Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
...како може да имаат такви идеии, за да има поголема количина вода за пиење ги пренасочиле цевките со отпадни води во питката да има повеќе вода :ROFLMAO: феномени!
 
А изолиран е причинителот (не мислам на ЈП)? Ваљда барем тоа го можат.
 

...Центарот за јавно здравје во Гостивар нема свој независен директор затоа што институцијата законски не е посебно правно лице и е подрачно одделение на матичниот ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово, поради таа децентрализирана организациска структура и генерален директор кој управува и со одделението во Гостивар е директор на регионалниот центар во Тетово, Шпенди Амети.

Прегледај го приврзокот 482808Прегледај го приврзокот 482810

... во Јуни ЈП „Комуналец“ препорачал водата да не се пие поради изведување технички активности за зголемување на притисокот во мрежата, веднаш по завршувањето на тие технички работи, Центарот за јавно здравје зеле мостри од четири мерни места (вклучително и каптажата во Вруток) и на 26 јуни 2026 година потврдиле дека водата немала бактериолошка загаденост ниту заматеност и ги исполнувала сите законски критериуми,

... ајде сега на кого да се верува и која е вистината! :toe:
750085885_3343949235813750_8968245776030466275_n.jpg


... само 3-4 дена по монтирањето на дивите пумпи, Центарот за Јавно здравје Тетово- Локација Гостивар издал официјално стручно мислење под број 563/2026 од 29.06.2026 година, а потпишано од специјалистот по хигиена д-р Берун Мустафа кој воедно бил и Раководител на Отсекот за комунална хигиена, санитарна техника и здравствена екологија во Подрачната единица Гостивар (која спаѓа под ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово) дека водата во Гостивар е „бактериолошки и физичко-хемиски целосно исправна“.


748907834_1486143479867386_4461506117573312407_n.jpg

Преведен цитат од албански јазик :
„Досега анализите не покажаа контаминација, а резултатите од најновите примероци се очекува да бидат објавени до утре или најдоцна до понеделник. Центарот за јавно здравје - Подрачна единица во Гостивар потврди дека се собрани примероци од четири различни точки на водоводната мрежа. Според хигиеничарот, д-р Берун Мустафа, анализите извршени на почетокот на неделата се покажаа како регуларни и од физичко-хемиски и од микробиолошки аспект. „Една од можните причини може да биде водата, заедно со храната. Затоа треба да се испита целата храна. Што се однесува до водата, правиме и редовни и вонредни анализи. Последните анализи што ги направивме од понеделник беа добри, и физичко-хемиските и микробиолошките. Вчера добивме и неколку вонредни анализи, но за нивните резултати треба да почекаме утре или до понеделник.“
затворен цитат!
 
Последно уредено:
И како ова смислил да го направи? Пак врз товар на реалните болни? Ќе ги следи тајна полиција?
 
И како ова смислил да го направи? Пак врз товар на реалните болни? Ќе ги следи тајна полиција?
... изгледа болна точка е што се зема боледување, пример се оди во странатво на работа или сезонско нешто и ќе зема вработениот од две места пари и од боледување и од дополнителна работа,

...сите боледувања кои се над три месеци или шест целосно ФЗОМ го покрива додека Синдикатот дава дополнителното за три месеци 60% од просечна плата и за шест месеци боледување даваат една просечна плата од заеднички синдикални средства, а замислите тоа да биде све лажно наместено боледување, прилив на пари од секаде.

...инаку честите неделни или двонеделни боледувања кај вработени се зема и за манипулирање со одбивање на некоја работа или да се монтира судски процес или мобинг,

... така да додека бил тој Директор на ФЗОМ има низа пријави од болниците од нивни препоставени за злоупотреба на боледување и тоа често млади тазе партиски вработени (примери од било која партија) си добиваат од специјалисти измислени дијагнози и предлози на дополнителни денови вон предлог од матичен и си земаат боледување цел месец, а за тој период дури шетаат по европски дестинации, што тука треба да направи др Клекоски, да ги проверува и тие одговорни во ФЗОМ кои дават одговор ,,све е во ред и проверено" или едноставно се корумпирани.

...нека каже д-р Сашо Клековски колку боледувања се проверени од тие написмено пријавени за манипулација во ФЗОМ додека бил директор, се добивало повратен одговор дека ,,било све во ред" а болесникот на ФБ со слики како убаво си поминува во Катар, јеби га, тука не му држи муабетот, треба да се проверат тие вработени во ФЗОМ што (не)селектираат точно така ќе страдаат можеби вистински пациенти, зошто до сега по пријави за вистински манипулатори ништо не постапиле ,,било во ред".

IMG_20260728_194818.jpg


П.С.
Овие се неписмени ,,Кликовски" го напишале, па и така го прочитале, не знаат ни што читаат!
 
Последно уредено:
да бидеме фер и на чесните вработени им сметаат лажните боледувања,

од каде нема доволно луѓе па и некој многу паметен треба да го покриваат (ај да е стварно болен секој ќе разбере)
вака прават будали од сите.

абе ако не си задоволен од било која состојба во фирмата седни на маса: дај предлог, решение, убеди не дека заслужуваш повеќе... или замини си како човек не си го троши ни своето ни туѓото време!

или нема друго место каде ќе трпат идиот и неработник како нив.
 
Патем да прашам, за комшија прашувам, ќе има ли награди за оние кои не злоупотребиле боледување.
Ќе има, нели?
 
Последно уредено:
На протестот Гостивар имало само 15-30 души за загадената вода, ова не е могуче алоооооооо.

Не не не, јас мислам дека И ОВА Е МАЛКУ ЗА ВАКОВ НАРОД. Мислам дека треба директива со гомна да ве ранат за да се освестите. Се изнајадија гомна и урина ама нема да излезат да протестираат оти газот им зависи на државно столче. Се надевам бетар ќе ги снабде и нив и државава генерално, за овој народ само питачки стап.
 
На протестот Гостивар имало само 15-30 души за загадената вода, ова не е могуче алоооооооо.
за жал могуче е, да сме си на чисто 3/4 од народов кој живее на овие простори не може да излезе од шупакот на политичарине :-(
 
На протестот Гостивар имало само 15-30 души за загадената вода, ова не е могуче алоооооооо.

Не не не, јас мислам дека И ОВА Е МАЛКУ ЗА ВАКОВ НАРОД. Мислам дека треба директива со гомна да ве ранат за да се освестите. Се изнајадија гомна и урина ама нема да излезат да протестираат оти газот им зависи на државно столче. Се надевам бетар ќе ги снабде и нив и државава генерално, за овој народ само питачки стап.
Гостивар прв во државата го фати индискиот "ЈУС" уште пред да дојде преЦедалицата. :icon_mrgr:
 
И овие ќе ти готват у кафана, работна сила од сРанство :sick:
 
Добро бе мајку му стара не е ли страмота да одат цела делегација да се сликаат за еден помочан влез од ходник оти го реновирале ????
Абе кај е народот да го замава со јајца кога вакви церемонии прават додека цело здравство е во колапс и државата се распаѓа на секое поле.
Во Битола го направиле влезот, и стварно убаво изгледа, баш пофалив пред некое време кога бев таму, и будала јас се инаетев дека цела болница ќе ја реновираат конечно, оти на хорор филм личат ходниците па и собите, тоа само влезот да ти бил, леле бе.
То доктори нема за лек, сестрата еднаш ми вика во гаќи ќе се помочам нема кој да ме замени, овој вели 85 вработувања хахаха
Апарати не работат со месеци чекаат луѓето за преглед, тој вика нова апаратура набавивме
 

 

Не е проблемот во брзата помош, тие дошле 5654435 пати.

Тие што ја испишале 3х дома пациентката без дијагноза без јасен разговор со ќерката што и е на бабата зошто, како (а нормално нема бидејќи апарати за дијагностика очигледно немаат и очигледно "гледаат на гравче")

Ете уште поабсурдно е што дури и во еден универзитетски центар како Штип и кажале дека и треба кислород и нешто е со срцето. (Муабет што санитатарка од одделе ние може да го каже)

НО тоа е нивото на народот. Како што во примеров, кривецот очигледно по наговор од тие што се криви е пренасочен на брзата помош, па чак иде тоа и на телевизија. Дно

Ова е реалната слика на практично непостоечкото здравство во периферијата на државата. Не знам како не им е срам на властите со деценни? Очигледно од неспособните медицински кланови и "препотентни" династии кои имаат личен интерес да се држи статус квото, властите не можат да добијат јасна слика за кое здравство на ниво Уганда се работи.

Распишале конкурс за приватни специјализанти (финансиско оскатување на младите и мотивирани медицински кадри) за полнење на касата од која си ја присвојуваат и си живеат лјфстај ко рок ѕвезди, дежураат од Словенија тука "обучен" кадар нема ни за лек пошто само парите им ги земаат, не ги плаќаат, омаловажуваат и на крај пак по старо.
 
Back
На врв Bottom