Како што пишав, главната причина за изумирањето на Англиската и Француската иднустрија за електроника било примарно невозможноста за домашна производство со профит, а второ неуспехот за наоѓање на партнер за производство во странство, и секако не поради недостаток на барање. Англија и Франција во периодот од 1960 до 1980/85 буквално пробале да отстварат партнерски односи со скоро сите можни земји, од бивши колонии како Канада, Австралија преку нови производствени гиганти како Јужна Кореја и Јапонија па се до буквално "непријателски земји" како Источна Германија и Советскиот Сојуз.
Па неуспехот за масовно производство, целиот развоен процес кај нив има прекинатo, бил искупен во средината на осумдесетите и деведесетите од Американците и се било затворено. Денеска немаат ништо.
Замена за Кина нема, мислам да ги сметаш Пакистан и Бангладеш за замена за Кина е во најмала рака смешно они може да шијат маици али да организираат индустриски капацитети и логистика за масивно производство е невозможно, Индија никогаш нема да биде замена во блиска иднина за Кина зошто има културни и општествени проблеми кои не можат да бидат решени без длабоки/длабоки резови кои е невозможно да бидат направени од нивната политичка структура ниту пак во нивната ситуација.
Чисто да ти ги илустрирам:
Прегледај го приврзокот 381495
Ова не е резултат на немањето желба да се инвестира во Индија, туку дека Индија има реални проблеми поради кои не може да се направи истото. Индија како прво ја нема воопшто тешката индустрија и инфраструктурата за можат воопшто да почнат да размислуваат големите корпорации да почнат да влегуваат. Дека они секако не планираат да го градат целиот производствен синџир од почеток до крај. Они сакаат да направат тенолошки трансфер и ти да почнеш да им штанцаш масовно продукти кои они ќе ги продаваат со профит во нивните домашни пазари.
Замена за Кина во производствен смисол во моментов нема во ниту еден случај.
Ајде да се свртиме кон технолошко развојниот дел:
Да ги споредиме бројот на барања за патенти и бројот на образована работна сила која влегува секоја година во економијата:
Прегледај го приврзокот 381492
Прегледај го приврзокот 381493
Бројките мислам дека се и повеќе од јасни.