Здраво, сакам да прашам дали има некој искуство со Western Union Money Transfer, за да ми разјасни неколку работи?
Треба да примам сума од нешто повеќе од 1,000 евра од пријател од странство. Значи не терам бизнис, не планирам редовно да земам пари преку WU, само еден трансфер, да ми се префрлат пари кои не се од работен однос.
Сега, со оглед дека ова не е хонорар, претпоставувам дека овие пари не треба да се пријавуваат и даночат.
Прашав во УЈП, ми рекоа дека се над 500 евра се даночи како подарок и оди кај град Скопје. Прашав во Град Скопје, ми рекоа брзи трансфери на пари не се даночат воопшто. Прашав во три банки што работата со WU, две ми рекоа дека брзи трансфери на пари не се даночат, а од Комерцијална се оградија и ми рекоа да си ги прашам УЈП. Пишав уште мејлови на УЈП, ама они сега ме игнорираат.
Зборев со неколку луѓе што имале искуства со брзи трансфери на пари, сите различни сценарија ми кажуваат. Едни зборат дека не се даночат тие пари, колку сакаш можеш да примаш, УЈП нема увид во тоа зошто никаде не се заведува матичен број, иако даваш лична карта/пасош на WU локацијата за идентификација. Други ми рекоа над 500 евра има некоја процедура кај што формулари треба да поплнуваш, ама некои ми кажаа дека немале такво искуство.
Разговарав и со еден дечко што работел во банка до 2018 и имал диркетно искуство со овие трансфери. Он ми кажа дека нема даночење, УЈП нема увид зошто само името ти е наведено во трансферот, он додека работел во банка, странци што живееле во Македонија секоја недела доаѓале во неговата банка и подигале по 700, 800 евра, без проблем, истите фаци.
Сега, во 2018 читав дека владава имала некои обиди УЈП да има увид во овие трансфери, дури и да ги даночи како пероснален. Ама, мислам дека ова последново не поминало, иако има некои постови на групи од дијаспорава што тврдат дека е така. Исто така, не сум сигурен дека поминало и тоа УЈП да добива месечни извештаии од WU субагенти за сите нивни трансакции.
Пробав да прашам во некои други иституции, ама сите се оградуваат и викаат прашај си во УЈП, а од УЈП избегнуваат да дадат директен одговор.
Со оглед дека толку контрадикторни информации чув, да прашам и тука да не имал некој искуство, за да сподели се што знае за овие трансфери. Не сакам да ми се префрлат парите и после УЈП да ме изненади и да тврди дека затајувам данок. Ве молам не ми предлагајте друг метод на трансфер, само за Western Union ме интересира.
Ако некој знае нешто, би сакал да чујам инфо плус на оваа тема. Фала.