Да, така е, хаос е на секое поле, секоја институција, но...да напуштиш држава не е баш совет за купување стан. Да се полни буџето со легализација на нешто нелегално е легализација на криминал. Истиот се казнува со затвор според КЗ. Комуналиите Скопје се од 80-90 евра за м2 нагоре. Да платиш за 100 м2 минимум 10000 евра и 100 евра за пошто зашто за буџет, не е исто. Проблемот лежи во општините и нивната неекипираност или коруптивност.
Да се качува цена на одржување е исто глупост ако знаеме дека реално станарите имаат проблем со фирмите за домување, а постојат само десетина инспектори за домување. Дури има случај каде на пријава на општинскиот инспектор,
повратно ништо не е добиено. најново нешто беше со управителот и една од зградите Џевахир.
Така да, пред да се зголемува цена, треба други нешта да се регулираат во комисиите, инспекциите и фирмите за домување. Кои пак служат за квалитетен живот на граѓаните.
Но, ова е друга проблематика.