После деведесеттите години од партиски кадри, директори на фабрики станаа новата елита.
Пример кај нас онаа даската Шејкерова татко и директор на РЕК Битола, дел од тие фамилии стана капиталисти, нова елита по наследство. Сменија идеологија и земаа дел од власта, во Русија беше уште по безобразна приватизација.
Се разбира и западот активно работеше во селекцијата на новите елити, но за разлика од нас, во Русија не се толку монолитна структура, сите се крадци, криминалци , но не сите се предавници.
Има некаков консензус и договори во Кремљ, партијата е "Едина Русија" но внатре се разни пратеници и секој претставува различен клан, пример финансиски капитал, индустрија, трговија...
Десетина месеца не бомбардираа железница, пошто по истите идеше увоз извоз со Украина и ЕС.
Има клан во армијата, планирањето, министерството на одбраната, многу тешко е туку така да се смени. Самиот Путин треба да има одобрение од думата, неможе да прави што сака. Сето тоа што планира треба да биде одобрено од тие газди, пример СДСМ, ВМРО е 100% едноумие, што ќе реши шефот на партијата сите сложно гласат. Кај "Едина Русија" е слично но се повеќе газди, Путин има некаква власт но по некој теми другите решаваат. Од таму е проблемот со Шојгу, после многу неуспеси немаше право да го смени.
Сега после малку притисок од страна на Вагнер ќе има промена, дури и да не беше Вагнер, пучот можеше да биде самата армија, ФСБ, ГРУ..., не сите се предавници, гинат на фронтот а гледаат предавници во раководството.
Кога ќе го сменат Шојгу и некој генерали, по самиот фронт како се движи војната ќе видиме новите, што за луѓе се. Кога САД може да уништи северен поток, зашто Русија да не може да прекине некоја оптика, или или нафтовод гасовод кон Англија, да бомбардира склад во Полска. Дури може и неофицијално, не признава, не сме ние...