СООПШТЕНИЕ ДО СИТЕ НАВИВАЧИ НА ФК ВАРДАР!
Вчера, пред Градскиот стадион, од местото од каде што ја започнавме заедничката борба пред две години, на фудбалерите им ветивме дека ќе успееме да ја надминеме лошата финансиска ситуација. Дека засекогаш ќе бидеме со нив, и дека нашата поддршка, секогаш ќе биде нивното најсилно оружје!
Затоа, денес, точно во 19:47ч, ја започнуваме најголемата акција за продажба на членски карти, со кои ќе може да се проследат сите домашни натпревари на ФК Вардар, а воедно со купување на истите ќе се стекнете и со одредени привилегии, во однос на продажбата на реквизити.
Продажбата ќе ја спроведеме, во соработка со “Пасворд продукција”, преку платформата “МК Тикетс”, со кои успешно ја реализиравме акцијата “Купи билет за спас на ФК Вардар.” Сега е време, за нешто многу поголемо!
Членските карти ќе чинат 1000 денари, и ќе може да се купат онлајн и во живо. Онлајн, преку страницата на “МК Тикетс”, каде што, откако ќе ги наведете потребните информации (Име и презиме, и e mail адреса), ќе ви биде издадена потврда – ваучер. Тој ваучер, ќе може да го замените со пластифицирана членска картичка, веднаш откако истите ќе бидат изготвени.
Покрај онлајн продажбата, ќе постои и опција за купување во живо. Имено, на сите продажни места на “МК Тикетс”, ќе имате можност, да го купите ваучерот, кој подоцна ќе може да го замените со пластифицирана членска карта.
Времето и местото, од каде што ќе може да ги подигнете членските карти, ќе ги објавиме наскоро!
Акцијата, како и претходната, ќе биде спроведена целосно транспарентно. Преку редовни соопштенија и прес конференции, на јавноста секојдневно ќе и го презентираме текот на акцијата.
Искреноста и чесноста се наш принцип, а преку оваа акција, уште еднаш тоа ќе го покажеме на дело!
Првата официјална прес конференција, ќе се одржи утре, во 12:30ч, во просториите на “Кино Кисела Вода”. На истата ќе присуствуваат и фудбалерите – херои, како и членови на стручниот штаб. Ги покануваме сите медиуми, навивачи и заинтересирани лица, да присуствуваат, и од прва рака да се запознаат со начелата на акцијата.
Заедно го вративме Вардар, онаму каде што припаѓа. Заедно, повторно ќе го кренеме на врвот!
Отворен повик до сите наши членови, како и до симпатизерите на клубот. Оваа борба е заедничка, а шансата е историска. Затоа, не се мисли, купи членска карта и помогни му на клубот!
Сите собрани финансиски средства, ќе бидат наменети за функционирање на ФК Вардар!
За крај, ви ги презентираме сите продажни места на “МК ТИКЕТС”:
LITERATURA.MK – EAST GATE MALL
LITERATURA.MK – VERO JUMBO
LITERATURA.MK – ГТЦ ПРИЗЕМЈЕ
LITERATURA.MK – Ул. Македонија
LITERATURA.MK – ТЦ БУЊАКОВЕЦ
LITERATURA.MK – SKOPJE CITY MALL
ЈУГОТОН – ГТЦ 1 кат
ЈК Травел, ТЦ Бисер – Аеродром
Макпетрол Козле
Макпетрол Илинденска
Макпетрол Влае
Ова е линкот, кој директно ве носи на страницата, од каде што ќе можете да си купите членска карта:
Nacionalna Arena Todor Proeski Vardar
www.karti.com.mk
СИТЕ ЗАЕДНО – ЗА КЛУБОТ НА НАРОДОТ!