ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
15 јуни 2014
Мислења
316
Поени од реакции
301
Инаку, за контрактори, не се должни ниту еден цент да платат, може еднострано да го раскинат договорот во секој момент. Од екс-колегите во САД, тие беа full-time, законски мораше 3 плати мислам дека зависно и од кој State се. Инаку, конкретно за лејофот, исплаќаа 3 плати ако си бил во фирмата до 1 година, 5 плати ако си бил до 3 години, и над 3 години 5 плати + за секоја година во фирмата уште по 1 месечна плата.
Автоматски споено мислење:

Што позиција?
Senior Cloud Engineer

IC3
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.420
Поени од реакции
18.582
Еве јас сум ти сведок за во наша фирма дека на три спринта не беа постигнати sprint goals по што тим лидот си попи отказ и не верувам и дека проба да се враќа у фирмата.
Овој пример нема врска со тоа што го зборам.
Автоматски споено мислење:

Инаку, за контрактори, не се должни ниту еден цент да платат, може еднострано да го раскинат договорот во секој момент. Од екс-колегите во САД, тие беа full-time, законски мораше 3 плати мислам дека зависно и од кој State се. Инаку, конкретно за лејофот, исплаќаа 3 плати ако си бил во фирмата до 1 година, 5 плати ако си бил до 3 години, и над 3 години 5 плати + за секоја година во фирмата уште по 1 месечна плата.
Автоматски споено мислење:

Senior Cloud Engineer

IC3
Апсолутно, си добил плата ради нивна репутација и ништо друго. Никаков закон не те штити тука.
Сосема различно е ако имаш решение со Македонска фирма.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Види не знам за тебе, вајда и моеш да ја затвориш фирмата и отвориш пак. Ама Ендава, Сивус и тн, сигурно нема да пропаднат.

Веќе еднаш дискутиравме на темата за законот за работни односи и баш и не го познаваш. Да не ја тераме натака, не ми е целта да се натегам. Ова е поиште тип за останатите вработени нели, сепак си газда па имаш и спротивен интерес тука (но офенс).

@Inglourious Basterd е најрелевантен на темата за ит секторот, па така и за ова знае што збори. Ако не му верувате, зборнете со некој HR во голема фирма, не овие децата во ИТ фирмите, и ќе ви ги каже истите факти. На суд фирмата ќе ве добие за отказ само ако ве фатила на грешка, и тоа на папир. Не викам дека е паметно да се тегнете на суд за ваква работа, али ете, чисто да знаете.
Автоматски споено мислење:

Значи појма немате што зборите, сва среќа има пари во секторов и знаете да куцате иначе господ не ви помага. Ќе ве возат како сакаат. Не смее да те избрка без причина пред да ти истече договорот.

Не знам каква клаузула имаш ти у договорот, може да стои и дека газдата ќе те ебе во гз, ама таа ништо не значи на суд. Важи само тоа што е опфатено во законот за работни односи.
Ти ми зборуваш од памет или што ти кажувале, јас ти кажувам од искуство затоа што имам разговарано со 10 различни правници, и немам намера да затворам фирма туку ако не ми се допаѓа некој, или ако не ми треба, има начини како да лета a да немам проблеми на суд.

Истото го знаат и Ендава, истото го знаат и другите.

На муабетот за Телеком, таму е друг проблемот, оди прашај ги колку тешко им беше да ги бркаат тие што завршија во Ериксон и како поминаа.

Сме затупен систем во овој поглед и сме дебело закоравени со социјалистички финти, ама си има начини.

Во големиве фирми проблем е менаџментот доле, да треба да плаќаат нивни пари ќе научат како се менаџира и колку од нив ќе ги држат ако нема работа.

Јас не бркав кога падна работата туку им дадов да ми прават продукт кој за скоро ќе го продаваме, компании како Ендава не верувам дека се толку флексибилни во брзи одлуки и пренамени на бизнис логиката, ама исто и не вработувам по секоја цена и ако навистина немам потреба од човекот, се што може да се аутсорсира без да имам мака да го одржувам во иднина оди на аутсорсинг.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Кај нас е една плата плус отпремнина за стаж до 5 години. Ама го менуваат законот и правилата одвреме-навреме, па треба да се проверува за сигурно. Сè што ќе ви понудат повеќе од тоа за да потпишете спогодбен договор, ви оди во прилог. :)

Според законот кај нас, за недоаѓање на работа 3 последователни дена - следува отказ без пардон и без отпремнина. Исто така не следува отпремнина ако работникот е фатен дека доаѓа на работа пијан, дрогиран, или крши, краде, прави други бељи и штети во фирмата.

Ако работникот сака да си оди, си заминува. И тој месец што е обично отказен рок, ако не сака да доаѓа, немаш опција да го натераш да го заврши рокот работно, освен што ќе му даваш лоши препораки после тоа, па луѓето сакаат да останат во добри односи и го почитуваат договорот.

Ако работодавецот сака да го отпушти работникот, мора да даде причина зошто го прави тоа. Потребно е правно лице за да се изведе сè законски, ама таман работа да е невозможно да биде отпуштен работник.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Ти ми зборуваш од памет или што ти кажувале, јас ти кажувам од искуство затоа што имам разговарано со 10 различни правници, и немам намера да затворам фирма туку ако не ми се допаѓа некој, или ако не ми треба, има начини како да лета a да немам проблеми на суд.

Истото го знаат и Ендава, истото го знаат и другите.

На муабетот за Телеком, таму е друг проблемот, оди прашај ги колку тешко им беше да ги бркаат тие што завршија во Ериксон и како поминаа.

Сме затупен систем во овој поглед и сме дебело закоравени со социјалистички финти, ама си има начини.

Во големиве фирми проблем е менаџментот доле, да треба да плаќаат нивни пари ќе научат како се менаџира и колку од нив ќе ги држат ако нема работа.

Јас не бркав кога падна работата туку им дадов да ми прават продукт кој за скоро ќе го продаваме, компании како Ендава не верувам дека се толку флексибилни во брзи одлуки и пренамени на бизнис логиката, ама исто и не вработувам по секоја цена и ако навистина немам потреба од човекот, се што може да се аутсорсира без да имам мака да го одржувам во иднина оди на аутсорсинг.
Ти имаш среќа што тој што ќе го измаваш ќе најде работа за брзо и нема да се замара со тебе на суд. Така лесно отказ неможеш да дадеш на некој, освен со финти да го пратиш на друга локација, нема покачување и такви работи па сам да си напушти. Ако после некое време не ти треба затоа што нема работа, а си го вработил на неопределено спремај се да си платиш ако реши тој да те тужи ако немаш валидна причина. Тоа дека не ти треба и не ти се свиѓа не пали на суд.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.517
Поени од реакции
8.232
Работата е сериозна од поодамна, сега ќе станува критична, а и да дојдат нови проекти нема да се вработуваат толку луѓе. Само малите фирми бевме погодени порано од големите, исто зависеше од кои држави ти се клиентите.

Се надевам не си сериозен со муабетов :ROFLMAO:
Се гледа општо по огласи дека нешто смрди.
Да се надополнам, не само од која држава ти се клиентите туку и за која индустрија решавате проблеми (некои се по-погодени од другите нели).
Читав од многу економски извори дека втора половина на 2024 нештата ќе се "вратат" во нормала и ИТ индустријата повторно ќе забележува раст... до тогаш ќе биде стабилизација и реорганизација.
Инаку да, читав на некој сајт како менаџери на Вајс(vice), кој нели требаше да биде new age media evangelist, си распределувале багателни бонуси, луксузни ручеци на сметка на фирмата и тн и тн, додека од друга страна се тужеле со новинари кои биле вработени во фирмата.
Мислам дека овој пример е и те како присутен и во ИТ индустријата, и е многу потценет како причина за целава криза.
Ете и овие нашиве фирми што отпуштаат вработени (HTEC и тн), верувам човек од внатре да прочепка што и како, ќе дојде и до истава теза како мојата.
Во многу од фирмите, според мене основен проблем е што има "менаџер на менаџер на лајн менаџерот" и на крај нешто вака ќе му дојде :

1689319239885.png

Не знам кој од големциве (дали зукерберг или маск) истото го имаат истакнато.

Сеа да, кај нас стварите се многу по економски базирани и сеуште гледаат на нас како "ефтина а доста талентирана работна рака за тие пари". Но, според моето искуство можам да потврдам дека стварите се вакви и кај нас.
На секој дев + QA што работат на еден таск, има 5 души што прашуваат "до кај си со таскот", и генерално тоа им е и работата нели.
Сакам да кажам дека луѓето што работат директно на техничкиот аспект на продуктот се оние кои носат најголем value на фирмата, а истите се потценети од самата фирма, за разлика од менаџерите на пример.
Премногу планирање, премногу разговори за форма а не за содржина, премногу микроменаџмент, премногу филмање, премногу непотребни состаноци и тн и тн, според мене, си го прават своето. Не дека ова се причини за кризава, туку со тек на време допринеле за зголемување на проблемите во сите компании.
Што е најлошо од се, при самата реорганизација луѓето кои ги носат одлуките се слепи кон тоа кој всушност носи најголем value, и тука уствари се дешава најголемата фрка, бидејќи во најголем дел се се сведува на интерперсонални односи отколку на самата работа. Зборам за голем дел од компанииве.
Кај нас особено, пошто ние сме си такви, "наведната глава сабја не ја сече" тип на ликови. Без оглед колку те бива или не, секад побитно е кој му е подлабоко влезен во анусот на менаџерот/директорот/сопственикот.
јбг, таков парадоксален е тој корпоративен свет.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.412
Причината за “кризата“ е едноставна. Нема ефтини кредити веќе, и нема “продукти“ во кој се инвестира, а никој не ги користи.

Ништо страшно во тоа, баш фина катарза е, ќе го прочисти секторот е секакви фејкери, кон артисти, измислени функции и квази бизнисмени.
 
Да, тоа е причината, мојот муабет е што допринесува кон интензитетот на истата, и што е пречка за кризата да биде надмината побрзо.
Има криза ок, но како таа криза ќе го промени секторот, т.е како би требало да го промени.
Дали проблемот е што нема ефтини кредити, или кредитите не се доволно ефтини да се финансира робустниот, тромав и комплексен начин на функционирање на една ИТ фирма во 2023, каде што (меѓу другото!) на секој дев+qa има уште 5 надгледувачи и шефови кои се прилично поплатени.
Немам аверзија кон овие луѓе, не сите се такви секако (да не ме сфатите погрешно), има екстра менаџери, директори кои не спаѓаат во оваа група, само споделувам мислење дека ова е премногу истакнато моментално, особено во македонски фирми.
Но за жал, нели, луѓе се во прашање.
 
Јас имам аверзија. :D
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
896
Поени од реакции
1.375

Ima dosta useless pozicii vo site firmi, ima Scrum Master-i vo firmata kaj mene so osven 10min rabota na Jira, ostatoko od deno remote si go lada na zheskovo.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.517
Поени од реакции
8.232
Тоа би му дошло како у фудбалски клуб најплатен да биде капитенот, пошто он ги "држи" сите други фокусирани да не искачаат да пијат и да лумпуваат секој втор ден, наместо типот кој дава по 50 голови и 20 асистенции секоја година, т.е оној кој највеќе допринесува за освајање титули.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Ти имаш среќа што тој што ќе го измаваш ќе најде работа за брзо и нема да се замара со тебе на суд. Така лесно отказ неможеш да дадеш на некој, освен со финти да го пратиш на друга локација, нема покачување и такви работи па сам да си напушти. Ако после некое време не ти треба затоа што нема работа, а си го вработил на неопределено спремај се да си платиш ако реши тој да те тужи ако немаш валидна причина. Тоа дека не ти треба и не ти се свиѓа не пали на суд.
А кој нормален менаџер те брка импулсивно?

Се гледа општо по огласи дека нешто смрди.
Да се надополнам, не само од која држава ти се клиентите туку и за која индустрија решавате проблеми (некои се по-погодени од другите нели).
Читав од многу економски извори дека втора половина на 2024 нештата ќе се "вратат" во нормала и ИТ индустријата повторно ќе забележува раст... до тогаш ќе биде стабилизација и реорганизација.
Инаку да, читав на некој сајт како менаџери на Вајс(vice), кој нели требаше да биде new age media evangelist, си распределувале багателни бонуси, луксузни ручеци на сметка на фирмата и тн и тн, додека од друга страна се тужеле со новинари кои биле вработени во фирмата.
Мислам дека овој пример е и те како присутен и во ИТ индустријата, и е многу потценет како причина за целава криза.
Ете и овие нашиве фирми што отпуштаат вработени (HTEC и тн), верувам човек од внатре да прочепка што и како, ќе дојде и до истава теза како мојата.
Во многу од фирмите, според мене основен проблем е што има "менаџер на менаџер на лајн менаџерот" и на крај нешто вака ќе му дојде :

Прегледај го приврзокот 384291

Не знам кој од големциве (дали зукерберг или маск) истото го имаат истакнато.

Сеа да, кај нас стварите се многу по економски базирани и сеуште гледаат на нас како "ефтина а доста талентирана работна рака за тие пари". Но, според моето искуство можам да потврдам дека стварите се вакви и кај нас.
На секој дев + QA што работат на еден таск, има 5 души што прашуваат "до кај си со таскот", и генерално тоа им е и работата нели.
Сакам да кажам дека луѓето што работат директно на техничкиот аспект на продуктот се оние кои носат најголем value на фирмата, а истите се потценети од самата фирма, за разлика од менаџерите на пример.
Премногу планирање, премногу разговори за форма а не за содржина, премногу микроменаџмент, премногу филмање, премногу непотребни состаноци и тн и тн, според мене, си го прават своето. Не дека ова се причини за кризава, туку со тек на време допринеле за зголемување на проблемите во сите компании.
Што е најлошо од се, при самата реорганизација луѓето кои ги носат одлуките се слепи кон тоа кој всушност носи најголем value, и тука уствари се дешава најголемата фрка, бидејќи во најголем дел се се сведува на интерперсонални односи отколку на самата работа. Зборам за голем дел од компанииве.
Кај нас особено, пошто ние сме си такви, "наведната глава сабја не ја сече" тип на ликови. Без оглед колку те бива или не, секад побитно е кој му е подлабоко влезен во анусот на менаџерот/директорот/сопственикот.
јбг, таков парадоксален е тој корпоративен свет.
Се согласувам, во големите фирми имаш страшно голема бројка на луѓе кои не знаат на која планета слетале, ама по сплет на околности се во работен однос, и уште поголема бројка на позиции кои повеќе сметаат од што помагаат.

Да не правиме муабет за долги состаноци каде им се губи времето на цел тим.

Кризата е далеку од готова, во некои земји уште и не е дојдена, еве пример во АУС дури сега почнува да се чувствува и тоа не во секоја индустрија, па голем дел од бизнисите работат со полна пареа. Причини има многу, и многу работи ќе се сменат после ова, а ИТ-то ќе почне да дига глава кога ќе „поефтинат парите“. Само имај во предвид дека и кога ќе почне да се враќа работата, ќе се дигнат „нормите“, а намалат тимовите, со ботовите девелопментот е убрзан и те како.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
А кој нормален менаџер те брка импулсивно?
Не импулсивно, еве ти рече дека во одреден период не ти треба се намалила работата ти ќе му дадеш отказ. Дади му отказ и наведи тоа во отказот. Потоа ако сака да се замара тој/таа ќе ти лупне тужба па пиши тогаш 10те правници што ќе те советуваат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Не импулсивно, еве ти рече дека во одреден период не ти треба се намалила работата ти ќе му дадеш отказ. Дади му отказ и наведи тоа во отказот. Потоа ако сака да се замара тој/таа ќе ти лупне тужба па пиши тогаш 10те правници што ќе те советуваат.
Ххахаха, ова од искуство ми го пишуваш, или ти кажа некој?
Колку фирми имаш добиено на суд?
Колку пати си се тужел да видиш колкави се судските трошоци?

Ако нема потреба фирмата нормално дека ќе ги укине тие позиции, биди сигурен дека некој ќе те држи на работа особено со платите од ИТ ;)

Еве ти да си газда во таа фирмата, колку месеци би држел некој на работа без да работи, а го плаќаш 3-4к евра месечно?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom