- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.154
- Поени од реакции
- 12.777
" Слобода за Евгениј Пригожин " ;Работава испадна тресла се гора, родио се миш...А и беше чудно според мене што и западниве медиуми ја пренесуваа веста без некоја помпа како што знаат тие да пренесат. Се на се добра глума за денгубење
" Да живее Евгениј Пригожин, ослободителот на Русија, херојот на руската борба за слобода и демократија " ;
Некако не штима како нов материјал за западна расипана плоча, можеби бидејќи олигарх кој раководи со сопствена приватна војска не би бил баш нивен тип на човек, ако успеал самостојно да собере сила и храброст за да собори една влада, шансите да игра на музиката на западот би биле толку минимални, што би биле непостоечки.
Локални и регионални војсководци и воено-профитерски крвожедници се меѓу омилените кучкини синови на западњаците, особено во Африка, бидејќи сепак зависат од надворешни финансирања и од надворешно вооружување, а со тоа се лесни за контролирање. Но во држава која не само што има сопствена развиена индустрија за вооружување, туку исто така е и најголема држава во светот по големина на територија, излегува на 3 (ТРИ) океани и располага со огромни ресурси, а патем е и нуклеарна велесила, локален или регионален приватен војсководец тешко дека би останал под контрола на надворешни спонзори, бидејќи не му требаат ниту финансии од надвор, ниту вооружување од надвор, слободно може да се финансира и да се вооружува од сопствената територија.
Јас лично мислам дека западњаците попрво би прифатиле Владимир Путин кој би живеел уште 100 (СТОТИНА) години и би останал уште толку години на власт во Русија, отколку да експериментираат со приватен војсководец кој денес стиснал тестиси за да соборува влада, а утре би можел да стисне тестиси за да си игра воени авантури низ цела Европа. Тешко дека ќе излезат на крај со таков човек.
Последно уредено: