Хорор филмови

Антихрист од Ларс Вон Трир со Вилијам Дефо и Шарлот Гаинсбург.
Еден од најдобрите нови филмови што сум ги гледал во последно време... Класа хорор. (донекаде и психолошка драма)

Предупредување филмот не е за сите, очекувајте дел од друштвото (ако не го гледате филмот сами) да почнат на пола филм да бараат „нешто друго„ за гледање.... како што ми се деси на проекцијата на Mulholland Drive од Линч, повеќе од неколкумина си излегоа од кино салата пред да заврши филмот. :wink:

http://www.imdb.com/title/tt0870984/

antichrist.jpg
 
The Fourth Kind (2009)
јас само ќе речам лајна д ајади паранормал за овај е сега дали мене дека ми се погоде сатот не знам што е ама од патики ме изваде е сега дали дека ми се погоде сатотот 3:33 или нешто друго не знам

инаку рецензијата е од модераторот
IOsonoINTERISTA

The Fourth Kind (2009)

Значи, имаме хорор/sci-fi кој се случува во едно мало гратче на Аљаска. Во филмот се користени (наводно) оригинални снимки од луѓе кои посетувале психијатар и се жалеле на истиот проблем. Дали ќе верувате во сето ова или не, како што вика Мила Јовович на почетокот и на крајот, е ваша работа. За филмот тоа не е важно. Важно е:

  • Филмот е навистина страшен на начин на кој што треба да биде страшен еден хорор. Без разлика колку ќе ве уплаши или возбуди, од почеток до крај владее тензијата.

  • Снимен е на оригинален начин, со комбинација на филмските и (наводно) оригиналните снимки. Не само еден дел ова еден дел она, туку истовремено во истата сцена. Ќе гледате, ќе видите.

  • Мила Јовович одглуми за чиста 10-ка и која год актерка освои Оскар може вода да и носи за улогата (за вакви филмови не даваат оскари претпоставувам, иако тоа е неправедно кон актерите).

  • Комплетната актерска екипа беше на ниво
Филмот е страшни сцени, реални сцени, емотивни сцени..

ps. два пати го прекинав кога го гледав од стесови :kesa:
 
мислам дека нај хорор филм кој мава на психа е психо филмот е доста стар мн малце иам гледано но до пред неколку години според аналитичарите бесе во топ 10 хорор филмови во конкуренција на егзорцист вистинскиот магла,сјаење, идр олдскол хорори:wink:

edit дај препорачајте некој хорор (само не паранормална активност)сто мава на психа и е доста јак
 
Јас сношти гледав еден филм.Се вика Куката на ридот со духови.Филмот стварно ме исплаши.
Дејствието се случуваше во стара лудница и "познати"фаци беа повикани на роденденска прослава токму од два духа кои биле во таа кука.Кога пристигаат домакините им велат кој успее да се спаси добива милион долари.
Во куката се случуваат разни срања се додека на крај се спасуваат двајца ликови.
А тоа не е ништо.Се спасија но не можат да го најдат патот до своите куки зошто куката се наогала на сред море а околу нив нема пат.Кога одеа кон проколнатиот рид имаше пат а кога се спасија двата члена немаше.Иако на крај ги добија двајцата спасени ветената награда џабе им е кога неможат да најдат излез од тој проколнат рид.
 
Јас сношти гледав еден филм.Се вика Куката на ридот со духови.

Како се вика? Куќата или куката? "Куќата на ридот со духови" или "Куќата на ридот", a e со со духови ?
 
Како се вика? Куќата или куката? "Куќата на ридот со духови" или "Куќата на ридот", a e со со духови ?

Кај што гледав на програма беше запишано Куќата на ридот со духови.Исто и кога започна филмот така пишуваше:smir:
Инаку доста интересен филм.А сцените беа:ija: :ija: :ija:
 
Вчера во кино го гледав Paranormal Activity, многу тиња филм.:jaj:
 
^^
Paranormal Activity не да е тиња, цело време чекаш да се случи нешто, само последните 5-10 мин. се интересни...

Конечно го глеав филмов, цело време ми стоеше дома ама не ми се глеаше некако:

Tetsuo (1989)
aka "Tetsuo, the Iron Man"

Јапонски хорор-СФ/сајберпанк, црно-бел, за еден јапонец кој има фетиш за метал(ни делови). И не за џабе се вика Тетсуо, исто као оној од Акира.:wink:
Филмов има култен статус, must-see, пошто е оригинален, инвентивен (и у поглед на режија и ефекти), шокантен, не е за секого, има доста грозни сцени и сосема малку дијалог, дејството се одвива брзо, па малку тешко е да се укопча приказната...визуелно стварно добро изглеа филмов, ефектите се одлични со оглед на нискиот буџет како и индустриал саундтракот. Има многу јак почеток, одма ќе те заинтересира да го гледаш со внимание, али изгубив интерес таму неде на средина, претерано забегува, би рекол као што само јапанците знаат да забегаат...Така да не ми се допадна баш али не ми е криво што гледав затоа што беше едно ново филмско искуство, и онака е краток, трае 1 саат.

Tetsuo II: Body Hammer (1992)

Вториот дел е у боја, не е продолжение него посебна приказна, еден јапонец тргнува у одмазда кога ќе му ги киднапираат жената и синот.

Мислев дека ќе биде како првиот дел па се излажав да го гледам. Потпуно у различен стил, поедноставен, поконвенционален и појќе акциски ориентиран, ја нема инвентивноста од првиот дел...Бајги досаден.

Треба да искочи и трет дел или римејк, или веќе искочил, од истиот режисер :

Tetsuo: The Bullet Man (2009)
 
За Paranormal Acitivity три пати се покајав шо го глеав и изгубив драгоцени 90min од мојот живот. Ако лупање врати и влечење од кревот, на нешто што дури и ние неможе да го видиме ако е страшно, ја сум чичко Hugh Hefner.

Од јапанските да си го поглеате вие Shutter да видите што е серење филм. Од што ми беше језив и страшен последните 2-3min не ги ни доглеав. :)

apeuo.jpg
 
Во целиов филм САМО КРАЈОТ е добар..... другото е џабе патот. Срајне со добар крај.

Препорака од мене:

quarantine.jpg

Многу, многу, многу добар хорор, језив, мнооогу језив. Помеѓу најдобрите 3-5 хорори што сум ги гледал во живот.

Ова е римејк на REC (кој е шпански) ама мене многу ми е подобар овој. Мора да го гледате.

10/10 за хороров.
 
OK, прифатете дека филмови како Paranormal Activity не се за секого. Тие се love/hate филмови, или ги сакаш или не можеш да ги смислиш. Оние кои се по таквите филмови не ни очекуваат да се случи нешто различно од она во филмот. Само интензивирање на случувањата и конечно расплет. Тоа е прилично нов поджанр и има едвај неколку филмови што ги знам. Paranormal не е на нивото од Blair Witch Project но кој сака такви филмови, ќе го изгледа и нема да биде којзнае колку разочаран. Мене ме израдува самото тоа што после толку време излезе нешто слично. После тоа излезе и 4th Kind кој исто спаѓа во групата и ми се допадна многу повеќе од Paranormal.

Но сепак, прашање на вкус е. Некој сака Saw филмови, некој сака психолошки хорори. Некој ги гледа и едните и другите, што е посебна предност...
 
Според ова што го пиша, QUARANTINE е вистинскиот филм за тебе :)
 
Според ова што го пиша, QUARANTINE е вистинскиот филм за тебе :)

Го имам гледано. Викаат дека шпанската верзија е подобра, ќе ја изгледам па ќе направам споредба. Quarantine не ми се допадна премногу. Cloverfield ми се допадна многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom