Кои аргумети? Дали ја контролираат нафтата што се вади на Блискиот Исток, тикви ја контролираат. Почна Саудиска Арабија да продава нафта и во Јуани, почна, крастјаци контролираат.
Може и во шилинзи да ја продаваат, небитно се додека Американски бродови се во регионот.
Досега се имаат активно вклучено во сите обиди на некој диктатори таму да попречуваат или диктираат своја волја врз протокот на енергенсите. Ете го Иран со најголемото поле на гас не може ништо да експортира.
САД имаат апсолутна контрола во тој регион.
Кои аргументи? Не им било исплатливо засега. Мижи Митро тулумби паѓаат
Тврдеше дека не се рециклирале. Со два
клика се најдуваат фирми што рециклираат.
И? Ако не можеле да го екплоатираат значи не постои. Не можат преку Каспијско езеро да направат гасовод за да се поврзат со Русија дрво едно некастрено? Можат. Толку се твоите „аргументи“
И каде е гасоводот?
Цело време спомнуваш непостоечки работи. Иран имал најголемо поле на гас, ќе правеле гасовод, не знам што.
Во реалноста е друго. Ниту има гасовод, ниту тоа поле е експлоатирано. Причината е САД.
Да беше така немаше пола Србија да се крене на нозе за одбрана на Јадар. При копањето на литиум се уништуваат хектари плодно земјиште и се загадуваат подземни води со хемикалиите кои се користат за преработка на рудата. Конкретно со експлоатацијата на Јадар ќе се загадеа Дрина, Сава, Дунав па и Црното море, кај не се разбираш од техника туку и од Географија појма си немаш. Плус твојот “јак“ аргумент дека литиумот го имало скоро секаде. Да точно е го има само во која концентрација дрво едно некастрено. Го има во ppm тоа значи во многу мала и економски неисплатлива концентрација или ако сакаш со вишни да ти го објаснам, јаболките се многу големи, е дека од еден овоштарник каде што имаш имаш 100 овошни дрва, тоа е различно од тебе, можеш да набереш само 1 кило вишни и тоа на некое дрво имаш една вишна а на некое ниедна.
Секоја најава за отворање ископ предизвикува револт кај јавноста. 15
години протестираат само во Канада против нафтен проект. Кај нас протестираа против некои рудници. При секое копање се уништува дел од површината. Во секое производство на енергенси и метали се користат и загадуваат води.
Батериите бараат релативно мало количество литиум. Просек 8кг по автомобил.
Рудниците и потребата за литиум се далеку помали отколку тие за нафта и гас.
Уништувањето од
вадењето нафта е
илјадници пати полошо и покатастрофално отколку вадењето на литиум.
Една единствена хаварија, како оваа во Мексиканскиот залив е стотици пати полоша отколку сите процеси на вадење на литиум.
Литиумот го има насекаде. На одредени места, како и сите минерали го има во поголеми концентрации. Оттука економски е поисплатливо да се вади од тие места. Во суштина може да се вади од било каде. Преработката е поголемиот проблем.
Не добив. Евентуално е само уште еден аргумент дека си дрво некастрено.
Доби. Нафтата и гасот евентуално ќе ги снема, потрошливи се.
Уште еден доказ дека си неписмено дрво. Не знаеш да го толкуваш напишаното
Фино пишав дека продажбата на
електрични возила се зголемува за 50% секоја година.
Ти глумеше паметен (што очигледно слабо ти оди) дека базата на тоа мерење е мала. Тоа ти беше поентата. На твоја жал е многу погрешна.
Лани се продале 10.5 милиони електрични возила.
2021 - 6.5 милиони.
Прелесно е да се дискутира со тебе.
Што не ти беше јасно од претходните цитати?
Тврдеше ли дека поради СО2 температурата расте? Ете во цитатите сенаторот ти има објаснето закони од физиката дека тоа е невозможно.
Исто имаш и од НАСА тврдење дека поголема е веројатноста СО2 да придонесува за ладење.
Секако за тебе тоа се глупости, бидејќи според тебе сонцето не влијае врз температурата на планетава.
Тврдеше ли дека има научен консензус 90+%? Ти докажав дека врска нема.
Тврдиш дека целокупниот процес за добивање на енергија од "зелени" извори, не загадува, а веќе и на децата им е јасно, дека не е точно. Фотоволтаиците и ветерниците за да ги произведеш загадуваш. При нивна употреба исто се прави штета на природниот животински и растителен свет. Откако ќе им пројде векот или расипат, не ги рециклираат, купишта отпад.
Литиум, кобалт и остали минерали за да ги добиеш, се загадува. Викаш дека поефтино било од преработка на руда да се добијат, него ли да се рециклираат, но тоа не значи дека процесот за добивање е ефтин, туку со сегашна технологија цената за нив да ги добиеш од рециклирање е висока, а исто и штетна ќе е за природата.
Значи дека загадувањето од процесот за вадење од земјата ќе си продолжи, а и од нивно рециклирање сигурно ќе има штета.
Ти само крајниот ефект го земаш во предвид од "зелени" извори, а се друго игнорираш. Каде со тие финти, намерно слеп се правиш.
Нема да се повторувам пак за нешто што е факт.
15 страни наназад се испишани за глобалното затоплување и причините за тоа.
Сератори и политичари се никаков фактор во науката, освен за манипулација и корист.