Прегледај го приврзокот 382293
... уривањето на браната Нова Каховка во јужна Украина би била една од најголемите индустриски и еколошки катастрофи во Европа при што биле уништи цели села, обработливо земјиште, илјади луѓе без електрична енергија и чиста вода и огромна еколошка штета.
Прегледај го приврзокот 382295
... сè уште не можело да се каже дали браната се урнала затоа што била намерна цел или дали пробивањето можело да биде предизвикано од структурен дефект.
... браната и хидроцентралата биле под руска контрола и затоа се недостапни за независните истражители, оставајќи ги експертите ширум светот да се обидат да претпостават што се случило врз основа на ограничени визуелни докази.
... неколку западни функционери ја обвинија Русија за катастрофата, или директно обвинувајќи ја Москва дека целта на браната е или велејќи дека Русија е одговорна само затоа што е агресор во војната против Украина.
... војската на Украина и НАТО ја обвиниле Русија за кревање на браната во воздух, додека Русија ја обвиниле Украина.
... илјадници луѓе се евакуирани од ниските области од двете страни на реката Днепар.
Прегледај го приврзокот 382296
...осудувањето на РФ било за уривањето на браната поради намерната еколошка катастрофа и влевање на голема количина ,,блага,, вода во солена морска вода со што дошло до десализација на морето при што дошло до изумирање и промена на биосветот, па нагло почнале да се размножуваат патогени бактерии, па и опција на можност на присуство на колера во водите на Црно Море.
...арно ама, после таа напумпана набедувачка еуфорија, кога увиделе државите околу Црно Море дека туристичката сезона ќе ја изгубат, поради тој факт или фејк на појава на колера, туристите па дури и домашните ја избегавале таа дестинација, набрзо дале демант за сето тоа и дека немало појава на колера и загадени морски води на туристичките плажи.
Прегледај го приврзокот 382297
...арно ама сега нов момент на опасност што официјален претставник на Обединетите нации изјавил дека мините што биле отстранети од приливот на водата од браната Каховка во Украина, ПМФ-1, познати биле како мини „пеперутки“, биле доволно лесни за да лебдат низводно на големо растојание, па би можеле да испливаат низводно стигнувајќи до плажите на Црното Море.
Прегледај го приврзокот 382298
...толку од туризмот покрај Црно Море, макар поминале секое утро со детектор за мини по плажите.