Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Град се споредува со град, тоа е така, но и во градовите цената се диктира од понуда и побарувачка, па според се што гледам не гледам дека у Скопје има толку голема побарувачка колку понуда па цените се до небо уште и уште се гради. Е сеа тоа што не споредуваме од град до град е колку Скопје има урбана мафија у споредба со други градови, урбана мафија што пере пари и вештачки држи високи цени и стапка на гастарбајтери патриоти што станови држат ко викендици па и они држат цени. Не може никој жив да ме убеди дека човек со просечната плата на Скопје може да си приушти стан, збориме она, пролетер, радничка класа, не со продаден имот, нива, штедња од 3 колена за учество итн. а ако тие луѓе не треба да ја кројат сликата на понуда наспоред побарувачка, кој треба?
Во кој главен град во светот пролетер и радничка класа може да си дозволи стан?

Проблемот на Скопје е што нема во Македонија висок данок на наследство, па еден куп имот на централни локации е заглавен кај луѓе што не можат ни да го искречат.
 
Абе не сите што живеат во Скопје, можат да си дозволат или па сакаат да се отселат во странство. Ти еве кај живееш да купиме евтин стан комшии да бидеме со тебе?

Дека е лошо, се согласувам, ама некој не може подобро во моментов. Мене во Скопје моментално ми е подобро од некој што живее во Германија, па не му викам да се врати. Ако осетам дека мојот живот е загрозен на било каков начин, ќе си барам чаре на друго место.

За државава, Скопје е најдоброто место за живеење, и за слободни активности, и за кариера/образование.

Скоро секој друг град освен Скопје (освен западна кај браќата), кога правиме муабет за Македонија.

Иначе не постои само Германија во Европскиов континент, немој да имаш толку типично и тесно видно поле кон светов.

Јазик да знаеш и да си технички спремен во некоја област, малку да се потрудиш можиш да мигрираш во земји каде животниот стандард е ДАЛЕКУ, кхмм.... ДАЛЕКУ подобар од оваа вуќојебина.

Добри примери се Данска, Финска, Норвешка, Холандија, Португалија, Шведска, Канада (малку не сум за Шведкса бидеќи има многу арапи и невоспитани луѓе доселени од истоко, ама сепак далеку подобро).

Имаш високо квалитетно здраствено осигурување/здраство, навистина развиен едукативен систем ценет насекаде во светот (Данска и Финска мислам дека им плаќа на студентите по 1000-1500 евра месечно за да одат на факултет, факултетот е бесплатен), неможеш да останеш без работа буквално имаш институција слична како завод на вработување како кај нас, се пријавуваш дека си без работа и доколку си стручен можиш да налеташ на многу добра работа, а во секој случај најдуваш работа. Луѓето се културни, едуцирани и ретко ќе начекаш сељачизам кој е присутен кај нас.

Никој со никој не се споредува и не си го мери ку*рот дали му е поголем, кој зимал поголема плата, што кола возел итн... Каков си таков си, доколку си океј со луѓето ќе те прифатат каков што си а и ти нив. МЕНТАЛИТЕТ значи, неможам да опишам само во колку причини е подобро.

Секој можи да најди начин да се отсели и да си го подобри животот. Какви рт'ки познавам па заминаа и си го подобриа животот, кој Австрија, Англија, Данска, Германија итн..

Никаде не е лесно, ама некаде е подобро отколку овде. Да им беше полошо таму отколку овде, ќе се вратеа.

Биди ми поздравен :D
 
Скопје е главен град и понатаму ке бидит атрактивен за купувачи на станови.Нека донесат одлука дека за следните 2 год немат да се издаваат дозволи за градба поради х причини ке видите дека на атрактивните места цените ке достигнат и до 3000 евра м2. После пристапувањето на МКД во Еу ке тријат раце тие што имаат стан на добра локација во Скопје.
 
Цените на квадрат во Скопје иницијално ја дигна одлуката да се замрзнат сите ДУПови во централни општини што траеше три години. После тоа, ковид инфлацијата ги дигна цените уште повисоко. Ама повторно, од сите слични градови во регионот, само Приштина е поефтина.

Што значи, дека ако пак се изглупираат со забрани за градење, може цените да отидат нагоре. Само мислам дека веќе општините си ја научија лекцијата и нема да се глупираат.
 
Иначе не постои само Германија во Европскиов континент, немој да имаш толку типично и тесно видно поле кон светов.

Добри примери се Данска, Финска, Норвешка, Холандија, Португалија, Шведска, Канада (малку не сум за Шведкса бидеќи има многу арапи и невоспитани луѓе доселени од истоко, ама сепак далеку подобро).
Данска - хитлер бил националист ама браќава го надминуваат во секој поглед буквално во секој
Буквално познавам луѓе кои се родени таму, живеат таму 30+ години и неможат да земат државјанство како пример
Норвешка - исто не се баш наклонети кон странци ама се многу подобри од Данска
Холандија - ништо поразлични од овие граѓанин од втор ред ќе си засекогаш, исто ко Македонец у Македонија само далеку од дома ќе си
Португалија - бе леб за јадење немаат го смести у исти кош со Скандинавија и Канада, Шутка за овие е Њу Јорк, да речеше Шпанија да те разберам зашто барем им пркнаа некои сектори ама Португалија дефинитивно не
Шведска (од таму го пишувам постов) - точно е дека е преполна со Арапи и Сомалијци, криминалот е дојден највисок у ЕУ буквално контрола немаат на ништо. Ама па се додека таквите глупости им се дешаваат во одредени гето населби каде нормален човек секако не иде не се замарам (ова веројатно се должи на тоа што се најлиберални од скандинаввите)
Финска - брат финците не сакаат да живеат таму а не па друг да иде. Ако ти се мрзне стави климата зимно време на ладење што ќе идеш до кај овие :)
 
Nekoj spomna pogore prishtina. Pa i Prishtina i Tirana i Nish imaat poskapi stanovi od Skopje, sto e zalosno.
 
Тоа е право на избор. Јас никогаш не би избрал да живеам таму, уште помалку би сакал да садам овошје или зеленчук. Ако земам да градам и во Скопје нема да ме фати 1800 од квадрат.

Затоа не се споредуваат баби и жаби. Град се споредува со друг град, приградска населба се споредува со друга приградска населба, село се споредува со село.
Оној кој има толку пари има и автомобил.Оној кој има автомобил секое место му е на дофат за многу кратко време.Исто како во град да живее само на многу помирно место.

Местово кое го спомнав е во прогрес последниве десетина години.Еден куп судии,инспектори,бизнисмени,луѓе што работат во странство се преселија таму.
Споредбата повеќе беше во смисол,зошто да се пикаш во тоа канцерогената бара наречена Скопје за толку големи пари за неквалитетен стан кога имаш еден куп подобри места во државава.
Ама да,релативно е тоа.
Автоматски споено мислење:

Parno ima? Kanalizacija? Bulevari? Struja, voda? Skoli, gradinki, ulicno osvetluvanje, bolnici?
Канализација,струја и вода има.
Булевари за кој кур ти се?
Болницата во Велес ти е на само 7-8 минути пат со автомобил.Школо исто.

Оние паметните се повеќе бегаат од град на некое помирно и почисто место.Сега огромен дел од народот имаат автомобили,секој град им е на дофат за кратко време.
 
Последно уредено:
Како да не имало канализација ...струја и вода има, ама 4-5 дена во неделата
 
Како да не имало канализација ...струја и вода има, ама 4-5 дена во неделата
Улав ме правиш или ти самиот себе се правиш ненормален?
Ние таму имаме викендица,многу добро знам како функционира населбата.
Автоматски споено мислење:

Данска - хитлер бил националист ама браќава го надминуваат во секој поглед буквално во секој
Буквално познавам луѓе кои се родени таму, живеат таму 30+ години и неможат да земат државјанство како пример
Норвешка - исто не се баш наклонети кон странци ама се многу подобри од Данска
Холандија - ништо поразлични од овие граѓанин од втор ред ќе си засекогаш, исто ко Македонец у Македонија само далеку од дома ќе си
Португалија - бе леб за јадење немаат го смести у исти кош со Скандинавија и Канада, Шутка за овие е Њу Јорк, да речеше Шпанија да те разберам зашто барем им пркнаа некои сектори ама Португалија дефинитивно не
Шведска (од таму го пишувам постов) - точно е дека е преполна со Арапи и Сомалијци, криминалот е дојден највисок у ЕУ буквално контрола немаат на ништо. Ама па се додека таквите глупости им се дешаваат во одредени гето населби каде нормален човек секако не иде не се замарам (ова веројатно се должи на тоа што се најлиберални од скандинаввите)
Финска - брат финците не сакаат да живеат таму а не па друг да иде. Ако ти се мрзне стави климата зимно време на ладење што ќе идеш до кај овие :)
Во секоја земја има работи кои не се добри,ама Македонија буквално потфрли во секој сегмент.
Ние не можеме ни одблиску да се споредуваме со земјиве на кои им наоѓаш маана.
 
Последно уредено:
Факт е дека становите во Скопје се прескапи во однос на квалитетот. Ако е новоградба, звучна изолација нема никаква, ги слушаш комшиите како разговараат - не мора да се дерат за да ги чуеш, евтини ПВЦ прозори и врати кои се расипуваат уште во првите месеци од вселување, мувла се појавува на ѕидовите од несоодветна изолација која не овозможува поминување на влагата од внатрешна во надворешна средина. Ако е стара градба тогаш мириса на умрени внатре, скапано и старо е, мораш да вложиш уште минимум 10к евра да реновираш покрај ОГРОМНАТА СУМА што си ја дал да го купиш станот, влезот во зградата е оној истиот во кој се сликал тито кога го посетил скопје после земјотресот, ништо не е сменето, смрди корне на мувла и на старо и дотраено.
 
Во секоја земја има работи кои не се добри,ама Македонија буквално потфрли во секој сегмент.
Ние не можеме ни одблиску да се споредуваме со земјиве на кои им наоѓаш маана.
Друже да беше МКД. Добар земја јас немаше да си заминам. Како човек од кои работи во ИТ секторот буквално немам никаква финансиска корист што се вика споредено со тоа какви се платите во моментов во мкд. Ама од друга страна не заминав за пари туку за мирот.

како што напишав и погоре и Шведска каде што живеам во моментов има проблеми ама не ме засегаат премногу зашто тие глупости ги прават во нивните гето населби.
Коментарите за другите земји ми се на основа на времето кое сум го поминал таму или искуства на познаници.
Пример од Португалија имам 15тина колеги, Шпанци исто, Данска и Норвешка ги таргетирав и јас за селење плус искуства на луѓе што ги познавам.
Холандија ја гледав како опција плус девојка ми има 2 години таму живеено
Ок за Финска бев благ кога кажав дека со клима зимно време исто ќе ти е, поладно е таму

не е мкд сјајна ама ни тревата не е толку позелена на другиве места посебно не на почетокот кога ќе се преселиш.
Али доста на оваа тема сепак е за станови у ск
 
Данска - хитлер бил националист ама браќава го надминуваат во секој поглед буквално во секој
Буквално познавам луѓе кои се родени таму, живеат таму 30+ години и неможат да земат државјанство како пример
Норвешка - исто не се баш наклонети кон странци ама се многу подобри од Данска
Холандија - ништо поразлични од овие граѓанин од втор ред ќе си засекогаш, исто ко Македонец у Македонија само далеку од дома ќе си
Португалија - бе леб за јадење немаат го смести у исти кош со Скандинавија и Канада, Шутка за овие е Њу Јорк, да речеше Шпанија да те разберам зашто барем им пркнаа некои сектори ама Португалија дефинитивно не
Шведска (од таму го пишувам постов) - точно е дека е преполна со Арапи и Сомалијци, криминалот е дојден највисок у ЕУ буквално контрола немаат на ништо. Ама па се додека таквите глупости им се дешаваат во одредени гето населби каде нормален човек секако не иде не се замарам (ова веројатно се должи на тоа што се најлиберални од скандинаввите)
Финска - брат финците не сакаат да живеат таму а не па друг да иде. Ако ти се мрзне стави климата зимно време на ладење што ќе идеш до кај овие :)

Да, совршениот твој "wonderland" не постои никаде, али скоро во секој аспект 99% земјиве ја надминуваат МК.
 
Пола и повеќе што се контраат на темава имаат земено станови за 1600-1700 за м2 и само пробуваат да се оправдаат дека тоа е океј и да се чуствуваат подобро, а длабоко во себе знаат дека се вгз' ебени и парите се даени на некое богато братче Ибраим и ќе мораат да црнчат и веројатно ќе остарат дур не ги отплатат тие пари.

Башка тоа плаќаат европски цени на секое излегување у град со Македонска плата.

300-350~ евра рата за стан (доколку имаат земени станбен кредит од 80000, веројатно ќе вратат 15000-20000 евра во камата само)
250-300 евра за сметки и јадење
100-150~ нафта

На страна многу тешко дека ќе тргнеш некој динар.

Али да, сепак Скопје си и треба да чуствуваш гордо бидеќи нема да продишиш чист воздух, губиш голем дел од времето да стасаш од точка X до точка Y, оти нели живееш у "метропола", кога излегуваш да јадеш надвор плаќаш иста цена како и во други Европски земји освен што не земаш Европска плата, можиш да комуницираш со комшијата комотно бидеќи зградите се направени од најефтин материјал и слушаш додека Столе ја ебава жена му, неможеш ни музика малку погласна да пуштиш оти нели си платил премиум цена за мизерен квалитет (битно си Скопје) без да добиеш поплака.

Life is good :D

Не сфаќам што е муабетов. Дека цените се високи? Да, апсолутно. Мене како купец ако ме прашуваш ја би плаќал 100 евра квадрат и една канта сирење за гаражата. Ама мене никој не ме прашува и пазарот ја креира цената, а таа е таква каква што е.

Фактот е дека станови на добри локации за тие цени се продаваат како локуми. Сега може до задутре да квичиме и плачеме ама тоа е реалноста тука.
 
Темава треба да се земе за анализиза за магистерска за психологија. 112 страни на тема со наслов станови во Скопје - совет за купување, и читаш луѓе што се иселени објаснуваат како треба да идеме во Норвешка да живееме. Има милион луѓе во државата што ги заболе кур за Норвешка. Сакаат да живеат, стареат, умрат тука, со своите роднини и пријатели во блиска околина. Не секој тука е програмер со аутизам.

Е сеа тие луѓе, логично и треба да живеат негде. Значи не Финска, не Норвешка, не Пефкохори или некое шпанско село, него тука. И во Македонија полунормални услови за живот имаш во обрач од 5км окулу центар на Скопје и guess what, таму се високи цените. Прилично едноставен пазарен концепт.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom