Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.995
Поени од реакции
7.526
Одлично, со Дин Хендерсон мочкото на гол следна сезона борба со Челзи за 10 место.
Мислам дека се имаат договорено со Онана ќе ни направи дупка у тенкиот буџет али јеби га, Хендерсон ќе оди у Форст не остануваме со него Тен хаг има замерка со него.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.457
Поени од реакции
419
Број 1 причина зошто ги сакам Арапите за нови газди е целиот циркус кој што се случува околу клубот последните десетина години. За Јунајтед да се врати таму каде што го сакаме треба многу промени. За такви големи промени треба многу финансии и многу амбиции - нешто што го нема во Глејзери и Ратклиф. Треба да дојде некој кој ќе фрли многу пари, ќе донесе прави луѓе насекаде во клубот, ќе промени инфраструктура, и се друго од корен. Такво нешто гледам само со Катарската опција.

Не треба да си многу експерт, едноставно види (за огромна жал) другиот клуб од Манчестер како е воден. Имаш пример како со финансии се прави моќен клуб. Сите испити ги имат положено - стадион, академија, прв тим, регрутација, се имаат на ниво, освојуваат ПЛ со по 100 поени, еве освоија и тројна круна. Останува уште да видиме каква транзиција ќе имат после Пеп. Засега одат само во нагорна линија. Ја имат и моќта да ги фаќат во криминал и ништо да не им можат - тоа е вистинска моќ, и за такво нешто треба многу пари. За жал таква е играта веќе, и ако сакаме да се вратиме на врвот, треба да почнеме да ја играме.

Сето ова што се случува моментално со Де Геа, Маунт, и другите ситуации е директно поврзано со финансиите и буџетот со кој што располагаме, и неговото менаџирање години уназад. Ете и Челзи најде начин да го заобиколи ФФП и регулациите, уште еден доказ дека со пари и амбиции може да се најде решение. Ние немаме ни пари ни амбиции моментално. Само да не го изгубиме и Тен Хаг во ова безредие, и да се вратиме целосно на нула.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.756
Поени од реакции
63.246
Mоментално во многу лоша ситуација сме, финансиска, а и како клуб кој треба да прави трансфери, во поглед на компетентност. 308 милиони фунти долг за трансфери сеуште неплатени, 745 милиони фунти долг вкупно како клуб. Глејзери нема да дозволат да се даваат пари за трансфери се дур не се комплетира продажбата, освен ако нема некој waiver или како и да се вика документ кој ке им даде до знаење дека новиот сопственик ке ги покрие средствата за евентуални трансфери. А кога ке се комплетира продажбата, само Бог мил знае. Ако има една добра работа од објавените финансиските извештаи вчера, тоа е дека Глејзери ке мора да го продадат клубот.

Сфаќаш каде е разликата во амбиција кога Арсенал троши 105 милиони фунти на еден играч, а нашиов начелен трансфер буџет е 120 милиони фунти, со огромни дупки за покривање. На пари од продажби и не се надевам, знаејки како Јунајтед продава играчи, за кило семки.

Се надевам дека нема да го заебат Тен Хаг летово. Зашто со одврзани раце и добар трансфер буџет, верувам дека ке го врати Јунајтед кон врвот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.756
Поени од реакции
63.246
Шпекулација дека доколку стане јавно дека Катарците ке не купат, Тен Хаг би имал околу 260 милиони фунти за трошење.

 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.525
Поени од реакции
6.178
Дечки дајте малце оптимизам ебаго, што сте се расплакале? :icon_mrgr:

Секој јуни е иста песна, лани исто бевме нервозни овој период па стигнаа Мартинез и Ериксен околу 10 јули мислам. Во август Маласија, Касемиро и Ентони последен. Од 2017та мислам немаме купено играч во јуни. Има цели 2 месеци за трансфери. Сигурен сум дека наскоро ќе пристигне првото засилување. Типувам на Онана или Маунт. За шпиц незнам што ќе се прави но сигурно имаат некој план, па макар бил и паник бај на 1ви септември. :D
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.715
Поени од реакции
2.370
Шпекулација дека доколку стане јавно дека Катарците ке не купат, Тен Хаг би имал околу 260 милиони фунти за трошење.

Клубот моментално има на располагање 260 милиони за трошење но не може поради ФФП. Излезе информација дека 308 милиони треба да се доплатат од изминати трансфери.
И да дојде Шеикот ова лето, не верувам дека одма ќе има кеш на располагање од него. Ќе поминат недели додека целосно го превземе клубот.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.424
Поени од реакции
22.036
Клубот моментално има на располагање 260 милиони за трошење но не може поради ФФП. Излезе информација дека 308 милиони треба да се доплатат од изминати трансфери.
И да дојде Шеикот ова лето, не верувам дека одма ќе има кеш на располагање од него. Ќе поминат недели додека целосно го превземе клубот.
Само нека дојде.. Како можат Сити и Челзи да си трошат колку што им текне за трансфери за нив нема ФФП за нас има . Туку кажи не се способни оние директорчињата што ужасно не водат.. Еве Шеикот утре да дојде че видиш како еден по еден ќе си даваат оставки. Не се способни за ништо.
 
Член од
11 јуни 2023
Мислења
90
Поени од реакции
285
Проблемот е што сите добри опции пополека си потпишуваат по други клубови. Тотенхем го собра Медисон, ете и Арсенал со Рајс е готово, Баерн во напредни преговори со Кејн...
На крај во август ќе завршиме на маса за преговори со некој ко Арнаутович од немај каде.

 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Најглупа управа, како бе за Маунт кој шо нема добра сезона 65 ќе дадат 80м евра ,а за Кејн 100м многу се?
Кој сака нека каже газдата на Челзи испадна нај мангуп од сите, ние ништо не правеме некој кажа оптимизам, финтата е тоа што нашите мети веќе си најдоа клубови, као што вика Голбриџ,пред да потпишат играч нека размислат прво дали тој играч би играл во тимови како Сити и други конкуренти, џабе ќе донесе играч кога шлагот ќе биде изеден
Автоматски споено мислење:

И да кажеш кај нас секогаш трансфер периодот почнува Јули ама нека договорат па Јули само нека потпишат.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.756
Поени од реакции
63.246
Дечки дајте малце оптимизам ебаго, што сте се расплакале? :icon_mrgr:

Секој јуни е иста песна, лани исто бевме нервозни овој период па стигнаа Мартинез и Ериксен околу 10 јули мислам. Во август Маласија, Касемиро и Ентони последен. Од 2017та мислам немаме купено играч во јуни. Има цели 2 месеци за трансфери. Сигурен сум дека наскоро ќе пристигне првото засилување. Типувам на Онана или Маунт. За шпиц незнам што ќе се прави но сигурно имаат некој план, па макар бил и паник бај на 1ви септември. :D
По природа сум оптимист, ама реално гледано, Мартинез дебело го плативме, ако памтиш, два пати мораше да качуваме понуда, Касемиро го донесовме на долг договор и добра плата, и Ентони, ех, тука не одраа, едно 30-40 милиони фунти плус плативме.

Така да, да знам дека има добар преговарачки тим, би бил мирен, иако, не е сеедно кога гледаш како сите наоколу се засилуваат, а завршија пред Јунајтед. Ова дека од 2017-ма нема Јунајтед купено играч во Јуни, доволно кажува за трансфер политиката и некомпетентноста. Се надевам дека со сите сили ке тргнат по Мајкл Едвардс, за да не гледаме повеќе вакви дебакли, и при продавање и при купување играчи.

Плус летово е поразлично од сите до сега. Не дека досега Јунајтед лесно купуваше играчи. Сега имаш друга јамка околу врат, а тоа е продажбата на клубот, и дебиливе ке одлагаат до самиот крај, само за која фунта повеќе.

Клубот моментално има на располагање 260 милиони за трошење но не може поради ФФП. Излезе информација дека 308 милиони треба да се доплатат од изминати трансфери.
И да дојде Шеикот ова лето, не верувам дека одма ќе има кеш на располагање од него. Ќе поминат недели додека целосно го превземе клубот.
Го пишав истото погоре, но сигурен сум дека мора да има механизам како да се наследи долгот за тие трансфери.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.733
Поени од реакции
6.666
Најглупа управа, како бе за Маунт кој шо нема добра сезона 65 ќе дадат 80м евра ,а за Кејн 100м многу се?
Кој сака нека каже газдата на Челзи испадна нај мангуп од сите, ние ништо не правеме некој кажа оптимизам, финтата е тоа што нашите мети веќе си најдоа клубови, као што вика Голбриџ,пред да потпишат играч нека размислат прво дали тој играч би играл во тимови како Сити и други конкуренти, џабе ќе донесе играч кога шлагот ќе биде изеден
Автоматски споено мислење:

И да кажеш кај нас секогаш трансфер периодот почнува Јули ама нека договорат па Јули само нека потпишат.
Имаш право за Челзи. Видоа со колку ботови си имаат работа и колку катастрофална сезона имаа и одма се прави длабок рез. Распродаваш 5-6, после земаш исто толку нови. Нема време за губење. За нашиве не сум ни прочитал дека некој е заинтересиран па да се шпекулира со суми. Да резимираме до каде (не)сме:
Медисон -> Тотенхем
Хаверц -> Арсенал
Рајс -> Арсенал
Тонали - Њукасл

Маунт - преговараме
Онана - преговараме (ваљда...)

Кејн -> Баерн/Реал (шансите за кај нас, барем сезонава, се минимални, ако остане кај Тотенхем, реални се шансите за фри за кај нас в година)
Турам -> Интер
Коло Муани - има некои шпекулации, наводно 80ина милиони бараат Ајнтрахт
Дисаси - засега нема нешто конкретно за овој
Тимбер - се поврзува со Арсенал (добро би легнал кај нас пошто покрива и стопер и бек). Ваљда нема овие се да купат :D
Хојлунд - има шекулации, можда и најреална опција за напаѓач за овој трансфер период
Осимен - тој сакал во Англија, ама тука Челзи ќе ни биде голем конкурент, а и многу ќе чини пари
Каиседо - поблиску е до Челзи отколку за кај нас, ама Голдбриџ вика дека сме почнале преговори :cool:
Ким - изгледа ќе го соберат Баерн/Сити
Рабио - продолжи со Јуве

Подобра опција е да остане Де Геа и да се насочат парите кон напаѓач кој очајно ни треба. Друго, што и да успеат да земат ќе биде предност во однос на минатата сезона. Засега сме зафатени со маркетинг со новите дресови, фрчат кампањи, реклами, фото сесии...другиве нека си купуваат играчи :tapp:
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Шо не пробат да го убедат бразилецот у средина од Њукасл страшен играч, животно. Името му го забравив Касемиро позиција, тип Валверде играч Френки таков еден од средина еден напаѓач (сакам Кејн) и добри ќе сме ама пусти желби
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.995
Поени од реакции
7.526
Шо не пробат да го убедат бразилецот у средина од Њукасл страшен играч, животно. Името му го забравив Касемиро позиција, тип Валверде играч Френки таков еден од средина еден напаѓач (сакам Кејн) и добри ќе сме ама пусти желби
Бруно Гимераеш?
Се зезаш како прво не постои никаква шанса да го пушти Њукасал, повеќе постои шанса да го земеме Кејн од Спарси одколку Бруно од Њукасал.
Како второ нема да дојде затоа што проектот на Њукасал е во подобра состојба од нашиот.
И како трето и он ќе кошта околу 80 мил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom