Хорор филмови

Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Дај малце повеќе детали, вака ептен опширно е :)

Нови, стари? популарни, непознати? страшни, напнати? спори, психолошки. Дај малце повеќе инфромации па ќе добиеш препораки.
Истото што го кажа ace-R-mk ,да бидат понови. Да не бидат ептен хард-кор туку по-мек хорор ,да нема бајаги крв ,т.е. психолошки.

Ако најдеш баш ваков ,имаш гратис стриптиз во Лас Вегас... шала на страна не мора да биде 100% ваков ,нешто слично на ова. Благодарам однапред ,ако најдеш.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.482

Хорор/трилер.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Може ли да ми кажете кои се најдобрите хорор филмови со онака грпуа млади луѓе се собираат и еден по еден ги снемува знате веќе што во тој стил...
House of the Dead (2003) :icon_lol::icon_lol:

Ниту е лош ниту е добар ама е ЗАБАВЕН. Колку подосадни филмови имало... А зошто е ниска оценката таму е приказна за себе, тоа не е оценка на филмот. Приказната ќе ја раскажам во друга прилика.

Друго што ми паѓа на ума со оваа тематика е Hellraiser 8ката (на Сител го давале 100тина пати xD) ама и овај не е баш во најдобрите.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.482
House of the Dead (2003) :icon_lol::icon_lol:

Ниту е лош ниту е добар ама е ЗАБАВЕН. Колку подосадни филмови имало... А зошто е ниска оценката таму е приказна за себе, тоа не е оценка на филмот. Приказната ќе ја раскажам во друга прилика.
јас ќе ти кажам зашто е ниска оценката затоа што филмот е катастрофа, т.е. спаѓа во категоријата so bad its good! што значи го гледаш за да фаќаш сеир и да се смееш на глупостите, значи на кратко комедии :pos:

Џабе не е во категоријата најниско оценети филмови :)
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
јас ќе ти кажам зашто е ниска оценката затоа што филмот е катастрофа, т.е. спаѓа во категоријата so bad its good! што значи го гледаш за да фаќаш сеир и да се смееш на глупостите, значи на кратко комедии :pos:

Џабе не е во категоријата најниско оценети филмови :)
Епа баш тоа го прави забавен. А ако е забавен не е лош. Катастрофа значи нешто ептен за никаде.

А филмот можиш и да го сфатиш како прикриена пародија на таквите хорори, а и на самиот себе. Јас сигурен сум дека режисерот бил свесен колку неоригинален филм прави.

Добар или лош или катастрофа, таа сцената кај шо секој пука по секого и секој брка секого е ептен опасна сцена. Дели од цел филм, не е воовичаена сцена во која не се знај кој јади, кој пија и кој плаќа.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да не испадне дека само ги критикувам новиве хорор филмови, еве еден кој за мене беше пријатно изненадување.
MIRRORS
Сосем ја занемарувам оценката на IMDB кога станува збор за овој филм. Мене многу ми се допадна, а богами и Кифер кој мислев ќе изиграва Џек Бауер ме изненади на добро. Јас и онака никогаш не го потценував Кифер како актер, ама ептен легна во улогата на Џеки па заборави дека може да одигра и нешто друго.
Како и да е, доста језив филм. Да ве видам после филмов колку ќе ги сакате огледалата:icon_lol:
 
Го имам гледано доста солидно, ми се допадна сетапот и онаа руална атмосфера. Впрочем тоа и може да се очекува од Алекснадра Аја, одличен режисер е!
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Го имам гледано доста солидно, ми се допадна сетапот и онаа руално атмосфера. Впрочем тоа и може да се очекува од Алекснадра Аја, одличен режисер е!
Па и затоа гледам оценка на ИМДБ која досега и ја немав забележано, и гледам некако слабо прифатен филмов. А навистина е солиден, барем што се однесува до мене јас не можев да го предвидам текот и крајот,што значи има и добар трилер елемент во него.
А за замокот да не правиме муабет, толку добро ја доловиле таа мрачна атмосфера што мора да се честита...:)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.482
Па и затоа гледам оценка на ИМДБ која досега и ја немав забележано, и гледам некако слабо прифатен филмов. А навистина е солиден, барем што се однесува до мене јас не можев да го предвидам текот и крајот,што значи има и добар трилер елемент во него.
А за замокот да не правиме муабет, толку добро ја доловиле таа мрачна атмосфера што мора да се честита...:)
Eве уште еден одличен од него, трилер/хорор.

P2
 
penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Се израдував што изгледав одличен, нов хорор филм:)The Descent, многу ефективен, стварно се соживеав со девојките. Пофалба до режисерот што успеал да направи таков филм, максимално ја искористил локацијата, светлото т.е темнината,а имаше и добра приказна која успеа да ме подзамисли.
 
Глуп е Descent. Цел филм е...
...темница, трчкање наоколу, појачан звук на дишење, палење запалки и... тоа. А крајот неможеше да биди поглуп.
Приказната? Не ми требаше descent за да сфатам дека постојат сеуште неоткриени видови. Ама тешко дека се ко тие таму.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.482
Се израдував што изгледав одличен, нов хорор филм:)The Descent, многу ефективен, стварно се соживеав со девојките. Пофалба до режисерот што успеал да направи таков филм, максимално ја искористил локацијата, светлото т.е темнината,а имаше и добра приказна која успеа да ме подзамисли.

Истиот режисер,друг филм според многумина вклучувајќи ме и мене еден од најдобрите нови филмови, Нил Маршал е одличен во доловуање на она автентично чуство без разлика за какво опркужување се работи. Кога веќе сме кај нови хорор/сф филмови, постои еден што ги надмина сите без конкуренција. Cloverfiled!!! филмов ќе ве зашемети и запрепасти во исто време, невиденно чуство на паника,страв и терор! предизвикува кај гледачот позади него стои кретарот на Лост, серија која стана многу полоша одкако он ја напушти по завршувањето на 2 сезона, големиот Џ.Џ. Абрамс!

--- надополнето ---

Глуп е Descent. Цел филм е...
...темница, трчкање наоколу, појачан звук на дишење, палење запалки и... тоа. А крајот неможеше да биди поглуп.
Приказната? Не ми требаше descent за да сфатам дека постојат сеуште неоткриени видови. Ама тешко дека се ко тие таму.
Значи стварно не те разбирам, збориш лошо за филм како Десцент, а од друга срана ти се допаѓа филм од дното на рејтинзите на Имдб, згора на тоа Десцент завзема култно место кај повеќето од љубителите на хорор филмовите. Иако се согласувам дека крајот не беше најдобро оформен.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Истиот режисер,друг филм според многумина вклучувајќи ме и мене еден од најдобрите нови филмови, Нил Маршал е одличен во доловуање на она автентично чуство без разлика за какво опркужување се работи. Кога веќе сме кај нови хорор/сф филмови, постои еден што ги надмина сите без конкуренција. Cloverfiled!!! филмов ќе ве зашемети и запрепасти во исто време, невиденно чуство на паника,страв и терор! предизвикува кај гледачот позади него стои кретарот на Лост, серија која стана многу полоша одкако он ја напушти по завршувањето на 2 сезона, големиот Џ.Џ. Абрамс!

Вреди сега да го симнувам и да го гледам? :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.482
Вреди сега да го симнувам и да го гледам? :)
Cloverfiled? не да вреди него немам доволно зборови за него, ќе те држи "on the edge of the seat" нон стоп!

П.С. Сниман е со техника популарно наречена shaky cam, мада не пречи како на другите филмови од овој тип напротив го прави уште по тензичен и напнат,ако тоа не ти смета тогаш се работи за многу добар филм!
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Значи стварно не те разбирам
Сум го слушнал ова и другпат.
а од друга срана ти се допаѓа филм од дното на рејтинзите на Имдб
Имдб си е имдб секој гласа, па дури и некој кој не го гледал филмот. Плус како што реков има посебна приказна за тоа што тој филм е таму каде што е на ИМДБ.
згора на тоа Десцент завзема култно место кај повеќето од љубителите на хорор филмовите. Иако се согласувам дека крајот не беше најдобро оформен.
Е што култен?
Филмот е интересен до првиот контакт со чудовиштата, одат на некое непознато и неистражено место. После е контактот со чудовиштата и после се знае, сѐ ќе испокасапат тие и тоа тоа. Еден можи и ќе се спаси. За малце Alien.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom