Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    752
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.434
Поени од реакции
7.148
На крајот одговорноста за сите тешкотии што ќе ги трпи Рускиот народ се кај Путин. Напраи стратешки погрешна одлука. Кажав уште и старт, Руското општество не беше подготвено за ваква војна.
Не знам колку и дали било подготвено руското општество, ама Вагнер нема врска со руското општество. Они си се платеници кои ги заболе за руското општество. Они се платеници, дур има пари Пргожин ќе слушаат наредби, после по други платенички војски ќе идат и тоа е тоа. Ако не е исценирано, а како поминува денов, се повеќе делува дека не е, или ќе го елиминираат или ќе се испазарат. Ескалација никако не и одговара на Русија и борби низ руски градови со 10000-20000 вагнеровци. Такво нешто ако се деси, може и е реално да им се деси распад систем у Украина, па да гледаме хаотични повлекувања како кај Харков. Буквално е штама на рускиве канали, совен по некое видео од вагнеровци и изјавата на Путин нема никаква друга информација што се случува, што и не е баш добар знак.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.254
Поени од реакции
9.911
Ако е така, реално тогаш он треба и он да си иде.
Стварта е што ова е многу поголема игра, влогот е огромен. Џокер уште нема у раце а кога ќе го има ќе се смени ситуацијата.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
6.211
Ова е типичен пример на одметнување на генерал/и (во овој случај платеници) кои претходно биле финансирани од државата.

Секогаш мора да се најде некој оваков луд кој добива ресурси, гради војска, бива финансиран и му се дадени одврзани раце од власта да прави што сака, да тргне баш по таа власт, во желба за моќ и владеење.
Истото се случува и во Конго, или Судан, или каде и да се борат во Африка, моментално.

Ситуацијата во Русија, а и комплетно оваа војна потсетува на 1СВ. Командата, од Шојгу и Герасимов се виде дека е тотално некомпетентна, стерилна, и одговорна за делумниот неуспех во Украина.
Тука излегува Пригожин на сцена, каде сите успеси му се препишани нему.
Овој и од поодамна беше спомнуван за најизгледен наследник на Путин. Ама не верувам да има капацитет за такво нешто.
Ликот делува непресметлив, комплетно.

Друга ствар е, што кога се прави пуч, треба да се има поддршка од армијата, посебно од високите чинови кои сакаат да направат превласт.
Трета ствар е да се има поддршка од народот. Да, незадоволни се од Путин повеќето, но кој и да го прашаш Русин, кој би можел да го замени, никој нема одговор.
Во случајов, народот не е толку за Путин, колку што е против Пригожин.

Колку и да делува ситуацијата како во 1СВ, сепак Путин е далеку од неспособен "крал", а од друга страна не гледам како Пригожин има доволно поддршка за да го истера пучов до крај, од никого.

Во најлош случај, би следело крвава граѓанска војна и капитулација на Русија.
Во нај логички случај, би следело елиминирање на пучистите, и регрупирање на внатрешните структури во државата.

Сепак, ова е поволна ситуација за Украина, да, додека Путин се занимава со елиминирање на пучистиве, да нападне и да оствари голем успех на југот.

Ќе видиме дали ќе заврши Путин како Николај 2, или како Питер Велики.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.550
Поени од реакции
2.726
Како сега испадна дека Руската армија била неуспешна и Шојгу и Герасимов биле виновни? Нели немаше грешки досега (Киев беше феинт, Херсон тактичко итн)?
Сега со господинот Путин сте или со пучистите? :icon_lol:
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.514
Поени од реакции
23.566
Не знам што чекаат, сега е најдобриот момент ВСУ да нападне долж целиот фронт со се што имаат, ништо да не штедат, сега или никогаш.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.499
Поени од реакции
18.521
Не знам што чекаат, сега е најдобриот момент ВСУ да нападне долж целиот фронт со се што имаат, ништо да не штедат, сега или никогаш.
Зошто?

Можно е за брзо русите сами да си заминат.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.514
Поени од реакции
23.566
Зошто?

Можно е за брзо русите сами да си заминат.
Зошто би си заминале? Да речеме навистина има обид за пуч и е успешен. Што мислиш ќе се случи потоа, ќе дојде ЛГБТ++ Претседателка со they/them и ќе си одат Русите дома, Крим го даваат на Украина и сите се држат за рака и ќе пеат кумбаја?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.429
Поени од реакции
18.598
Не знам колку и дали било подготвено руското општество, ама Вагнер нема врска со руското општество. Они си се платеници кои ги заболе за руското општество. Они се платеници, дур има пари Пргожин ќе слушаат наредби, после по други платенички војски ќе идат и тоа е тоа. Ако не е исценирано, а како поминува денов, се повеќе делува дека не е, или ќе го елиминираат или ќе се испазарат. Ескалација никако не и одговара на Русија и борби низ руски градови со 10000-20000 вагнеровци. Такво нешто ако се деси, може и е реално да им се деси распад систем у Украина, па да гледаме хаотични повлекувања како кај Харков. Буквално е штама на рускиве канали, совен по некое видео од вагнеровци и изјавата на Путин нема никаква друга информација што се случува, што и не е баш добар знак.
Далеку е вагнер од обични платеници. Инаку, ќе беа сместа елиминирани. Беа инструмент на државата а сега имаат голема политичка моќ и капитал.

Подготвеноста на Руското општество е многу важно во муабетот. Да беа Руските граѓани all in во војнава, немаше да има потреба од вакви нус појави ко Поржогин. Затоа вакви настани има во Русија а не во Украина. Ова не беше тешко да се предвиди после почетниот shit show, неколку пати го иам потенцирано на темата ама вајда полесно им е на луѓето со розеви наочари.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.984
Поени од реакции
11.350
Не знам што чекаат, сега е најдобриот момент ВСУ да нападне долж целиот фронт со се што имаат, ништо да не штедат, сега или никогаш.
И тие самите се изненадени од развојов…
Ќе им требаат денови за такво движење и подготовка. Доволно и предоволно за русите да се подготват и пратат засилување.
Сепак ситуацијава во РФ може да се среди со еден указ и апсење на сите!
Проблемот е што ако го уапсат само Пригожин.. а го остават Шојгу и тајфата негова…
Путин ќе го изгуби кредибилитетот!
До сега сите неуспеси (како на воен така и на политички план) им беа припишувани на други. Путин беше чистиот
и мудар лидер!
Ама чашата се прелева веќе! Ако пак (по којзнае кој пат) му даде поддршка на Шојгу, народот ќе собере два и два, и ќе види дека се 4!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.429
Поени од реакции
18.598
Зошто би си заминале? Да речеме навистина има обид за пуч и е успешен. Што мислиш ќе се случи потоа, ќе дојде ЛГБТ++ Претседателка со they/them и ќе си одат Русите дома, Крим го даваат на Украина и сите се држат за рака и ќе пеат кумбаја?
Има големи шанси дека тој што ќе дојде на власт, макар и да е ултра националист, ќе сака да си ја консолидира моќта внатрешно. Така е теоретски, ќе видиме во пракса.

Од друга страна да сум војник во ров и да го глеам ова срање, веројатно би мислел уште сеа како да се предадам.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.481
Поени од реакции
43.375
не треба више толеранција на тие двајца на врхушката, се гледа дека се луѓе на Путин кои го држат на власт. Али со нив никогаш нема оваа војна да се оконча.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.908
Поени од реакции
6.211
Има големи шанси дека тој што ќе дојде на власт, макар и да е ултра националист, ќе сака да си ја консолидира моќта внатрешно. Така е теоретски, ќе видиме во пракса.
Историски гледано баш овака е. Ако се промени власта внатрешно, прво треба да се консолидира моќта, па потоа да се тргне во војување.
Во тој случај тешко дека би се продолжила војната во Украина.

Но, за да дојде до промена на власта ќе треба да се случи граѓанска војна во Русија која може да трае со месеци, ако не и повеќе.

Единствено, ако има Пригожин поддршка од внатрешните високи структури и да се случи брзо менување на власта. Што, од една страна, не делува на такво нешто. А, од друга страна пак, ако Пригожин нема поддршка, зошто би тргнал во пуч?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom