Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    758
Абе они би сакале да е така, ама прво треба да се помине Часов Јар.
И за Бахмут беше прво вака муабетот. Ваљда и Хитлер пред 80 год си рекол чим јас за неколку месеца стигнав до Москва и Ст. Петербург а тие 2 години не можат да ги вратат под целосна контрола, нема шанси да ми дојдат до Рајхстагот.
 
Како да изгубиш 6 леопарди, преку 20 Бредли транспортери и огромен број друга скапо платена западна техника за освојување на едно село, две штали и три полски нужници.
А автобуската постројка во селото ја заборави :icon_mrgr:
 
Не ми е јасно ,значи не ми е јасно како може толку
Не верувам дека ќе ја добијат војнава зошто сепак имаат ограничување во луѓе. Друга работа, мотивацијата ја има и кај дел од народот ама се помалце, еден куп видеа има со присилни мобилизирања. Кога зборам јас за мотивација, пред се подразбирам мотивација кај тие што ја водат државата, дека се спремни на се,, па дури и да уништат гасовод, цевковод за амонијак, ниту браната не е исклучено да е нивно масло, работи кои имаат капацитет да предизвикаат еколошка, хуманитарна катастрофа. Ако се сеќаваш, еден куп техника, од оклопи, артилерија, ПВО им беа стававани во урбани средини, на 10-20 метри од згради и од тука ги користеа, знаејќи дека ако Русија ги нападне неизбежно е да има цивилни жртви. Баш читав за ПВО системите дека никој не ги става во населено место, се ставаат надвор, каде нема ризик да предизвикаат огромни загуби ако бидат погодени. Они свесно ги ставаа во ризик цивилите.
Она што перфектно го направија е да го донесат народот во позиција де ни помисли да се побуни. Буквално секој кој ќе искаже критика против Украина е уапсен. Сите многу лесно го заборавија сличајот со тој преговарачот уште на почетокот. Човекот беше стрелан поради наводна соработка со русите, без судење без ништо што може да се нарече демократска вредност. Тоа беше направено за да служи за пример дека секој кој би помисли поразлично од Зеленски и власта ќе помине така. Ако некој кој е на висока функција завршува така, што останува за обичниот народ.
Тоа дека ќе имаат постојан дотур на техника и муниција исто е дискутабилно. Мислам дека многу ќе зависи од успехот кои би го постигнале со офанзивава. Се повеќе народ се буни против неограниченото помагање на Украина.

Русија не може да си дозволи да излезе ко губитник од војнава по ниедна цена, така да ако ептен дојде ситуацијата што се вика до нож на грклан, би користеле и нуклеарки. Колку и да имаат грешки, лоши потези, изгубени територии како Харков, Херсон и слично, обидите горе кај Киев лани, кои реално делуваат како промашај, по претпаставка дека целта им била Киев, не може да се занемари фактот дека русите гледаат максимално да ги штедат војниците, па затоа имавме ситуации предходно дур не беа утврдени, каде штом осетеа поголем притисок се повлекуваа, па пак завземаа позиции, па пак ги губеа. Русија влезе со некоја бројка од 120000 војници, 60000 од Доњецк и Луганск, 300000 мобилизирани и некои 7-80000 Вагнеровци(некоја таква бројка мисла беа овие). Некоја округла бројка од 550000-600000 војска на територија на Украина. Украина имаше некаде 500000 војска, 900000 до 10000000 регртирани, плус некоја бројка од 70000-100000 од надвор. Грубо некаде од 1500000-1600000 војска. Сооднос скоро 1 према 3 во корист на Укрсина. Е сега претпоставувам тоа е причината што Украина се решила на тактика каде би жртвувала повеќе војска како би дошла до успех.

Што се однесува до контрсофанзивава. И мене ми делува дека не е сеуште фул почната. Негде видов дека трупите што сега ги користеле биле од Националната одбрана(мискам така се викаа) и дека и немале искуство баш у војнава, дека поминале обука само. Не знам колку е тоа вистина. Тоа било и причината што не делувале толку организирано и искусно кога ќе дојдат на прва линија на фронт. Претпоставувам дека она што им е најспремно и најдобро го чуваат за главниот удар, бар така би било логично. Е сега колку би била успешна е прашање без сериозна поддршка од воздух. По една анализа што ја гледав, демек русиве имале 6 зони на одбрана спремни, доста сериозно. За сега украинциве ко што видов не можат да дојдат ни до утврдувањата во првата зона. Имаше инфо дека пробуваат да ги уништат рутите во позадина по кои им стига опрема, муниција, се што им е потребно на русите. Ако тоа успеат да го направат, ќе можат и полесно да напаѓаат, со што би ги принудиле русите на повлекување. Такви беа анализите и претпоставките на видеата што ги гледав.
лугето си ја бранат земјата,да не беше диктатурата на Путин ниту еден русин немаше да појде да го напга КИев и да дојде до завземање или пад на украина,за неколку години пак ке има отпор и пак ке биде истерана руската власт или армија.
 
Не ми е јасно ,значи не ми е јасно како може толку

лугето си ја бранат земјата,да не беше диктатурата на Путин ниту еден русин немаше да појде да го напга КИев и да дојде до завземање или пад на украина,за неколку години пак ке има отпор и пак ке биде истерана руската власт или армија.
Значи веќе се помиривме со судбината дека Украина ќе ја изгуби оваа војна ама ќе имало отпор. Немој те молам :pos:
 
се гледа дека целата работа со браната беше една прљава тактика.
 
За сите оние Руски фанатици во Македонија кој болно се радуваат што Путин тргна со колони тенкови како во 45год
Украинците си ја бранат сопствената земја,сите мислеа дека ке паден за 48 часа но тоа не се случи,митот дека Русија е светска сила веруваат само мали деца,да нападнеш без план и концепција и да те ишамарат во Киев притоа имаат податоци,разознавање инфилтрирани служби уште од СССР,познавање на битни детали,воена техника ,мапи скици,логистика е срамота за светска сила.
Со тоа дека изгинале илјадници украинци говори фактот дека украинскиот народ во наредните 100 години нема да му прости на рускиот,така да денацификацијата на Путин е смешна и утре да го убијат Зеленски и падне власта во Киев сигурно дека нема на ружи да ги пречекаат русите.
 
За сите оние Руски фанатици во Македонија кој болно се радуваат што Путин тргна со колони тенкови како во 45год
Украинците си ја бранат сопствената земја,сите мислеа дека ке паден за 48 часа но тоа не се случи,митот дека Русија е светска сила веруваат само мали деца,да нападнеш без план и концепција и да те ишамарат во Киев притоа имаат податоци,разознавање инфилтрирани служби уште од СССР,познавање на битни детали,воена техника ,мапи скици,логистика е срамота за светска сила.
Со тоа дека изгинале илјадници украинци говори фактот дека украинскиот народ во наредните 100 години нема да му прости на рускиот,така да денацификацијата на Путин е смешна и утре да го убијат Зеленски и падне власта во Киев сигурно дека нема на ружи да ги пречекаат русите.
И Чеченците исто вака мислеа. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom