Ако ова излезе дека не било пуч, туку планирана операција спремана со месеци за западот и Украина "да го спуштат гардот" што би и' овозможила на Русија да нападне јако - ќе го сменам цело мислење што го имам за Русија и нивната армија...
Но не сум оптимист
Реално, Русија не може да нападне јако, бар со силите кои ги имаат на терен. Украина има повеќе војска на терен него ли Русија, зборам за цела територија на Украина. Евентуално би можело да е за да пробаат да ја натераат Украина да тргне во еуфорична офанзива и да влечат некои избрзани и еуфорични потези, па да грешат, зошто се очекуваат од нив резултати до самоитот на НАТО. Ете вчера одма украинците преместиле два батаљони кај Бахмут. Малку веројатно, но сепак поверојатно од тоа дека Русија ќе нападне јако.
Ако не е пуч, тогаш најлогишно би било да е се испланирано за да може Путин да прогласи воена состојба и нова мобилизација. Мене тоа ми е најреално, ако не се работи за пуч или обид на Пргожин да избоксува нов и подобар договор за Вагнер.