Абе не сите што живеат во Скопје, можат да си дозволат или па сакаат да се отселат во странство. Ти еве кај живееш да купиме евтин стан комшии да бидеме со тебе?
Дека е лошо, се согласувам, ама некој не може подобро во моментов. Мене во Скопје моментално ми е подобро од некој што живее во Германија, па не му викам да се врати. Ако осетам дека мојот живот е загрозен на било каков начин, ќе си барам чаре на друго место.
За државава, Скопје е најдоброто место за живеење, и за слободни активности, и за кариера/образование.
Скоро секој друг град освен Скопје (освен западна кај браќата), кога правиме муабет за Македонија.
Иначе не постои само Германија во Европскиов континент, немој да имаш толку типично и тесно видно поле кон светов.
Јазик да знаеш и да си технички спремен во некоја област, малку да се потрудиш можиш да мигрираш во земји каде животниот стандард е ДАЛЕКУ, кхмм.... ДАЛЕКУ подобар од оваа вуќојебина.
Добри примери се Данска, Финска, Норвешка, Холандија, Португалија, Шведска, Канада (малку не сум за Шведкса бидеќи има многу арапи и невоспитани луѓе доселени од истоко, ама сепак далеку подобро).
Имаш високо квалитетно здраствено осигурување/здраство, навистина развиен едукативен систем ценет насекаде во светот (Данска и Финска мислам дека им плаќа на студентите по 1000-1500 евра месечно за да одат на факултет, факултетот е бесплатен), неможеш да останеш без работа буквално имаш институција слична како завод на вработување како кај нас, се пријавуваш дека си без работа и доколку си стручен можиш да налеташ на многу добра работа, а во секој случај најдуваш работа. Луѓето се културни, едуцирани и ретко ќе начекаш сељачизам кој е присутен кај нас.
Никој со никој не се споредува и не си го мери ку*рот дали му е поголем, кој зимал поголема плата, што кола возел итн... Каков си таков си, доколку си океј со луѓето ќе те прифатат каков што си а и ти нив. МЕНТАЛИТЕТ значи, неможам да опишам само во колку причини е подобро.
Секој можи да најди начин да се отсели и да си го подобри животот. Какви рт'ки познавам па заминаа и си го подобриа животот, кој Австрија, Англија, Данска, Германија итн..
Никаде не е лесно, ама некаде е подобро отколку овде. Да им беше полошо таму отколку овде, ќе се вратеа.
Биди ми поздравен
