Не би се радувал многу на твое место. Без разлика на сентиментите, еден ден ако се сруши западната цивилизација, отидовме сите во тиквите. Тоа што треба да се порази засекогаш не е западната цивилизација туку екстремната левичарска идеологија која се претвори во монструм кој оди против здравиот разум и руши се пред себе. Природата на нештата е дека едниот екстрем ќе го разбуди другиот што ќе доведе до крвави граѓански војни. Потребно е враќање во нормала, но тешко е да се види како би се случило тоа. Изминативе 7-8 години ги доживувам како почеток на дистописко општество, со ова темпо не сме далеку од тоа.
Тоа е точно, поразот на екстремната левичарска идеологија не треба да значи и пораз на западните цивилизирани општества, но за жал праксата од 20-от век го говори спротивното: поразот на нацизмот не беше изводлив без целосно поразување и огромно уништување на Нацистичка Германија, а поразот на социјализмот не беше изводлив без распаѓањето на социјалистичките држави во источна Европа.
Во случајот со социјализмот немаше воено уништување на социјалистичките држави, но де-индустријализацијата и економското опустошување оставија последици можеби дури и полоши и потешки од воено уништување, бидејќи тешки се последиците кога нешто ќе биде уништено, но уште потешки се последиците кога нешто не е уништено, но присилно го прават неупотребливо и нефункционално за нечија профитерска корист.
Кинезите наводно се исклучок, но во пракса не се, бидејќи го заменија социјалистичкиот економски модел со капиталистички, но политичкиот модел не само што не го заменија, туку и го засилија. Тоа што денешните кинески комунисти појма немаат кој бил Карл Маркс и не ги знаат стиховите на Интернационалата, не го менува фактот дека од гледна точка на репресија и угнетување на политички неистомисленици и на "непосакувани" елементи во кинеското општество, се бетер и од најзлосторничките џелати на Јосиф Висарионович Сталин и на Мао Це Тунг.
Да се верува дека поразот на екстремната левичарска идеологија би бил изводлив без внатрешна имплозија на западните цивилизирани општества е премногу оптимистичка, а можеби дури и наивна илузија.
Што не значи дека не е изводлива, тоа што треба секое општество во Европа да го направи, е за почеток да се ослободи од странските неасимилирачки елементи - елементи кои одбиваат да ги прифатат западните цивилизациски закони и вредности - кои ги увезуваат на големо од крајот на 20-от век па наваму, за потоа да почне со внатрешно помирување на сопствените граѓани со целосно изолирање на населението од екстремната левичарска идеологија, што не е невозможно, но сепак е многу тешко изводливо.
А се разбира, останува и прашањето дали мнозинското домашно население воопшто е заинтересирано и желно за таков развој на општеството. Виртуелната интелигенција сеуште не може да чисти тоалети или да копа по ниви, а просечниот Французин, Германец, Холанѓанец, Белгиец, Шпанец, Италијанец и останати западни таканаречени цивилизирани граѓани, не делуваат како да се заинтересирани да се фатат за мотика за да си го заработат лебот. Всушност, Холанѓаните дури и се тргнати на пат за напуштање и на мотиката и на земјоделството како целина, ќе се хранеле со инсекти. Има добри причини зошто наркотиците треба да бидат и да останат трајно забранети, дури и во најмали количини.