- Член од
- 28 јануари 2010
- Мислења
- 1.595
- Поени од реакции
- 1.138
Почни да си реплицираш на самиот себе...
Самиот велиш „Исус кажал„ ама не кажуваш кој го запишал кажаното од Исуса Христа.
Да се потсетиме; Исус зад себе не оставил никаков запис (цртежот во песокта, кога Евреите сакаа да ја каменуваат блудницата, не е круг).
Се‘ што Исус кажува, го кажува „во доверба„ (за да поверуваат Евреите во се‘ што Он ги поучува), не дека Он има потреба од запишување, а кажаното е запишано од Неговите Апостоли.
Бидејќи апостолите запишувале, црквата полага право на нивните книги кој ги собрале во една книга наречена библија.
Исус кажал, апостоли запишале, зборовите се став на црквата и секој што не од црквата и нејзиниот став е од ѓаволот,така?
Затоа си зема за право да кажеш..
"Во Црквата постои еден став-кој не е Божји, тој веќе е под влијание од ѓаволот"
Си го присвоивте Исус кој умрел за сите луѓе и сакате спасението да биде само ваше?Па не оди тоа така.
Змијата во битие е исто што и Исус во новиот завет.Самиот Исус им кажува на апостолите да бидат како змија.Во времето кога Адам и Ева битисуват во Рајот, сите животни му се послушни на Адама. Адам, од сите животни, ја сметал змијата за „попаметна„ во однос за другите. Сатанаил тоа го „заприметил„ и ја искористил змијата како орудие за измама.
Така, кога Сатанаил и‘ се обраќа на Ева, Сатанил привидно зборува преку змијата, иако змијата, природно, нема говорна способност. Оттука останува онаа метафора, дека Сатанил/ѓаволот е „старата змија„, не затоа што змијата е стара, туку затоа што лагата која Сатанил ја изговара преку змијата, е стара лага, кажано од искон, од почетокот на Светов, а таа лага се провлеква меѓу луѓето до денешениов ден.
16. Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби
Треба да правиш разлика пред гревот и после гревот.
Кога змијата и зборува на Ева, гревото сеуште не е направен , а кога нема грев нема ниту ѓавол во рајот.Затоа не е точно дека преку змијата зборува ѓаволот, туку преку неа зборува светиот дух.
Прочитај и види дека единствено змијата не се правда ниту обвинува некого за тоа што го направила, туку ја прифаќа казната без приговарање, што одговара на Исус кој страдањето го прифаќа и вели нека биде волјата твоја,а не моја.
На грев како гулаб(свет дух).
Откако е направен гревот ,а преку гревот смртта, се појавува ѓаволот и зборува преку Адам и Ева.
Адам го клевети бог "жената која ти ми ја даде"
Ева ја обвинува змијата.
"Змијата ме измами, и јас јадев.”
Двајца(кој се едно тело) ги клеветат бога и змијата(и тие се едно) за нивниот грев.
Дали гледаш колкава заблуда направи ѓаволот во светот?
Светиот дух со Сатана го заменивте!
А кажано е.....
32 И ако некој рече збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако некој рече против Светиот Дух, нема да му се прости ниту во овој век, ниту во идниот.