Не. Тоа е како Кина да дојде да им испорача дронови на прва линија на фронт. И не комерцијални модели, туку топтан конфигурурани со опрема за фрлање гранати, итн... И во таква ситуација ти да кажуваш дека самата испорака на тие дронови не е легитимна цел за противникот. Тоа би било пандан на твоето „Старлинк не смее да се гаѓа“.
Единствената задршка која ги спречува РФ да направат нешто во врска со Старлинк, е фактот што уништување сателити па дури и вакви приватни во ниска орбита ќе значи многу опасен претседан, голема ескалација, и увертира во нешто што ултимативно многу лесно може да заврши со нуклеарна војна и MAD.
Знаеш и сам дека без сателити не може да се регистрира испалување на интерконтинентални балистички нуклеарни проектили. Уништување на сателити противникот не може да не го разбере како претходница на нуклеарен удар.
Со вториот пасус се побиваш себеси во постот каде што викаш дека Русија ќе соборува сателити. И вториот пасус е точен.
Старлинк се користи исклучиво за комуникација.
Украина користи комуникација за наведување на дроновите кон непријателски позиции.
Во суштина, Химарс системот користи GPS сателити за да ги наведува ракетите. Овие двете во употребна смисла се исти.
Значи, според тоа што го имаш пишано, сеедно е дали Русија ќе гаѓа сателити кое припаѓаат на САД или сателити кои припаѓаат на компанија од САД. Во секој случај, тоа е напад на САД.
Аналогијата со Старлинк ти е следнава:
Постојат други дронови што Украина ги користи.
Тие дронови користат друга технологоја за комуникација на операторот со дронот.
Тој што им ја дава таа технологија треба да биде нападнат.
Нема смисла, сфаќаш?
Хаха, па дај бе кажи им го ова на Зеки и Украина. За џабе да не ги мољакаат Израел без престан.
На Украина и треба ПВО со долг дострел, како Патриот, С-300 и сл. и со среден дострел. Тоа е тоа што Украинците плачат цело време.
Iron Dome е систем дизајниран за пресретнување на гранати и ракети со краток дострел. Такво нешто не им е од корист на Украина, единствено на фронт. Но бидејќи илјадници гранати паѓаат врз Украинците, а секое пресретнување на граната од Iron Dome чини десетици или стотици илјади долари тоа е неодржливо, ни за еден ден. Неодржливо е воопшто, дури и тие ракети да се десетпати поефтини, бидејќи целта на Iron Dome e да реагира се додека останатите гранки од армијата не ја потиснат заканата. Затоа овај систем е наменет за територија и земји како Израел, а не за фронтовски линии долги стотина километри.
И што рековме за изјавите на политичарите?
Дајбоже да не дојде работата до таму да имаш прилика да се разубедиш со конкретен пример.
Старлинк е составен од неколку илјади сателити.
ASAT се дизајнирани за соборување неколку десетици воени сателити, колку што имаат и САД и Русија.
Ниту САД, ниту Русија, ниту кој било друг има капацитет за соборување на толкава мрежа сателити.