинформиран) само придонесуваат за тие луѓе да си ги остварат своите цели. Бафра им е идеалната алатка. Ја имаат едната страна, другата автоматски се креира, двете не ги ни гледаат фактите во меѓусебната борба и на едната ќе им продадеш се што сакаш. На другата ќе им продаде другата страна. Совршени консумери.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.403
...

Има само опортунисти кои користат прилика. Неинформирани луѓе (како ти, бидејќи колку повеќе читаш медиуми, толку си по неинформиран) само придонесуваат за тие луѓе да си ги остварат своите цели.

...
Еее да си жив и здрав, гледаш дека сепак знаеш нешто.

Од денес па понатаму пред секоја дремка и после секое станување од кревет да одиш пред огледало и да си ги повторуваш овие сопствени зборови во лице.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.048
Добро, ти како образуван читател исклучиво на научни трудови биди љубезен па посочи кои истражувања за историјски климатолошки/метео податоци се неоспорно точни и зошто сметаш дека се точни. Кои научни методи ги користеле и врз кои појдовни податоци. Итн, итн.

Не сум отпорен на факти, посочи ги.
Во меѓувреме јас ќе останам на мислењето дека сите агенди почнати од западната олигархија, се само за нивно сопствено добро а не за доброто на луѓето. Нема да набројувам милион други примери, доволно е да останам на оваа тема и да го посочам лицемерието од истата таа олигархија (и нивните поттрчковци) за истото тоа наводно глобално затоплување и загадување со СО2:

Автоматски споено мислење:

Не вреди да повторувам дека следење медиуми е само безполезно трошење време.
Нема такво нешто како дијаметрално спротивни методи во науката. Има само методи.
Кои научни методи се употребуваат за на вики да се пишуваат ад хоминем ставови против неистомисленици?

Зошто не ги дискутираш изнесените историјски метео податоци, туку постираш нечии проформа „пресуди“ и ад хоминем?
Нели само научни трудови читаш, не сешто и сештопедии?
СО2Coalition

The CO2 Coalition is a nonprofit advocacy organization in the United States founded in 2015.[1] Its claims conflict with the scientific consensus on climate change and it spreads misinformation about climate change.[2]
Демек некои CO2 Coalition ширеле дизинформации?
Вакво тврдење го базираш на овие извори/референци:

2. Climate denial and disinformation:

Њу Јорк тајмс, Њусвик, Базфид Њус, Индепендент, и пар сајтови од НВО-а... Хаха, овие чинам не ќе се научни извори. Ниту па ти ставовите си ги формираш исклучиво од научни трудови.
Автоматски споено мислење:

Е и ова за накрај... Најмалку битно е што некои си CO2 Coalition објавиле нешто, тие само постирале податоци од истражување. Тие податоци треба да ги дискутираш, не објавувачите.

Јас и ти може да постираме податоци, и најглупото нешто би било меѓу себе на лична основа да се дискутиме - наместо самите податоци.
Тоа е дефиниција на ад хоминем.

Спомнатите CO2 Coalition можеби бирале податоци што им одговараат, но се единствените овде кои објавиле некакви научни податоци.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Од денес па понатаму пред секоја дремка и после секое станување од кревет да одиш пред огледало и да си ги повторуваш овие сопствени зборови во лице.
Слеп верник како него, повторува само тоа што системот ќе му каже да го повторува.

Неинформирани луѓе (како ти, бидејќи колку повеќе читаш медиуми, толку си по неинформиран) само придонесуваат за тие луѓе да си ги остварат своите цели. Бафра им е идеалната алатка. Ја имаат едната страна, другата автоматски се креира, двете не ги ни гледаат фактите во меѓусебната борба и на едната ќе им продадеш се што сакаш. На другата ќе им продаде другата страна. Совршени консумери.
Дај конкретно кажи што тоа јас како нивна идеална алатка ми шиткаат и го конзумирам :чда:.
Вака кога те читам, ти си тој што слепо ги следиш пропагандите, ти си тој што е согласен 90% од населението да живее како во феудализмот, ти си тој што е согласен со лагите дека СО2 ја задржува топлината, иако спроед термодинамички закони и НАСА во реалноста друго се случува, ти си тој што конзумираш пропаганда, иако самите јавно признаа дека ги менувале бројките.

Се надевам дека имаш деца, па во иднина ќе најдат утеха во твоите глупи објаснувања.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.704
Поени од реакции
42.291
наскоро кога ќе го активираат ова сценарио со климатскиве промени ќе биде весело како одненадеш се дешаваат пожари и слични "климатски" катастрофи.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Во меѓувреме јас ќе останам на мислењето дека сите агенди почнати од западната олигархија
Знаеш дека има две страни таму, така?
Едни кои се за туркање (повеќето) ретардирани политики за постигнување на некакви цели во врска со климатските промени и други кои туркаат политики целосно игнорирајќи дека климатските промени се реалност.
Така да, кога спомнуваш Запад, олигархии и не знам што, имај го ова во предвид.

Од друга страна се Кина, Русија и останати земји што немаат врска со ни една политика од САД и што имаат сопствени интереси.
Ниту една од тие земји нема став дека глобалното затоплување не постои.
Особено Кина, која како што пиша @teneke вложува најмногу за префрлање на обновливи извори.

Значи, кога одиш против тој "наратив" или како и да го викаш, знај дека официјалните ставови на двата најголеми конкуренти на САД, а тоа се Кина и Русија се исти.
И едните и другите и третите, своите ставови ги влечат од науката, каде, и покрај тоа што тие се спротивни во многу случаи со политиките на тие земји, сепак се прифатени.

Ќе повторам, јадење инсекти, забранување на земјоделие, форсирање копање нафта и јаглен се ретардирани политики, од спротивната страна на истата паричка.

Вакво тврдење го базираш на овие извори/референци:
А зошто ги игнорираш овие:

Ете имаш одлични извори што не се мејнстрим медиуми и медиуми воопшто.

Ад хоминем е fallacy каде лично го напаѓаш соговорникот, а не аргументите. Тука имаш случај каде соговорникот (Со2Coalition) e познат по тоа што фалсификува, извртува или лажи. Не е fallacy.

Во врска со методи, истражувања, надоградување на податоци и не знам што, дискутирано е наназад.
Почнувајќи одовде, па наредните десетина страни.

Еее да си жив и здрав, гледаш дека сепак знаеш нешто.

Од денес па понатаму пред секоја дремка и после секое станување од кревет да одиш пред огледало и да си ги повторуваш овие сопствени зборови во лице.
Си ги повторувам и знаејќи што се не постои, благодарен сум што не сум таков. А не е многу тешко. На неколку клика е.

ти си тој што е согласен 90% од населението да живее како во феудализмот
Цитирај ме.
Не битно, пишувано наназад, секако не читаш или не разбираш. Не сум сигурен кое е точно.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Ќе повторам, јадење инсекти, забранување на земјоделие, форсирање копање нафта и јаглен се ретардирани политики, од спротивната страна на истата паричка.
Јадење инсекти, забрана на месо, млеко, сточарство се тоа иде во пакет со мерките кои ти ги браниш. Тоа што ти во твојата глава си бираш одредени работи, во реалноста не фунцкионира така. Ти во 2023 почнуваш полека да се дистанцираш од одредени планови и цели од таборот на " зелени " извори на енергија, ама тоа не иде така, нема бирање, целиот пакет мерки топтан ќе си го прифатиме.

И по милионити пат, никој не кажува дека досегашната технологија базирана на нафта и јаглен е супер, дека не загадува, туку дека замената која ти толку упорно, но очајно без факти, ја браниш е ист курац, дури и полошо е за обичниот човек. Значи предложи друга опција, која ќе има подобри ефекти и за планетата и за луѓето, сигурно секој ќе се сложи.

Цитирај ме.
Не битно, пишувано наназад, секако не читаш или не разбираш. Не сум сигурен кое е точно.
Самиот пред неколку години собра храброст и кажа дека мерките кои ги предлагате автоматски значи многу поскап живот. Па земајќи во обзир дека се ќе поскапи, како мислиш 90% од населението ќе успее да живее како до сега? Значи ниту финансиски е изводливо, ниту пак физички е изводливо сегашниот начин на живот да се префрли како што ти си фантазираш.

The quantity of metal required to make just one generation of renewable tech units to replace fossil fuels is much larger than first thought. Current mining production of these metals is not even close to meeting demand. Current reported mineral reserves are also not enough in size. Most concerning is copper as one of the flagged shortfalls. Exploration for more at required volumes will be difficult, with this seminar addressing these issues.” (Source: Simon P. Michaux, Associate Research Professor of Geometallurgy Unit Minerals Processing and Materials Research, Geological Survey of Finland, August 18, 2022 – Seminar: What Would It Take To Replace The Existing Fossil Fuel System?)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.048
Ад хоминем е fallacy каде лично го напаѓаш соговорникот, а не аргументите. Тука имаш случај каде соговорникот (Со2Coalition) e познат по тоа што фалсификува, извртува или лажи. Не е fallacy.

Во врска со методи, истражувања, надоградување на податоци и не знам што, дискутирано е наназад.
Почнувајќи одовде, па наредните десетина страни.
Не.

Прво не, таму каде линкаш не го дискутираш временскиот период кој ти го посочувам. Јас ти зборувам за 10 и повеќе илјади години наназад, ти си посочил податоци најмногу за последните 2000. Па погледај на графикот долу, со податоците од 10000 години наназад зошто е потребен поголем временски период за добивање контекст.
Второ не, ич не ми е „познато“ тие т.н. со2 коалиција дали се поштени или не - и не ми е ни битно. Тие само објавиле нечии туѓи истражувања. Тие податоци од истражувањата се тоа што треба да се дискутираат... Мислам ако сакаш научен пристап.

Но ти ги игнорираш аргументите, наместо нив го коментираш некој рандом објавувач. Не само ад хоминем туку и строумен аргумент правиш, дупла логичка грешка. Наместо да ги критикуваш аргументите, ти бараш некој друг да критикуваш во случајов тие со2 коалиција. Најпосле денес сите што не се поклапаат со меинстрим наративата, за сите има некакви „фејк њуз“ етикети на разни сваштапедии сајтови.

Ај остај заглупувања.
Повторно, ако имаш нешто што сметаш дека се попрецизни податоци од тие во графиков долу - дај да видиме. И објасни зошто податоциве од графиков сметаш дека не се точни.

Не е дека јас по секоја цена сакам да е вака или онака, туку ништо досега што имам видено не потврдува дека сега се случува нешто катастрофално и дека тоа што сакаат да го наметнат - дека ќе направи да се спречи тоа.

Гледам на графикот пишува дека податоците за температурите се од извесен Richard Alley
Abstract
Richard Alley, one of the world's leading climate researchers, tells the fascinating history of global climate changes as revealed by reading the annual rings of ice from cores drilled in Greenland. In the 1990s he and his colleagues made headlines with the discovery that the last ice age came to an abrupt end over a period of only three years. Here Alley offers the first popular account of the wildly fluctuating climate that characterized most of prehistory--long deep freezes alternating briefly with mild conditions--and explains that we humans have experienced an unusually temperate climate. But, he warns, our comfortable environment could come to an end in a matter of years. The Two-Mile Time Machine begins with the story behind the extensive research in Greenland in the early 1990s, when scientists were beginning to discover ancient ice as an archive of critical information about the climate. Drilling down two miles into the ice, they found atmospheric chemicals and dust that enabled them to construct a record of such phenomena as wind patterns and precipitation over the past 110,000 years. The record suggests that "switches" as well as "dials" control the earth's climate, affecting, for example, hot ocean currents that today enable roses to grow in Europe farther north than polar bears grow in Canada. Throughout most of history, these currents switched on and off repeatedly (due partly to collapsing ice sheets), throwing much of the world from hot to icy and back again in as little as a few years. Alley explains the discovery process in terms the general reader can understand, while laying out the issues that require further study: What are the mechanisms that turn these dials and flip these switches? Is the earth due for another drastic change, one that will reconfigure coastlines or send certain regions into severe drought? Will global warming combine with natural variations in Earth's orbit to flip the North Atlantic switch again? Predicting the long-term climate is one of the greatest challenges facing scientists in the twenty-first century, and Alley tells us what we need to know in order to understand and perhaps overcome climate changes in the future.

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Прво не, таму каде линкаш не го дискутираш временскиот период кој ти го посочувам. Јас ти зборувам за 10 и повеќе илјади години наназад, ти си посочил податоци најмногу за последните 2000. Па погледај на графикот долу, со податоците од 10000 години наназад зошто е потребен поголем временски период за добивање контекст.
Второ не, ич не ми е „познато“ тие т.н. со2 коалиција дали се поштени или не - и не ми е ни битно. Тие само објавиле нечии туѓи истражувања. Тие податоци од истражувањата се тоа што треба да се дискутираат... Мислам ако сакаш научен пристап.
Хехе, треба да се дискутираат а?
Зошто не дискутираш со "податоците и истражувањата" што ги нудат рамноземјашите?
Има одредена граница до каде може да дискутираш.
Не дискутираш со некој кој лаже, извртува аргументи, игнорира факти.
Ти пишав претходно, ако не ги сакаш Американците, види ги Русите, Кинезите, останатите. Иако е погрешен начин и тоа.

Ад хоминем е напад на противникот.
Лажни податоци не се ад хоминем.
Strawman е графикот погоре. Иако не е точен, ќе видиш подолу.
Ако ги земиме во предвид последните милијарда години, очигледно е дека планетава се лади, хехе. Тоа е аргументот или т.н. аргумент на вакви организации. Што е fallacy во контекстов.

Проблемот е што вакви организации, едукативни, информативни и не знам какви се поддржани од онаа другата страна, што пробува да си го одржи профитот, па по цена на многу животи. Не и е првпат. И многу други.

Кога би го знаел консензусот на научниците за гравитацијата, би барал податоци или дискутирал против тоа?

Темпераурите во последните десетици милиони години:
1689766821009.png

Истражувања од различни институти;
1689766900931.png

Просекот од последните 12000 години (забележи каде е 2016та);
1689766970667.png

И што направивме за неколку декади:

1689767010109.png

Јасна слика за последните 10 000 години, земени во предвид и последните декади:
1689767057322.png

Дали на некој би му објаснувал дека Земјата е топка?

Сето ова е пишувано наназад.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.048
Ништо не си објаснил. Само бапна куп графици за кои исто не сме утврдиле дали содржат точни податоци.
Никако не ја утврдуваш точноста или неточноста од податоците во графикот кој јас го посочив, ниту во тие графици што ти ги објави.

За логички грешки ќе престанам да дискутирам. Не разбираш и нема да разбереш, не ако не ти е јасно дека правеше ад хоминем поназад и дека сега со наметнувањето споредба со „рамна земја“ глупостите - пак правиш логичка грешка.

Земјата е топчеста крушковидна планета. Докажано е и секако и во пракса со оддалечување од планетата. Од друга страна тоа не можеш да го кажеш за историјата на глобалните трендови во температурите. Односно можеш ама смешно е/ќе биде затоа што нема недвојбени докази и очигледно е дека наративата се бутка на сила.
Кои биле точните историјски температурни податоци? Тоа се некои +/- проценки и предвидувања од алгоритми кои не можеме со сигурност и точно да ги определиме. Ете некои толкувања се такви, некои онакви. Јас ти покажав едно толкување, ти друго. Кое е точно, и како заклучуваш?

Во таква ситуација наместо поопсежни, објективни и конклузивни истражувања со недвојбени резултати - ние како вид треба колективно да сме идиоти за да се технолошки да ограничуваме за нечии политички агенди.

На крај никако да разбереш една важна работа. Колку СО2 сега продуцира живиот свет на планетата, и дали ова е бројка која реално може да се процени? Колкав во споредба е човековиот уддел? Како да се намалат СО2 емисиите од човештвото а притоа да не го спречиме или дури и уназадиме развојот? Развојот е исклучително важен, затоа што утре може да се случи реален глобален предизвик со кој може да се справи само технолшки поразвиена цивилизација.
Без разлика на исходот од дилемава за климатолошките промени и ете во некаква теоретска варијанта дека си (сте) во право и дека треба да се намалат емисии на СО2 - што треба и како треба да се направи тоа?

Ова не е прашање од типот на тоа дали земјата е рамна или е планета. Овде никако не можеш да бидеш сигурен во вистинитоста на било која наратива. Но можеш да се запрашаш qui bono, и да ја видиш историјата на ваквите контроверзни тврдења кои доаѓаат од западната олигархија а реално се без недвојбени и јасни научни заклучоци.
Автоматски споено мислење:

П.С. Научен консенсуз е несигурна работа во денешното општество. Еве пример од западот... Таму има недостиг на научници кои јавно и гласно кажуваат дека кај животот на планетава постојат само два пола. Во таа ситуација некаков т.н. „научен консенсуз“ излегува дека е спротивното од реалноста (која сите нормални ја знаеме, има два пола машки и женски). Но ете според тој „консенсуз“ постоеле многу полови, и демек секој можел едноставно да си одбере што е. Независно од биологија, независно од наука, независно од реалност.

П.П.С. Пред да се пожалиш дека ова не е исто што и климатолошка историја, сети се кој прв направи споредба со рамна земја. :)
Ова барем е подобар пример, барем кога зборуваме за „консенсуз“
 
Игнорирај ги графиците. Читај ги заклучоците.
Остави ги Американците. Читај ги останатите.
Остави ги денешните научници, читај ги тие пред 2, 3, 4 децении.
Можеш дури и комотно да ги игнорираш податоците од геолошките истражувања и да се фокусираш само на мерењата во последниот век.

Има еден куп експерименти што покажуваат дека СО2 е гас што е изолатор, т.е. не ја пушта топлината.
СО2 е потежок од воздухот, не бега во вселената.
Концентрацијата на СО2 во воздухот е зголемена двојно (засега) од почетокот на индустријализацијата.
Може дури и да се најде од каде е дојден тој СО2.

Науката е ЈАСНА. Промени во климата се предизвикани од СО2.
Политичарите НЕ СЕ. Ја користат секоја прилика за своја корист.
Тука тебе ти е проблемот. Всушност, секое случување ти го гледаш низ тие очила.
Има еден куп истражувања, буквално за се. За историски температури, за историски процент на СО2 и друго.
Пробувањето да го негираш глобалното затоплување е како да пробуваш да негираш дека Земјата е топка.
 
кој ги направи овие графици? Може да им веруваме на тие луѓе? И овој Колин Пауел мафташе со некоја епрувета, но на крај испадна мучка работата.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.048
Игнорирај ги графиците. Читај ги заклучоците.
...
Можеш дури и комотно да ги игнорираш податоците од геолошките истражувања и да се фокусираш само на мерењата во последниот век.
Не можеш „да се фокусираш само на мерењата во последниот век“.
Ако е точно тоа дека претходно имало и многу повисоки скокови и падови, тогаш како е ОК да се лимитираш само на краток период? На пример ако си во глобален пад со моментален мал скок - тогаш како е релевантен само малиот дел со скокот? Не велам дека е вака, кажувам дека не знаеме.

Има еден куп експерименти што покажуваат дека СО2 е гас што е изолатор, т.е. не ја пушта топлината.
СО2 е потежок од воздухот, не бега во вселената.
Да. Исто така небото е сино (кога не е облачно), водата е влажна, итн.

Науката е ЈАСНА. Промени во климата се предизвикани од СО2.
Неспорно.

Спорното е тоа за наводните промени во СО2 концентрација:
- КОЛКАВ ПРОЦЕНТ се во однос на потребната количина за лоши последици
- КОЛКАВ ПРОЦЕНТ е човечкиот допринос во однос на целиот огромен жив свет на планетава
- што реално треба да се направи за намалување на СО2 (мислам покрај што повеќе летање со приватни авиони на нашите мили робовласници, крузање во огромни приватни јахти, и слично)

Има еден куп истражувања, буквално за се. За историски температури, за историски процент на СО2 и друго.
Има и такви и вакви резултати од истражувања. Како знаеш и како проценуваш кои се точни а кои не се? Елаборирај малку, да научиме нешто.

Пробувањето да го негираш глобалното затоплување е како да пробуваш да негираш дека Земјата е топка.
Зошто сметаш дека е исто?
Земјата е планета, докажно е на милион начини и со милион научни методи. Спротивната теорија приказна за „рамна земја“ нема аргументи. Во контраст за глобалните трендови за историјските температури има и овакви и онакви проценки... Како може овие две работи (баби и жаби) да бидат исти?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Науката е ЈАСНА. Промени во климата се предизвикани од СО2.
Политичарите НЕ СЕ.
Науката вика, а од 10.000, само 75 се согласни дека СО2 е причина за промени во климата.

Првин тврдеа глобално заладување. После тврдеа глобално затоплување и дека веќе снег нема да видиме, глечерите ќе ги снемало итн итн.
Сега после 10тина години, откако ништо од тоа не се случи, се користи терминот промени во климата :pos:

Нешто што е 0.04 % во воздухот иако термодинамика вели НЕ може да влијае, НАСА вели дека помага во ладењето, битно Хјуман со неговите измислени научници смета дека е во право, ја следи мантрата на политичарите, а други обвинува дека тоа го правеле. :facepalm:
Лудило.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Западот за разлика од Кина која што стварно превзема мерки, се занимава со ова:

SNP admits to felling 16 million trees to develop wind farms
Almost 16 million trees have been chopped down on publicly owned land in Scotland to make way for wind farms, an SNP minister had admitted amid a major drive to erect more turbines.

Mairi Gougeon, the Rural Affairs Secretary, estimated that 15.7 million trees had been felled since 2000 in land that is currently managed by agency Forestry and Land Scotland (FLS) - the equivalent of more than 1,700 per day.

Ова би рекол дека е претурање од шупливо во празно, но реално секогаш се работи за голема корупција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom