Радиодифузна такса!

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
фми, што збориш бе- па и вие исто плаќате - за државна ТВ, ај не го лажи народов овде- ко да незнаеме што се случува во БГ- плус кажи си колку ве чини месечната такса за кабелската телевизија

а ова со плаќањево заостанати радиодифузни такси е чиста пљачка - пошто-зашто сакаат да ја оправат оддамна пропаднатата телевизија- а најлесен начин е тапшај го по рамо и УДРИ го по џебот народот- :nesvest:
Чудам се зашто ти лажеш ....
1 цент не се плакja. Државната телевизиja и државното радио се субсидират директно от владата-буджета. Кабеларската е друга работа,ако сакам можам и без кабеларска и ке имам 3-5 програми-наполно безплатно,кабеларка - средно 7-10 евро и имаш средно 120 програми(во зависност ком коj оператор си).
Ништо не е задолжително, ако немаш пари ке си глеадаш 3-5 програми и нема да плакjaш и цент.Това е.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Чудам се зашто ти лажеш ....
1 цент не се плакja. Државната телевизиja и државното радио се субсидират директно от владата-буджета. Кабеларската е друга работа,ако сакам можам и без кабеларска и ке имам 3-5 програми-наполно безплатно,кабеларка - средно 7-10 евро и имаш средно 120 програми(во зависност ком коj оператор си).
Ништо не е задолжително, ако немаш пари ке си глеадаш 3-5 програми и нема да плакjaш и цент.Това е.
прво и основно- повлечи си го зборот- Лажеш е премногу обвинувачки- и не ти е на место.
не можеш некому да кажеш лажеш -само затоа што се разликува од твоето мислење- откако ќе го сториш тоа овде ЈАВНО- ќе можеме да дискутираме и да ти приложам и докази - дека сепак сум ЈАС во право- (бугаринот плаќа на БТВ) а ти тврди го обратното
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
прво и основно- повлечи си го зборот- Лажеш е премногу обвинувачки- и не ти е на место.
не можеш некому да кажеш лажеш -само затоа што се разликува од твоето мислење- откако ќе го сториш тоа овде ЈАВНО- ќе можеме да дискутираме и да ти приложам и докази - дека сепак сум ЈАС во право- (бугаринот плаќа на БТВ) а ти тврди го обратното
Моjте почитуваниja,но не само jaс зборувам за лажане види си поста поназад. Дали ти знаеш подобро от мен за таксите во БГ? Jaс не претендирам да знам за македонските такси,но ти очигледно претендираш да знаеш нашите.
БТВ не е државна телевизиja. Во БГ има само една државна и това е БНТ. Ти мешиш БНТ со БТВ. Нито един цент преко не се плакja ни на БНР ни на БНТ. Целиот буджет и за радио и за телевизиja ком државната телевизиja и ком државното радио се плакja от државниот буджет и немаш таква такса за радиодифузиja.
Кабеларката е друго нешто.Ако сакам може да немам кабеларка и пак со обична антена ке си гледам државната телевизиja и нема да плакjaм ни един цент за това.
 

TE-EN

кибицер
Член од
18 септември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
5
:nesvest:ајде де не се карајте,дајте да предлагаме решенија за проблемиве со сметките :tv: мене лично еднаш ми ја блокираја сметката од фирмата за 5 сметки,и со извршно решение си платив 7400денари,сега ми стигна сметка на адреса каде што живеев пред 10 години да платам сметка од МТВ,на таа адреса живеат други лујѓе кои уредно пензионерски си ги плаќаат сметките,и сега јас треба да докажам дека не живеам таму и ред други административни процедури да поминам,бидеќи ќе ме дадат на извршител,значи во еден стан две сметки и тоа на лице што десет години не живее тука,бев во УЈП кај нас да прашам како треба за ова да се запри и ми рекоја еве тука на стаклото види прочитај и испрати го барањето до Скопје дирекција,а јас немам време за такви глупости бидејќи сум приватник и сега треба да се занимавам да докажувам дека се хоштаплери и лопови со изим на државата,дали има крај на ова збирање арач од џебот на народот,еден куп извршители работат во организирана мафијашка структура,ај кажете ми сега вие како да ја одпочнам постапката за да не ми иде сметка повејќе,бидејќи на таа адрса не живеам повеќе од 10 години,таму сега си живеат други лујѓе и си плајќаат такса
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
^ Идеше известување на МТВ да се оди кај нив ако има некакви проблеми со адресата, што значи ќе мораш да изгубиш малце време со нив, јебига
 

TE-EN

кибицер
Член од
18 септември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
5
:tv::tapp: сега контактирав телефонски директно во оделот за РДТ и со лесно поминав,по фах треба да му ги пуштам личната карта и сметката од струја и сметката од МТВ,и ќе го избришат тоа да не ми идат повеќе сметки,бидеќи видоа дека на таа адреса веќе некој плаќа сметка :salut:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Плаќате ли РДТ ? Чисто онака ме занима, ми се чини ко само ја да плаќам, црна овца у стадо :tv:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Постојат земји во кои финансирањето на јавниот радиодифузен сервис се врши директно од државната каса, од буџетот, но тоа не е решение, зашто отвара простор за инструментализација на медиумот и негово користење во политички цели на самата власт. Во таквите случаи, од тоа како ќе известува државната телевизија за власта, може да зависи и тоа колку ќе се одврзе ќесето од самиот државен буџет. Најдобро решение за финансирање на МРТВ е плаќање преку радиодифузна такса, од секој граѓанин.

Ова сето е by the book. Во нашата практика, МРТВ никогаш не се ослободил од канџите на власта и веќе дваесетта година изигрува нејзина марионета. Независно од тоа која партија е на власт, МРТВ секогаш е на нејзина страна. Особено последниве години, во мандатот на ВМРО - ДПМНЕ, кога финансирањето се врши и со владините реклами и кампањи. Тоа е легално мито.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Плаќате ли РДТ ? Чисто онака ме занима, ми се чини ко само ја да плаќам, црна овца у стадо :tv:
Јас да. Две црни овци :) ама кога е преку ујп се мора...две пакла цигари.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Дали и куќните совети мора да плаќаат радиодифузна такса? Нели збореа нешто грешка дека било тоа, требало-не требало, знае некој сигурно како треба да се постапи?
Многу ме интересира зошто воопшто стига радиодифузна такса за куќниот совет, дали за да може фино да си извадиме по еден телевизор во влез на секој спрат и да си гледаме МТВ1, или собраниски канал да пуштиме да ечи за пензионерите во зграда. :tapp:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не се секирај Цитро јас плаќам 4 такси за МТВ.
Мора да има правно решение да не ја финансираме оваа глупост за рекламирање на власта. Само нема кој да мисли.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.634
Поени од реакции
34.028
Kaко бе на ликвидирана фирма уште стига сметки еве за секој месец?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И на мртовци праќаат,а не па на ликвидирана фирма :)
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Дали и куќните совети мора да плаќаат радиодифузна такса? Нели збореа нешто грешка дека било тоа, требало-не требало, знае некој сигурно како треба да се постапи?
Многу ме интересира зошто воопшто стига радиодифузна такса за куќниот совет, дали за да може фино да си извадиме по еден телевизор во влез на секој спрат и да си гледаме МТВ1, или собраниски канал да пуштиме да ечи за пензионерите во зграда. :tapp:
Според Законот за радиодифузна дејност, треба и куќните совети (по ново заедница на сопственици) да плаќаат, бидејќи се регистрирани како правни лица, ама бидејќи предизвика реакции, при толкувањето од советот кажаа дека се изземени куќните совети од плаќање, што значи не треба да плаќаат (конечно победа :icon_lol: )
Плаќате ли РДТ ? Чисто онака ме занима, ми се чини ко само ја да плаќам, црна овца у стадо :tv:
Не си само ти, мислам дека многу почнаа да плаќаат, меѓу нив и јас, само пази ги овие од УЈП, ми стигнува сметка на 18ти, а пишува краен рок за плаќање 15ти :zid: после тоа засметуваат камата, идиотска работа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom