Ова било плевна некогаш. Најдолу основата се камења (слика 1). Спрат формираат ред дрва. Ѕидовите на спратот се плетени кошари и земјени цигли, кои сите полека се распаѓаат (слика 2). Ама кровот е прилично стабилен.
Моја идеја е да се искористи што може (основата и кровот), а ѕидовите да се направат со црвени цигли, и да се стават врати и прозорци наместо овие што се распаѓаат сега. Не за живеење, туку за да не падне цел објект да се заштити некако, како прво, и второ да биде употреблив како складиште. Е сега, не знам дали тие трупци дрвени би издржале градење цигли врз нив?
Прашував постари кои работеле градежништво, а го знаат објектот, ама муабетот нивни е: статичар ти треба за тоа прашање, и после веднаш продолжуваат со евоцирање спомени за нивните градежни случки, што немаат врска со моето прашање.
Дали треба архитект да донесам да го види објектот, или статичар или градежник? Или сеедно е, било кој од нив може да ми одговори?
Од око ли ќе проценат, или постојат инструменти со кои ќе измерат колку држи материјалот?
Прегледај го приврзокот 384643
Прегледај го приврзокот 384642