Пред се браво супер графит
Како би изгледало ако реплицираме со речник на комити:
-шо е ова бе ебате како 5 годишни деца со темпери да цртале
-кај песната ја копирате од нас (ние први во мк ја препеавме) па и на графит сте ја стаиле, гревови...
-уште една копија... ние сме ви идоли ебаве сељаци
-аууууу црнец нацртале од баирот хахахахха
-пеете има само еден клуб, а кога сте мала бројка кукате имало 10 клубови и навивачки групи
Има коректни членови ама за жал темава одамна не е место за нормална дискусија
Пред се, добар реален коментар. Секогаш сум за здрава комуникација, без навреди, бидејќи форумов, за жал е единствена опција каде што може да се разменат мислења помеѓу членови на различни групи. Секогаш сум подржувал и стимулирал позитивна промена кај останатите групи, акции или изданија кои ми оставиле впечаток. Пр. новата млада крв кај Чкембари, маркетингот на Лозари, или пожртуваноста на Рибари. Силна Мак тифо сцена, значи силни Комити Запад, и обратно.
Но, конкретно во однос на твоите замерки, си се запрашал ли од каде доаѓа револтот кај Комити? Токму од неоснованите тези и ситните провокации насочени кон групата, од страна на повеќето активни тифо групи, но секако со акцент на Чкембари.
Две години Комити Запад функционираат беспрекорно. Најдобри изданија, најдобри пиро спектакли, најдобар и најмасовен маркетинг, од како што постои самата група. Особено ја потенцирам минатата година, и слободно можам да кажам, дека не само што бевме далеку пред сите други на Мак тифо сцена, туку со дебели букви го мапиравме светото име на регионалната навивачка мапа.
За тоа време, тука на форумот буквално на секојдневна база беа изнесувани неосновани критики, беа соопштувани лажни тези со цел компромитација, а бојкотот за кој збориш, постоеше само по одличните изданија на Комити. Тогаш се молчеше, за жал, наместо да се пофали и подржи групата, што би било реална навивачка реакција.
Дури и при големи настани, како што беше јубилејот, кога имавме полн запад, прекрасно пиро шоу и успешно спроведена комплицирана кореографија, тука на форумот се зборуваше за плакати, за тоа дали имало 12 000 или 13 000, за тоа дека се очекувало 30 000, па срамота било ова..
Интересно и смешно е во исто време, колку на моменти повеќето групи знае да ги обедини омразата кон Комити. Кога ја направивме кореографијата со ликот од филмот "SAW", во која цела трибина ја испочитува одлуката на групата, и дојде во бела кошула, каде што имавме и одлично усогласено пиро и објава на Ultrastifonet, тука се збореше и се даваше внимание на член на Лозари кој во 2012 мислам дошол на трибина со кравата и рандом фантомка. Тоа беше "доказот" дека Комити ја украле замислата. А од друга страна, кога Лозари, ЦЕЛОСНО ја украдоа идејата од н.г. Фирма, каде што не само што го украдоа целосниот цртеж, туку и ги мрзеше да смислат ударна парола, па и таа ја украдоа. Кога ќе размислиш, кога крадеш - кради, не оставај..

Секако, поддршка доби од Чкембари и секако од заспаните членови на Шверцери, кои откако им падна знамето и не се активни, живуркаат така што лајкуваат и подржуваат се што е против Комити. Ама тоа не е проблемот, проблемот е што вие се лепите на таа енергија.
За ситуации како гостувањето во Белград, каде што, уште нестигнати, тука на форумот бевме распнати, бевме омаловажувани дека "Ете, Комити фрлија ракавица и не одат, пички бла бла", не сакам ни да зборам.
Така да, полека со заклучоците. Има секоја група по еден Горан БТ, за жал, неспорно е тоа, и од кај нас има доста што често пишуваат небулози, ама белким некад ќе куртулиме, не само тука, туку и на трибина, од такви еднемски видови
