Овој и наредниот месец се откажуваат операциите во КБ Штип кои може да почекаат. Ова е пракса и од претходните години летниот период во месеците јули и август да се…
mnet.mk
„...Овој и наредниот месец се откажуваат операциите во КБ Штип кои може да почекаат. Ова е пракса и од претходните години летниот период во месеците јули и август да се оглагаат операции кои може да почекаат...“
...праксата уште од пандемија си беше да се откажуваат операциите „кои можат да почекаат“ нели оправдана состојба на пандемија со коронавирусот, сега причина кобајаги бил „годишните одмори“, санким претходните месеци се истуриле од оперирање.
...не знам зошто пак пациентите „запнале“ да се оперираат на 40 степени кога можат да си седат дома, нели, кога може „да се почека“ и која ситуација за обичен смртник пациент би била „да почека“, кога цел живот чека, дали во матичен термин, дали за мој термин, дали за специјалистичка консултација, дали за лабораториски термин, дали за оперативен термин.
... не само што немате во Штип медицински соодветен медицински персонал зошто се вработува тој што не треба во клинички болници, туку и никогаш не сте искрени да си ја кажете вистината, ама толку сте смешни да понатака си ја кажете несвесно дека причината која би била една:
„...Во меѓувреме апаратот за магнетна резонанца и рентген апартот се надвор од функција во КБ Штип ...“
па како воопшто ќе се оперира кога пациентот не може да се дијагностицира, па било „меѓувреме вон функција“, тоа „меѓувреме“ колку временски ви трае, година, две три?
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЦЗИ) во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Штип, за случајот со […]
sdk.mk
... јас лично кога ќе се спомне директорот, д-р Ален Георгијев, на Клиничка болница Штип пред мои очи излегува еден трагичен момент кога пациентка пишувајќи преку мсн со ќерката молела за кислород, а немало ниеден медицински персонал Х време во нејзината болничка соба за време на пандемијата, пациентка си почина, а дежурниот лекар не бил присутен (поради партиски состанок), а кој бил дежурен? кхммм кхммм!
Прегледај го приврзокот 384466
...така да помалку лажење и повеќе искреност сака здравството, така не се менаџира со здравјето на пациентите, не знам зошто воопшто не прават малоумни, поради годишните одмори...леле кое дебилно оправдување
!