Ова е тотален офтопик споредено со тоа како почна муабетот. Муабетот почна со тоа дека компаниите што ги зборевме, не можат да си дозволат да отпуштат некој како технолошки вишок. И начинот на кои функционираат тие компании е таков, да не можат.
Големите бизниси се тие што ја гледаат целата слика. Од продуктно ниво за тоа како да го развијат, хостираат, продадат, сапортираат продуктот во наредна деценија, преку ниво на портфолио од аспект што треба да доразвијат за да се маркет лидерс, до ниво на компаниска стратегија за како да зголемат вредност и да постигнат некоја стратешка цел (како IPO, acquisition или слично).
Малите бизниси се опортуни. Ако има шанса негде, ја земаат. Нема за нив голема слика и стратегија. Нема 5 или 10 годишен развоен план. Има проект, со сума. Целта е да го добиеш, и најголем дел од приходот да го транзитираш во профит. Каква цела слика има тука?
Бркање на клиенти си е работа на продажба, како што е моја работа да направам план кој ќе деливира продукт што ќе може да се користи и проширува во наредни 15 години, ќе може да се синхронизира со сите останати системи на клиентот, ќе може лесно да се сапортира од нетехнички лица и ќе може да издржи милиони корисници. Притоа да изберам технологија за која ќе може лесно да се наоѓаат луѓе, а се што е егзотично и краткорочно да го аутсорсирам на подизведувачи. И не ни сакам да се бавам со продажба, а ни колегите од продажба со развој, зошто ниту јас сум добар продавач, ниту тие се добри развивачи.
И знаејќи го тоа погоре, јас никогаш не би работел за фирма подизведувач. Зошто знам што големите изведувачи аутсорсаат кон подизведувачи.
Он топик, тоа би било мојот совет кон некој помлад колега, ако ја чита темава. Кога бирате работно место, бегајте од егзотични технологии и фирми подизведувачи. Бирајте фирми кои имаат сопствен продукт, се главни изведувачи (клиентите немаат сопствен развој, туку целиот развој го предале на фирмата што ве вработува) или работат косорсинг (фирмата за кога го градите продуктот има развоен тим, ама луѓето од тој развоен тим ќе работат на истиот продукт и во истиот тим со вас). Ако работа ви нуди аутсорсинг фирма, што би ве вработила на проект што сама го менаџира, тогаш треба платата што сте ја замислиле да ја помножите со 1.5. Доколку технологиите се егзотични, уште 1.5 на предходната бројка. Зошто тоа работно искуство секако ќе биде само почалба.