Ф-16 парира на Миг 29, дури и мигот некако го надминува. Но мислам дека Русите го имаат забаталено малце мигот со подобрувања, па можеби сега некако е бољи Ф16. Но дефинитивно Су35 е класа над Ф16.
И пак ќе кажам иако доста западни споредби му даваат предност на Ф35, наспроти Су35, фактот дека ги споредуваат овие два авиони збори многу. Су57 е дефакто подобар авион од Ф35, во право си дека го има 1000, но во цела класа го надминува. А и реков, сега ситуацијата е сменета, штанцањето е многу полесно да почне во Русија (а мислам дека веќе е почнато), одколку во САД.
Што се однесува до стелт технологијата, не би се крстел јас многу многу во неа, после инцидентот со Ф117. Може имаат некој импрувмент во Б21, меѓутоа тоа е тоа, не постои некоја си нова стелт линија, тоа е реликт од златните 70ти.
Докажано во Србија, Ирак, Авганистан и Либија.... треба малце да си посериозен.
Зависи кој на што се концентрира, Русите се концентрираат повеќе на ПВО одколку на авијација. Генерално долго време нема иновации ниту во Америка, туку моментално ги берат плодовите од истражувањата во 70тите и 80тите.
Кога гледаме генерално, иако САД има огромен буџет за иновации, иако беше на сама врвот во последните 33 години... нема нешто многу сериозно извадено. Може има нешто во позадина, незнам.