Не.
Постојано имаат програми за модернизирање на авијацијата, постојано вадат нови верзии на Ф-15ките и Ф-16ките и покрај тоа што имаа авион од следна генерација, развојот на 5та генерација на воен авион им е почнат во средината на 90тите (Ф-22), бомбардерите и хеликоптерите постојано им добиваа надоградби.
Пред некој месец прикажаа целосна верзија на Б-21, новиот бомбардер.
Ф-35ката се произведува со страшно темпо. Сите останати производители на воени авиони не произведуваат толку единици како што тоа го прави Локхид со 35ката.
Да не зборуваме за дронови, каде веќе имаат борбени дронови со големина на воен авион, дронови што самите полетуваат/слетуваат од носач. Има 3-4 снимки од претходните 7-8 години каде се гледаат авиони со необична структура. Поевќето би рекле UFO.
Се сомневам.
Можеби користи повеќе крстосувачки ракети, но не и наведувани оружја.
САД некаде од Заливската војна па наваму не користат dumb бомби.
А ја користат авијацијата скоро секаде. Русија во војнава користи многу малку авијација. Единствено Русија авијациски напаѓа со glide бомби на фронтот и како платформа за лансирање крстосувачки ракети.
Се согласувам.
Само имаат многи повеќе ресурси и во доста полиња се генерација-две понапред.
Да, непријателот можеби имал релативно застарено ПВО, но САД и тоа како се способни да совладаат и посовремено.
Децении наназад, после Виетнам САД вложуваат во концепти на потиснување на непријателските против воздушни системи. И прилично се добри.
Можеби бидејќи е
единствениот авион што го прави тоа на таков начин.