Ова е типичен пример на одметнување на генерал/и (во овој случај платеници) кои претходно биле финансирани од државата.
Секогаш мора да се најде некој оваков луд кој добива ресурси, гради војска, бива финансиран и му се дадени одврзани раце од власта да прави што сака, да тргне баш по таа власт, во желба за моќ и владеење.
Истото се случува и во Конго, или Судан, или каде и да се борат во Африка, моментално.
Ситуацијата во Русија, а и комплетно оваа војна потсетува на 1СВ. Командата, од Шојгу и Герасимов се виде дека е тотално некомпетентна, стерилна, и одговорна за делумниот неуспех во Украина.
Тука излегува Пригожин на сцена, каде сите успеси му се препишани нему.
Овој и од поодамна беше спомнуван за најизгледен наследник на Путин. Ама не верувам да има капацитет за такво нешто.
Ликот делува непресметлив, комплетно.
Друга ствар е, што кога се прави пуч, треба да се има поддршка од армијата, посебно од високите чинови кои сакаат да направат превласт.
Трета ствар е да се има поддршка од народот. Да, незадоволни се од Путин повеќето, но кој и да го прашаш Русин, кој би можел да го замени, никој нема одговор.
Во случајов, народот не е толку за Путин, колку што е против Пригожин.
Колку и да делува ситуацијата како во 1СВ, сепак Путин е далеку од неспособен "крал", а од друга страна не гледам како Пригожин има доволно поддршка за да го истера пучов до крај, од никого.
Во најлош случај, би следело крвава граѓанска војна и капитулација на Русија.
Во нај логички случај, би следело елиминирање на пучистите, и регрупирање на внатрешните структури во државата.
Сепак, ова е поволна ситуација за Украина, да, додека Путин се занимава со елиминирање на пучистиве, да нападне и да оствари голем успех на југот.
Ќе видиме дали ќе заврши Путин како Николај 2, или како Питер Велики.