Демек не дадовме 120 милиони за играчиште како Енцо во јануари, кој секако ќе завршеше во Реал или Премиер Лига доколку не исфорсиравме.
Ги критикувам и јас новиве газди, знаеш, ама не е толку трагично во таа смисла. Ајде Рајс, во ред, но Каиседо всушност има една сезона позади себе и 21 година. Тоа што во иднина би бил играч ипол, друго е. Во моментов и тој е недефиниран играч, разбирливо.
Иако се согласувам дека треба ол ин да тргнаг по него. Во спротивно, откажувањето од Угарте ќе биде смешно. Е сега, има и други фудбалери за таа позиција, не е само Каиседо. Долго е летово.
Инаку, не верувам дека Арсенал ќе ги ангажира и Рајс и Каиседо. Не Арсенал, туку не ми е верно било кој во лигава наеднаш да ги собере двајцава. Но, ако случајно се случи, тогаш тоа ќе биде премија за нив. Фантастични засилувања кои ќе ги направат конкуренти за титула и идната сезона. Рајс, Каиседо, Одегард, пих. Во одбрана тогаш можат и Мертезакер да го вратат, ќе нема зима.