Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ненормално добар играч, се надевам ќе продолжи во иста форма и кај нас. Сеуште ни треба класичен ДМ како замена за Бускец, немам појма кој би можел да дојде. Кимих и Зубименди тешко, овој Амарабат не е ниво на Барса според мене, други кандидати немам слушнато ништо. Десен бек исто приоритет, ако гледам уште една сезона со Роберто ќе се самозапалам. И секако отпадот надвор...ќе среди братот Алемани.

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
 
Да ни беше тренер Пеп:

Левандовски
Гави - Гундоган - Педри - Дембеле
Де Јонг - Кимих
Кристијансен - Араухо - Кунде

Ама ние го имаме Чави :D
 
Да ни беше тренер Пеп:

Левандовски
Гави - Гундоган - Педри - Дембеле
Де Јонг - Кимих
Кристијансен - Араухо - Кунде

Ама ние го имаме Чави :D

Па ова според мене ке го игра и Чави понекогаш. Само без Кимих.
 
Па ова според мене ке го игра и Чави понекогаш. Само без Кимих.
Така го стаив како везњак, може ќе е Зуби може Брозович... ама оваа формација нема шанси.
Пичка у душа е.
 
Средината изгледа прејако. Френки, Педри, Гави, Гундоган, па и Кеси ако остане (тешко после доаѓањето на Гундо).
Се ова се играчи кои ќе се борат за 2 позиции во средината, со оглед на тоа што Чави кажа дека сега приоритет е да се потпише замена за Бускетс.

Исто и Ињиго Мартинез е доста квалитетен стопер. Каков клизачи има, потсеќа на Маске :D Иако првично е донесен како 4та опција за стоперска позиција (Араухо, Кунде, Кристенсен, Ињиго, Гарсија) нема да ме чуди да добие некоја посолидна минутажа. Во секој случај, добро е да има конкуренција и ширина во составот. Имаме 4 екстра стопери и Ерик Гарсија.
Заедно со ДМ, ќе мора да се донесе и десен бек кој ќе биде првотимец, бидејќи Кунде најверојатно не сака да игра таму, а нема логика да останеме само со Роберто на таа позиција.
 
Не ја гледав пријателската со Иниеста што ја изиграа ама по она што читав Мексиканецот што игра десен бек изиграл доста добро. Не дека е мерило некое една утакмица ама ако на припремниве утакмици што следат се покаже може и да не пазариме десен бек годинава.
 
Може не е лошо да се проба со Вокер.
Стар е, 33 години, ама 2 сезони може да ги испука кај нас додека да се најде некој млад.
Не би требало многу да кошта, не му треба веќе на Гвардиола тој почна да игра без бекови.
 
Во Баерн ќе оди, ѕвер е Вокер, мада според мене Кансело е машина, премија би било да дојде во Барса, ама тоа е скоро па невозможно.
 
Во Баерн ќе оди, ѕвер е Вокер, мада според мене Кансело е машина, премија би било да дојде во Барса, ама тоа е скоро па невозможно.
Романо имаше нешто изјави дека ќе пуштиме понуда за Кансело за позајмица, ама не ми се верува да игра со 2 офанзивни бека Чави, плус како стојат работите без класичен ДМ.. неаме пари за Зубименди 60 милиони.

Најверојатно Кеси и Феран ќе се жртвите.. и нешто се спомнува као демек Интер биле заинтересирани за Гарсија, ама не ми се верува тие поутепани се од нас.
 
Левандовски одбил 150 милки од СА.:shok2:

Каков човек не ми се верува. Го напушти Баерн и дојде во Барса за дупло помала плата, и сега одбива 150 милиони евра годишно. Плус дал изјава дека можно е да се пензионира кога ќе му истече договорот.:cuc:
 
Иначе, од реални желби, би сакал да го видам пак Чави Симонс ама сеа на крило, имаше многу јака сезона у ПСВ.
ПСЖ мислам дека има клаузула и ова лето може да го врати за 6 милиони.. :facepalm:
Не знам колку би барале за него во нормален трансфер..
 
Ти најверојатно си од тие шо им опростуваат изневера на бившите. Сигурно и Нејмар посакуваш да се врати?
 
Ти најверојатно си од тие шо им опростуваат изневера на бившите. Сигурно и Нејмар посакуваш да се врати?
Да сакав ќе пишев. Млад е, зашо да не му се даде шанса, плус ако не се лажам отиде у претходната управа. Тогаш времињата беа други..
 
Симонс врв на кариерата и освојување на некој трофеј може да биде само во холандија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom