ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.412
Ххахаха, ова од искуство ми го пишуваш, или ти кажа некој?
Колку фирми имаш добиено на суд?
Колку пати си се тужел да видиш колкави се судските трошоци?

Ако нема потреба фирмата нормално дека ќе ги укине тие позиции, биди сигурен дека некој ќе те држи на работа особено со платите од ИТ ;)

Еве ти да си газда во таа фирмата, колку месеци би држел некој на работа без да работи, а го плаќаш 3-4к евра месечно?
Во случај да изгубиш обем на работа, може да го отпуштиш како технолошки вишок. Ама тука не збориме за тоа, зошто реално нема сериозна ИТ фирма на пазаров што би си дозволила официјално да пријави технолошки вишок.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515

Значи фирмите во МКД се посериозни од компании како Амазон, МЕТА, Твитер, Гугл и тн?

Ако од маркетинг перспектива сметаат дека им е поефтино да обештетат и да избркаат, или пак да те натераат сам да избегаш, тогаш ок, тоа си е деловна одлука, но далеку од тоа дека законот не дава можност за да отпуштиш непотребен кадар.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.418
Поени од реакции
18.581
Па он вајда на тоа мисли, или што и да е тие 10те правници што го советувале :D
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Ххахаха, ова од искуство ми го пишуваш, или ти кажа некој?
Колку фирми имаш добиено на суд?
Колку пати си се тужел да видиш колкави се судските трошоци?

Ако нема потреба фирмата нормално дека ќе ги укине тие позиции, биди сигурен дека некој ќе те држи на работа особено со платите од ИТ ;)

Еве ти да си газда во таа фирмата, колку месеци би држел некој на работа без да работи, а го плаќаш 3-4к евра месечно?
Немало потреба да тужам зашто неам добиено отказ туку имам давано само. За ова незнам ама за други работи што сум бил по судови знам колку се трошкови и лично знам лица што добија далеку помоќни фирми од овие нашиве ИТ фирми кои 95% рентаат програмери на странски клиенти. Имиња и презимиња секако нема да ти пишувам на јавен форум. Си има закон за работни односи и е дефинирано кога може работодавачот да даде отказ. Се надвор од тоа може да те тужи и верувај добиваат. Ако вработен поднесе тужва против тебе ти законски не смееш отказ да му дадеш потоа.
Не е ова САД каде мејл ти стиза сабајле и тоа е.

Ако сум газда или спогодбено или технолошки вишок. Секоја посериозна ИТ фирма отиде спогодбено, Симфони им понуди незнам колку плати и доста прифатија и си најдоа работа одма и си шетаа еден месец.

Значи фирмите во МКД се посериозни од компании како Амазон, МЕТА, Твитер, Гугл и тн?

Ако од маркетинг перспектива сметаат дека им е поефтино да обештетат и да избркаат, или пак да те натераат сам да избегаш, тогаш ок, тоа си е деловна одлука, но далеку од тоа дека законот не дава можност за да отпуштиш непотребен кадар.
Што мислиш како им оди отпуштањето на овие фирми по Европа ?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.418
Поени од реакции
18.581
Значи фирмите во МКД се посериозни од компании како Амазон, МЕТА, Твитер, Гугл и тн?

Ако од маркетинг перспектива сметаат дека им е поефтино да обештетат и да избркаат, или пак да те натераат сам да избегаш, тогаш ок, тоа си е деловна одлука, но далеку од тоа дека законот не дава можност за да отпуштиш непотребен кадар.
Тие фирми не оперираат во Македонија. Си имаат други закони, амерички таму. У Македонија не моеш да бркаш луѓе така. Ние и повеќето земји од европа иаме такви закони.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.412
Значи фирмите во МКД се посериозни од компании како Амазон, МЕТА, Твитер, Гугл и тн?

Ако од маркетинг перспектива сметаат дека им е поефтино да обештетат и да избркаат, или пак да те натераат сам да избегаш, тогаш ок, тоа си е деловна одлука, но далеку од тоа дека законот не дава можност за да отпуштиш непотребен кадар.
Амазон, Мета, Твитер, Гугл или било кој, максимално ги почитува локалните закони во државите во кои работи. Еве најди ми колку луѓе отпуштија во Европа? https://www.bloomberg.com/news/articles/2023-04-06/google-and-amazon-struggle-to-lay-off-workers-in-europe?in_source=embedded-checkout-banner

Не е само маркетинг, туку и правна перспектива, финансиска перспектива, тендерски регулативи со клиенти (99% од клиентите во Европа ти бараат anti slavery изјава, и едно незаконско отпуштање би ти ги направило сите договори со клиенти ништовни), вреднување на компанијата при скенинг (отпуштања заради технолошки висок во последните 5 години е пенал од 30% на вредноста на компанијата) и уште еден куп други аспекти.

Ако некој адвокат ти рекол дека можеш да отпуштиш некого како технолошки вишок и после тоа да вработиш друг, само со тоа што ќе ја смениш титулата на позицијата и ќе ги рефразираш одговорностите, тој адвокат е неписмен кога се во прашање корпорации.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Немало потреба да тужам зашто неам добиено отказ туку имам давано само. За ова незнам ама за други работи што сум бил по судови знам колку се трошкови и лично знам лица што добија далеку помоќни фирми од овие нашиве ИТ фирми кои 95% рентаат програмери на странски клиенти. Имиња и презимиња секако нема да ти пишувам на јавен форум. Си има закон за работни односи и е дефинирано кога може работодавачот да даде отказ. Се надвор од тоа може да те тужи и верувај добиваат. Ако вработен поднесе тужва против тебе ти законски не смееш отказ да му дадеш потоа.
Не е ова САД каде мејл ти стиза сабајле и тоа е.

Ако сум газда или спогодбено или технолошки вишок. Секоја посериозна ИТ фирма отиде спогодбено, Симфони им понуди незнам колку плати и доста прифатија и си најдоа работа одма и си шетаа еден месец.

Што мислиш како им оди отпуштањето на овие фирми по Европа ?
Па тоа го зборувам дека е по закон за работни односи, не е дека му текнало на некој, иако лично сум за америчкиот начин.
Па он вајда на тоа мисли, или што и да е тие 10те правници што го советувале :D
Нареден пат тебе ќе те прашам, ич да не бериш гајле ;)

Амазон, Мета, Твитер, Гугл или било кој, максимално ги почитува локалните закони во државите во кои работи. Еве најди ми колку луѓе отпуштија во Европа? https://www.bloomberg.com/news/articles/2023-04-06/google-and-amazon-struggle-to-lay-off-workers-in-europe?in_source=embedded-checkout-banner

Не е само маркетинг, туку и правна перспектива, финансиска перспектива, тендерски регулативи со клиенти (99% од клиентите во Европа ти бараат anti slavery изјава, и едно незаконско отпуштање би ти ги направило сите договори со клиенти ништовни), вреднување на компанијата при скенинг (отпуштања заради технолошки висок во последните 5 години е пенал од 30% на вредноста на компанијата) и уште еден куп други аспекти.

Ако некој адвокат ти рекол дека можеш да отпуштиш некого како технолошки вишок и после тоа да вработиш друг, само со тоа што ќе ја смениш титулата на позицијата и ќе ги рефразираш одговорностите, тој адвокат е неписмен кога се во прашање корпорации.
Бркаат и во Европа, само побавно.

Не знам за какви клиенти работите, али фирмиве за кои работиме се сите со обрт од 50 -300+ милиони годишен обрт, и никаде немаме anti-slavery во договорите, ниту пак сме потпишувале изјава. Освен ако не ви се договорите потпишани со локалното претставништво, не гледам друга препрека.

На крај од денот технолошки вишок не е робовладетелство, едноставно бизнисот не може да ги искористи нивните вештини во тековните проекти. Една работа е да не ги плаќаш, или да се платени пониско од просекот, друго е да намалуваш или зголемуваш број на вработени согласно побарувачката на пазарот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.412
Па тоа го зборувам дека е по закон за работни односи, не е дека му текнало на некој, иако лично сум за америчкиот начин.

Нареден пат тебе ќе те прашам, ич да не бериш гајле ;)

Бркаат и во Европа, само побавно.

Не знам за какви клиенти работите, али фирмиве за кои работиме се сите со обрт од 50 -300+ милиони годишен обрт, и никаде немаме anti-slavery во договорите, ниту пак сме потпишувале изјава. Освен ако не ви се договорите потпишани со локалното претставништво, не гледам друга препрека.

На крај од денот технолошки вишок не е робовладетелство, едноставно бизнисот не може да ги искористи нивните вештини во тековните проекти. Една работа е да не ги плаќаш, или да се платени пониско од просекот, друго е да намалуваш или зголемуваш број на вработени согласно побарувачката на пазарот.
Така де, побавно, зошто мора да се покријат законски.

Клиенти ни се крајни корисници на софтверот, меѓу кои и држави, вклучително и Австралија, и сите го бараат тоа. Без разлика кој правен субјект го направил прекршокот, тоа е тотално небитно, апсолутно сите потпаѓаат под годишен екстерен аудит.

Технолошки вишок не е робовладетелство, незаконско отпуштање е. Ако отпуштиш некого заради технолошки вишок, доколку после тоа сакаш да вработуваш други луѓе, мораш прво на тој човек да му понудиш да се врати назад. Така да, ако си отпуштил заради технолошки вишок (збориме како начин да отпуштиш непродуктивни вработени, не како објективна потреба) целосно си се лишил од можноста да ја шириш фирмата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Така де, побавно, зошто мора да се покријат законски.

Клиенти ни се крајни корисници на софтверот, меѓу кои и држави, вклучително и Австралија, и сите го бараат тоа. Без разлика кој правен субјект го направил прекршокот, тоа е тотално небитно, апсолутно сите потпаѓаат под годишен екстерен аудит.

Технолошки вишок не е робовладетелство, незаконско отпуштање е. Ако отпуштиш некого заради технолошки вишок, доколку после тоа сакаш да вработуваш други луѓе, мораш прво на тој човек да му понудиш да се врати назад. Така да, ако си отпуштил заради технолошки вишок (збориме како начин да отпуштиш непродуктивни вработени, не како објективна потреба) целосно си се лишил од можноста да ја шириш фирмата.
Со државни институции немам работено никаде, и не знам што би барале, а за приватен сектор никаде немам добиено барање да потпишувам такви изјави, ниту пак зошто се зголемувал или намалувал бројот на вработени.

Инаку напредуваме со дискусијава, од не може и робовладетелство, дојдовме дека може, ама нема да расте бизнисот, што пак е далеку од реалноста.

Нема потреба да барам да се врати на работа, ако нема допирна точка со новите проекти и технологии.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.412
Со државни институции немам работено никаде, и не знам што би барале, а за приватен сектор никаде немам добиено барање да потпишувам такви изјави, ниту пак зошто се зголемувал или намалувал бројот на вработени.

Инаку напредуваме со дискусијава, од не може и робовладетелство, дојдовме дека може, ама нема да расте бизнисот, што пак е далеку од реалноста.

Нема потреба да барам да се врати на работа, ако нема допирна точка со новите проекти и технологии.
Апсолутно никој нема пишано дека не може да отпуштиш некого како технолошки вишок. Туку дека е самоубиство по бизнисот.

Сигурно .нет или јава девелопер (какви што има Ендава, а и сите поголеми фирми), ќе нема допирна точка со технологиите на новиот проект што би го зеле, кој во 99.99999% од времето е .нет и јава.
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.004
Поени од реакции
1.688
Нели може да ти намали плата и со тоа да те наведе да си заминеш?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Апсолутно никој нема пишано дека не може да отпуштиш некого како технолошки вишок. Туку дека е самоубиство по бизнисот.

Сигурно .нет или јава девелопер (какви што има Ендава, а и сите поголеми фирми), ќе нема допирна точка со технологиите на новиот проект што би го зеле, кој во 99.99999% од времето е .нет и јава.
Ова од твое искуство, или си прочитал/ти кажал некој?

Твојата гледна точка е од поглед на голема фирма каде при одлуките играат улога и други фактори (во огромен случај политички, особено на случаите во Менетил), и не ги правите вие, туку ви кажуваат од горе. Друга работа е секторската поделба. Тоа што се случува во други сектори, или пак во другите земји, нема допирна точка со тоа што е кај тебе во сектор, и најчесто немаш ни претстава зошто се носат одредени одлуки, ниту пак ја гледаш целосната стратегија на бизнисот.

За разлика од ова, кај помали бизниси одлуките се носат далеку побрзо и тој што ги носи ја гледа целата слика, плус имаме далеку помал политички притисок. Ако од Маркетинг/БД/Продажби ми даваат информација дека имаме шанси да влеземе на сериозен проект со AI, ќе бараме кадар во таа област, и инвестираме во тој кадар. Ако има пари во Computer Vision, или имаме конекции да се пикнеме на солиден проект во таа област, ќе бареме кадар што е специјализиран во тоа, што може да резултира во промени во структурата. Затоа и често работиме со подизведувачи, особено на проекти каде не даваме менаџирани сервиси. Наместо да се замарам со дополнителен кадар, или да им давам договори на неопределено а после неколку месеци да се чудам каде да ги носам, често земаме консултанти, и/или услуги од други фирми кои се специјализирани во таа област.

Инаку на почеток и јас тргнав со мајндсетот на тоа што го знаев од корпоративен свет, дури и одбивав проекти за кои немавме специјализација внатре во фирма, се ориентирав да бркам проекти соодветно на локалната експертиза, на моето, и знаењето од искусните програмери во фирма, но испадна дека најголемиот раст го направивме кога сменивме стратегија.
Во моментов ако нема кадар во мкд, ќе земам од таму од каде што има. Веќе работиме и со програмери од Хрватска, Шпанија, Индија, Пакистан, исто и со консултанти кои помагаат да влеземе на самите проекти (почнувајќи од припрема на документација, па се до посредување да ти договори иницијални состаноци и да „гарантира“ за нас). Вакви работи не ве ни тригерираат техничките лица во големите бизниси, твое е да дадеш видување дали може да се заврши проектот со тековните ресурси, или пак каков кадар ќе треба, и да им помогнеш при формирање на цената, но самото бркање на клиентите, наоѓањето на конекции да се влезеш како подизведувач се далеку поголем проблем отколку се што е поврзано со менаџирање на вработените и самото завршување на работата.
 
Ова е тотален офтопик споредено со тоа како почна муабетот. Муабетот почна со тоа дека компаниите што ги зборевме, не можат да си дозволат да отпуштат некој како технолошки вишок. И начинот на кои функционираат тие компании е таков, да не можат.

Големите бизниси се тие што ја гледаат целата слика. Од продуктно ниво за тоа како да го развијат, хостираат, продадат, сапортираат продуктот во наредна деценија, преку ниво на портфолио од аспект што треба да доразвијат за да се маркет лидерс, до ниво на компаниска стратегија за како да зголемат вредност и да постигнат некоја стратешка цел (како IPO, acquisition или слично).

Малите бизниси се опортуни. Ако има шанса негде, ја земаат. Нема за нив голема слика и стратегија. Нема 5 или 10 годишен развоен план. Има проект, со сума. Целта е да го добиеш, и најголем дел од приходот да го транзитираш во профит. Каква цела слика има тука?

Бркање на клиенти си е работа на продажба, како што е моја работа да направам план кој ќе деливира продукт што ќе може да се користи и проширува во наредни 15 години, ќе може да се синхронизира со сите останати системи на клиентот, ќе може лесно да се сапортира од нетехнички лица и ќе може да издржи милиони корисници. Притоа да изберам технологија за која ќе може лесно да се наоѓаат луѓе, а се што е егзотично и краткорочно да го аутсорсирам на подизведувачи. И не ни сакам да се бавам со продажба, а ни колегите од продажба со развој, зошто ниту јас сум добар продавач, ниту тие се добри развивачи. :D

И знаејќи го тоа погоре, јас никогаш не би работел за фирма подизведувач. Зошто знам што големите изведувачи аутсорсаат кон подизведувачи.

Он топик, тоа би било мојот совет кон некој помлад колега, ако ја чита темава. Кога бирате работно место, бегајте од егзотични технологии и фирми подизведувачи. Бирајте фирми кои имаат сопствен продукт, се главни изведувачи (клиентите немаат сопствен развој, туку целиот развој го предале на фирмата што ве вработува) или работат косорсинг (фирмата за кога го градите продуктот има развоен тим, ама луѓето од тој развоен тим ќе работат на истиот продукт и во истиот тим со вас). Ако работа ви нуди аутсорсинг фирма, што би ве вработила на проект што сама го менаџира, тогаш треба платата што сте ја замислиле да ја помножите со 1.5. Доколку технологиите се егзотични, уште 1.5 на предходната бројка. Зошто тоа работно искуство секако ќе биде само почалба.
 
Не е оф-топик, ти го пишувам за да ти ја доловам поентата дека секој бизнис кој сака брзо да се адаптира на пазарот, има право да отпушти се што не му треба.

И малите и големите се опортуни, разликата е само во методите, и дали озбилно ги лажите клиентите дека таа технологија ќе ја користат 15 години?

Во 2023та година е пљачка да лажеш некој дека таа ИТ технологија ќе им служи за наредни 15 години (особено ако им е кор на бизнисот), тешко е да се предвиде за 5, а не пак за 15. Во рок од 15 години може да работат на „истата апликација“, али ќе треба да искешираат уште неколку пати од почетната сума и нема да биде ни 5% ист со што почнале.

Приказни за иднината во ИТ светот може да продаваат Гугл, Мета, Мајкрософт, и некои други гиганти од Силиконска долина, фирми кои веќе работат на развој на новите технологии, се друго е само мижи Митро ќе врнат тулумби.

За 15 години е прашање дали воопшто ќе има потреба од 70% од моменталните позиции во ИТ, и технологии, али како и се друго во маркетингот лупај бројки, хартија трпи се.

Секој со различно видување за совети кон помлади колеги. Од моја гледна точка искусните си го губат времето со работа за друг, особено во корпорација каде пола време ќе се замараат со „дворски игри“. Јас ги охрабрувам да излезат од зоната на комфорт и да не си го трошат времето со работа за друг (за плата), парите се во фриленсинг и отворање на свои бизниси, а единствено нешто што нема да вратат е времето. Ако кај вас се радуваат на плати од 2000 евра месечно, како фриленсери овие пари ќе ги вадат до 10ти во месецот (брутото). Низ Европа дневницата како фриленсер за римоут најчесто се движи од 400-650 евра на ден, а за преку океанот има и многу повеќе, па ако го губат времето барем нека направат пари ;)
Џуниорите терајте локално додека да го испечите занаетот, после иста приказна.
 
Никој сериозен не продава технологии, продава сервиси. Притоа, имаме сервиси што се стари и по 30+ години. Реинвестирањето во промената на tech stack (доколку е потребна) е наша инвестиција, не на клиентот. И секако дека е пресметана во цената на лиценцата.

10-15 години е industry standard. Еве избери што сакаш, back-end, front-end, DB и анализирај ги последните 10 години. Сегде ќе најдеш стабилни и докажани технолигии кои не мора да ги менуваш како луд. Таа приказна дека толку често се менуваат технологиите што нема гаранција ни за наредни 3 месеци може да ја продадеш на ланец маркети. Од банка, телеком или здравство низ прозор ќе те исфрлат од состанок ако им кажеш такво нешто. Сите што ги наброја, кои се technology leaders работат на тоа да имаш предвидливост во промените. Притоа, кога се носат такви одлуки, се консултираат и самите компании што се vendors на технологиите што ги бираш. Сите тие компании имаат Premium/Platinum partnership програми, кои нудат конекции дури и до CTO ниво.

Апсолутно, ако можат да заработат 600+ евра дневно, нема што да бараат во македонска компанија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom