Ѓаволот-старата змија

  • Креатор на темата Креатор на темата alf
  • Време на започнување Време на започнување
Да речеме сексот е гревот....соединувањето - бог, раздвојување - ѓавол.(две дрва, едно за спознавање на доброто и лошото и дрвото на животот).
Знаеш прво што покриле Адам и жената негова?(Ева се нарекува после гревот ,бидејќи стана мајка на сите живи).
Ти праша...дали гревот што го прави човекот е всушност ѓавол?
Јас прашувам...Дали гревот што го прави човекот е всушност бог?

Змијата зборува ...
Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.

А како зборува змијата?...:(
 
Мислам дека сите знаеме што е добро, а што е лошо.....и сега богови ли станaвме?
Ова да беше точно ќе немавме морал и етика која ќе се менува, која ќе зависи од центри на моќ и човекот, ќе немаше потреба од ѓаволи и бесови и идеи за грев - многу од работите од библијата ќе ги немаше.
Но тоа го има бидејќи поединецот слабо ја познава/знае и дејствува според својата волја....

Така да, уште долго ќе се расправа за ова „им се отворија очите“ и змијата ќе биде се и сешто, и плодот од дрвото ќе е се и сешто :)
И Дрвото кое никако да се каже што плодови носи, какво е и зошто е... а и ете @PROROKOT што вели: чекајте малку, змијата зборува?
Колку само замижуваме и прифаќаме нешто дека е така како што е бидејќи „света книга било, нема прашања и сомнеж“.

Имам едно мислење на мојот блог напишано за ова, во врска со еврејската сказна за Ева и змијата и гласи:

„Во Малкут е и Лилит(ThILIL=480), ако се гледа Дрвото на Животот свртено наопаку, првата жена на Адам Кадмон, која тргнала по својот пат, и ја нарекоа Демон, а Ева е таа која прва се иницираше, прва која посегна да јаде од Дрвото, и е прогласена за добра. Ама кои сме ние да спориме за нешто. Премногу патријахатот бил на власт во тие времиња кога се одлучувало кој е во право а кој не.“
- За Малкут, Кралството.

И мислам дека има на уште 2-3 места каде зборувам за овие симболи.
 
Да речеме сексот е гревот....соединувањето - бог, раздвојување - ѓавол.(две дрва, едно за спознавање на доброто и лошото и дрвото на животот).
Знаеш прво што покриле Адам и жената негова?(Ева се нарекува после гревот ,бидејќи стана мајка на сите живи).
Ти праша...дали гревот што го прави човекот е всушност ѓавол?
Јас прашувам...Дали гревот што го прави човекот е всушност бог?

Змијата зборува ...
Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.

А пред да им се отворат очите, им биле затворени?...:(
 
Што ти е ѓавол...
ЧОВЕКОТ сака црква да слика,
а лукавиот ќе влета у кадар.
IMG_20230626_153145.jpg
 
Абре Хепта избриши го тоа "прва"!!
Ако и ти буквално си го разбрал битие, тогаш е прва!:LOL:
Не го разбра тоа што го зборувам, сигурно не си ниту пребарал на блогот да читнеш во целост за иницијацијата и змијата и се останато (а има таму, ќе споделам понатаму, да ја исцрпиме темава со прашања од твоја страна), за да ја доловиш сликата,
и сега празни муабети тука, избриши ова, иницирана па kickout од рајот ...

Ако веруваме дека богот е сезнаен, семоќен - дозволил или не змијата да ја иницира жената?
И зошто жената? :) И зошто дозволил? И кој е богот?

Бидејќи си „како бог“ а не бог... кој ќе ти каже?

Оди мисли, иако мислењето не помага... оди направи муабет со Исус и ќе видиш што ќе ти каже...
„О сине, Хепта арно ти збори, само хиероглифите ги помести тро поеќе“ - е така ќе ти рече...
А не да ме прашуваш што зборувам, бидејќи ти не може да ме разбереш... што сум кажал, кажано е на блогот,
тоа што ме прашуваш целиот вчудоневиден само е показател дека не си разбрал бидејќи читаш христијанска света книга и ништо повеќе,
иако милион пати ти имам кажано тоа се еврејски учења.
ЕВРЕЈСКИ. :) А за нив фалусот не ти слуша... туркаш си сказната, филмот си оди...
убавиви...

Ќе ти испринтам маица и ќе ти ја подарам и на неа ќе пишува:
„Битие е Берашит
Знај си го коренот!“
 
Аман...:facepalm:..кажете го одговорот на загатката оти неврозитис не фати нас овде што читаме.
Злото е составен дел на животот на секој човек...но дали и зло направено од добри намери е зло, дали и тука ѓаволот умешал прсти?
 
Не го разбра тоа што го зборувам, сигурно не си ниту пребарал на блогот да читнеш во велост, за да ја доловиш сликата,
и сега празни муабети тука, избриши ова, иницирана па kickout од рајот ...

Ако веруваме дека богот е сезнаен, семоќен - дозволил или не змијата да ја иницира жената?
И зошто жената? :)

Оди мисли, иако мислењето не помага... оди направи муабет со Исус и ќе видиш што ќе ти каже...
„О сине, Хепта арно ти збори, само хиероглифите ги помести тро поеќе“ - е така ќе ти рече...
А не да ме прашуваш што зборувам, бидејќи ти не може да ме разбереш... што сум кажал, кажано е на блогот,
тоа што ме прашуваш целиот вчудоневиден само е показател дека не си разбрал бидејќи читаш христијанска света книга и ништо повеќе,
иако милион пати ти имам кажано тоа се еврејски учења.
ЕВРЕЈСКИ. :)

Ќе ти испринтам маица и ќе ти ја подарам и на неа ќе пишува:
„Битие е Берашит
Знај си го коренот!“
Разбрав уште само што прочитав.
-добива ново име
-искушенија низ кој треба да помине
-доживување смрт
- и се разбира, разговор со змијата

Последново ти беше акцент....
И? Искушенијата можат да почнат, патот да се помине низ огнениот столб поставен пред рајската градина.

Мојсе и се е јасно, што друго да кажам.
Затоа реков, ѓаволот како да ја пишувал битие.
 
Последно уредено:
Ако тебе така ти се чини дека ѓаволи пишуваат свети книги, нека ти биде...
Јас уште се чудам на насловот споен „ѓавол“ и „стара“ па и „змија“ и си прелистувам ствари што сум ги испозаборавил од пред 20 години читани :)

Аман...:facepalm:..кажете го одговорот на загатката оти неврозитис не фати нас овде што читаме.
Злото е составен дел на животот на секој човек...но дали и зло направено од добри намери е зло, дали и тука ѓаволот умешал прсти?
Седни ти прочитај библијата, седни прочитај ако си православна христијанка некој коментар од познати отци и старци што рекле, па наместо да прашуваш сешто и се да ти е рекла казала муабети тука, научи еднаш нешто за својата вера и зацврсти тие темели, не само пишување колку да се напише нешто...

Бидејќи не е секоја тема „играчница“... за религии умираат луѓето, не е ова „од збор реченица“... мислам, хелоу!

И да, заборавив „душо“ да напишам на почетокот :)
 
Ако тебе така ти се чини дека ѓаволи пишуваат свети книги, нека ти биде...
Јас уште се чудам на насловот споен „ѓавол“ и „стара“ па и „змија“ и си прелистувам ствари што сум ги испозаборавил од пред 20 години читани
20 години!
Си остарел, не си веќе млад, туку стар! :)
 
20 години!
Си остарел, не си веќе млад, туку стар! :)
Како Старата Змија... внимавајте на коренот на вашето дрво :D
Не знаш „змијата“ кога ќе го фрли семето...

На вас е редот младите, сега сте во полн ек... создавајте нешто по кое ќе ве паметат и надвор од Македонија или градот во кој живеете.


П.С. Додека можам да го изведувам Liber Resh или Поздравот на Сонцето, нема старост... :)
 
...кој е смисолот на Бог ако го нема Ѓаволот?
...од каде знаеме што е добро ако не знаеме што е лошо?
...како да препознаеме што е Ѓаволска лукавост,а што Божја мудрост?
...одговорот на овие прашања ќе ви донеси вистински патоказ за вашиот живот?
...дефинитивно и сигурно НЕ!
...ниедна Света Книга,ниту една Вероисповед,а уште помалку философско видување не е прирачник за мирен и среќен живот.Но е добра алатка,за секој индивидуално и различно,да ни даде малку светлина на нашиот пат(живот) :)
...најискрено,по мое,на човека колку му е потребен Бог толку и Ѓаволот
...се разбира,зборувано со речникот на Религиите кои се помалку имаат временска тежина и вистинитост
...едноставно не се up to date (точка)
 
Како Старата Змија... внимавајте на коренот на вашето дрво :D
Не знаш „змијата“ кога ќе го фрли семето...

П.С. Додека можам да го изведувам Liber Resh или Поздравот на Сонцето, нема старост... :)
Сине/ќерко Хепта, не греши душа.
Ти си под законот и роб на буква си, скрши ги оковите па со "змијата" во постојана пентрација ќе бидеш.:X3:
Таму каде нема ни бог ни ѓавол.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom